Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.263
Поени од реакции
2.260
Овие денови барам и земам дрес од Маикон. Човекот е животно. Не застана цел натпревар, а пак какви само топки даваше(посебно оние до снајдер и ето во првото полувреме ги погоди во влакно:wink:). Човекот е звер и му нема рамен.

Едит: Кога сме веќе кај Маикон после онаа невоља кога му го однесоа коленото но тој стана , си го собра и продолжи да игра баш се замислив кој би играл на негово место доколку недај боже го соберат вонземјани во некое НЛО????
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Пред натпреварот, дечињата од школата на Интер имаа можност да се поздрават со фудбалерите на Интер. После нив, тоа задоволство го имаа и фудбалерите на Наполи. Заморот од поздравувањето кај Наполитанците си го направи своето па тие уморни го започнаа натпреварот.

Во втората минута од натпреварот на chatot на www.fcinter.com.mk се појави андерковер навивачот на Интер Марли, што потврдено им носи среќа на Нероазурите, па во истата минута мрежата на противникот се затресе, откако тројца фудбалери на Интер останаа во петерецот на Наполи при изведување на корнер.

Нешто подоцна, Милито Il Principe излезе сам пред гостинскиот голман и принципиелно ја затресе мрежата. Додуша, Милито прерано втрча по топката и се најде во недозволена позиција, но помошникот судија мислеше дека гледа реприза од натпреварот со Парма и не го подигна знаменцето.

Лусио подоцна докажа дека причина за промашувањата со глава на натпреварот со Лацио била нерамната фризура: овој пат со мали корекции на фризурата ја удри топката како што треба и резултатот веќе беше 3-0 за Интер.

Во продолжение Ето подзаборави дека не е повеќе во Барселона па почна да игра многу „пети“. Ова како зараза ги префати и останатите фудбалери, и оние што знаат и оние што не знаат да ја удрат право, а не па со пета. Како резултат на филмот во кој влезе комплетната екипа, заборавија дека не се на тренинг туку имаат противник на теренот, па Лавеци на несакање доби топка осамен пред петерецот и го ублажи водството на Интер.

Во 45-тата минута Бурдисо постигна гол на натпреварот Палермо - Рома, што значи не е наша работа...

Пред судијата да отсвири крај на првото полувреме, Марли најави дека сеуште е тука и дека натпреварот сигурно завршува со победа на Интер. Неговиот андерковер изговор овојпат е дека го имал Интер на ливче. Да, сигурно...

Во меѓувреме, Мурињо успеа да ископа канал од паркингот до соблекувалната на Интер и да се најде таму на полувремето за да подели некој совет. Од доверливи извори дознаваме дека збеснал кога му кажале дека е 3-1, т.е. дека џабе копал.

Во 65 минута и Џилардињо постигна гол, за Фиорентина. Благодарение на Телма, друго и нема што да ви пренесеме за овој дел од натпреварот. Голот на Џилардињо важно, убав беше.

Во 67-мата минута Кварареља го подигна шутот, што би рекол Игор Трпевски, при што настрадаа неколку гулаби.

До крајот на натпреварот фудбалерите на Интер го направија она што секогаш го прават кога имаат високо водство а Марли го нема на chat-от: тотално ја отупеа играта, околу 5000 од поуморните гледачи на трибините си дремнаа а оние пред малите екрани го искористија времето да си пуштат некое филмче.

На теренот пак, Цезар си реши неколку крстозбори, за потешките му помагаа Самуел и Лусио.

Се на се, заслужена победа на Интер кој по поразот на Сампдорија ја презеде водечката позиција на табелата.

А сега, малку посериозна анализа:

Многу сме јаки!!!

Forza Inter!!!
Ауууу најаката анализа што сум ја прочитал во мојот живот...:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 
Член од
21 јули 2009
Мислења
92
Поени од реакции
4
Честито победа само така да продолжат се покажаа одлични засилувањата поз и честито првенец на лусио поз и форза ИНТЕР
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.930
Поени од реакции
45.025
Нека ни е честито победата. Маикон животно, Милито непогрешлив и тоа е тоа. Се на се одличен меч кој беше решен уште у првото полувреме :)
Не одличен, феноменален, не од аспект на играта, од аспект на тоа како се одвиваше натпреварот, доколку Мурињо имаше можност да го бира начинот на победа, веднаш ке се одлучеше за овој, решавање на меч во прво полувреме .

Реков и пред некој ден, во мечот со Наполи Интер мора што побрзо да '' дојде до победата '', односно, да издејствува мирна завршница на мечот, според моја порценка, знаејки ги Наполи поради играчкиот кадар пред Се, се надевав на мирни последни 20 минути, но, добивме демант, мирни се на се 50 и кусур минути, период од третиот гол на Интер па се до последниот свиреж на судијата .

