Пред натпреварот, дечињата од школата на Интер имаа можност да се поздрават со фудбалерите на Интер. После нив, тоа задоволство го имаа и фудбалерите на Наполи. Заморот од поздравувањето кај Наполитанците си го направи своето па тие уморни го започнаа натпреварот.
Во втората минута од натпреварот на chatot на
www.fcinter.com.mk се појави андерковер навивачот на Интер
Марли, што потврдено им носи среќа на Нероазурите, па во истата минута мрежата на противникот се затресе, откако тројца фудбалери на Интер останаа во петерецот на Наполи при изведување на корнер.
Нешто подоцна, Милито Il Principe излезе сам пред гостинскиот голман и принципиелно ја затресе мрежата. Додуша, Милито прерано втрча по топката и се најде во недозволена позиција, но помошникот судија мислеше дека гледа реприза од натпреварот со Парма и не го подигна знаменцето.
Лусио подоцна докажа дека причина за промашувањата со глава на натпреварот со Лацио била нерамната фризура: овој пат со мали корекции на фризурата ја удри топката како што треба и резултатот веќе беше 3-0 за Интер.
Во продолжение Ето подзаборави дека не е повеќе во Барселона па почна да игра многу „пети“. Ова како зараза ги префати и останатите фудбалери, и оние што знаат и оние што не знаат да ја удрат право, а не па со пета. Како резултат на филмот во кој влезе комплетната екипа, заборавија дека не се на тренинг туку имаат противник на теренот, па Лавеци на несакање доби топка осамен пред петерецот и го ублажи водството на Интер.
Во 45-тата минута Бурдисо постигна гол на натпреварот Палермо - Рома, што значи не е наша работа...
Пред судијата да отсвири крај на првото полувреме, Марли најави дека сеуште е тука и дека натпреварот сигурно завршува со победа на Интер. Неговиот андерковер изговор овојпат е дека го имал Интер на ливче. Да, сигурно...
Во меѓувреме, Мурињо успеа да ископа канал од паркингот до соблекувалната на Интер и да се најде таму на полувремето за да подели некој совет. Од доверливи извори дознаваме дека збеснал кога му кажале дека е 3-1, т.е. дека џабе копал.
Во 65 минута и Џилардињо постигна гол, за Фиорентина. Благодарение на Телма, друго и нема што да ви пренесеме за овој дел од натпреварот. Голот на Џилардињо важно, убав беше.
Во 67-мата минута Кварареља го подигна шутот, што би рекол Игор Трпевски, при што настрадаа неколку гулаби.
До крајот на натпреварот фудбалерите на Интер го направија она што секогаш го прават кога имаат високо водство а Марли го нема на chat-от: тотално ја отупеа играта, околу 5000 од поуморните гледачи на трибините си дремнаа а оние пред малите екрани го искористија времето да си пуштат некое филмче.
На теренот пак, Цезар си реши неколку крстозбори, за потешките му помагаа Самуел и Лусио.
Се на се, заслужена победа на Интер кој по поразот на Сампдорија ја презеде водечката позиција на табелата.
А сега, малку посериозна анализа:
Многу сме јаки!!!
Forza Inter!!!