Зашто го говорам ова, и зашто сум презадоволен од овој натпревар, Наполи ако не се лажам имаа ден повеќе одмор од Интер зашто играа во Сабота плус немаа меч во текот на неделата дур се играа наптреварите од европските купови, Интер обратно, имаа тежок меч со најдобриот тим во Светот, Барса, имаа тежок меч со секогаш незгодниот за нив Каљари, и по три дена ги пречекуваат дома Наполи кои важат за тим кој ке атакува европски пласман оваа сезона односно топ 6 . Друга работа, Интер повторно по 3 дена има тежок меч во Џенова против Сампдорија, со што начинот на кој Интер победи, каде искористија само 60-70% од нивниот потенцијал е како порачан, повеќе 50 минути играа мирно и релаксирано без вложување на многу напор, нешто што апсолутно го оправдувам поради распоредот во наредните денови, Сабота Сампдорија гости, Вторник Рубин гости . :wink:

За Наполи нема многу што да се говори, сите шанси што ги имаа им беа од прекини, односно од мртва игра, што од една страна истово е супер показател за играта во одбраната во текот на мечот, од друга лош показател за функционирањето на одбраната при нафрлени топки од прекини, нешто на што треба да се поработи во иднина .
 

rider

Интераш
Член од
21 мај 2008
Мислења
158
Поени од реакции
3
Нека ни е честита победата да ни се множат и да продилжиме така и понатаму да ги решаваме утакмиците во првото полувреме, а второ полувреме да си играт како на тренинг шева:pos2::pos2: Задоволен од утакмицата уште да ми се исполни желбата Скули утре да направи хет-трик против ЈУБЕ:vozbud::vozbud:
PAZZA INTER AMALA!!!
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.930
Поени од реакции
45.025
Интересен момент денес беше по сигнализацијата на големиот екран дека Милан изгубиле, цел стадион почна да пее Non Si Vende Kaka, штета тој период судијата сигнализираше крај, па не успеавме до крај да го ислушаме хејтањето . :wink:
 

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Рутинско :)

Одиме на победа во Џенова.

Милито што е со тебе човеку?:vozbud: 5 гола на 5 утакмици:vozbud:
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Одличен старт на натпреварот (иако 2от гол од офсајд) и подоцна рутинирана завршница. Секогаш е добро кога на домашен терен рано ќе се отвори резултатот, бидејќи на гостинот не му се дава да игра повлечено катанаџо.

Викендов следува традиционално незгодно гостување кај Сампдорија каде задниве години постојано завршува нерешено, а потоа е и дуелот во Русија така што престои тешка недела.

Сепак се надевам на нови победи и кикс на Јуве утре во Џенова со што би се израмниле на табелата.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
не ми се веруваше дека само што свирна судијата,дадоа 2 гола !!!

-Додека се поздравуваа со дечињата-фудбалери,мене ми се приспа...и оп гледам после 5 минути 2-0...машала машала...само требаше да продолжат да го газат Наполи,не да се опуштат...

:inter:​
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.608
Прво и основно, че си зборувам на Прилепски.
Второ и понеосновно, нема шо да кажувам за играва.:toe:
Трето и трето, од досада си праев некој математики.
Пред да почни сезонава, мислам дека викав дека Милито+Ето е еднакво на ајдемити пеесеПЉУС гола, арно ама, од ко удрив на дигитрон,ми излегоја шеесе кома осум, од кој двајсдва кома осум че дај Ето, а триесосум че дај Милито. Е сеа,чисто сумњам дека Ето нема да го фати инает, и че дај попојчкем. Сума сумарум, да се попрам за то шо го кажаф пред сезона, Ето+Милито по мојве пресметки че да 102,8 гола сезонава.:smir:
Пиес
Крајно време е да се распуца Шнајдер:pipi:
Кис4е на сите, иам некое Туборг фазла попијано:smir:
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.930
Поени од реакции
45.025
не ми се веруваше дека само што свирна судијата,дадоа 2 гола !!!

-Додека се поздравуваа со дечињата-фудбалери,мене ми се приспа...и оп гледам после 5 минути 2-0...машала машала...само требаше да продолжат да го газат Наполи,не да се опуштат...
Објаснив погоре за опуштањето, реков, имајте го во предвид фактот дека Интер за 3 дена повторно гостува и тоа во Џенова со Сампдорија каде последни 2 години немаат победа, па за 3 дена од тој меч повторно незгодно гостување и битен меч со Рубин .

Од Неделата, до овој нареден Вторник, односно во 9 дена, Интер има се на се 4 натпревари со размак на истите од 3 дена, односно натпревар, два дена за тренинг, натпревар . И вие по такво водство сакате уште, не зезајте, ова беше ко нарачан меч за Интер, повеќе од 50 минути изиграа опуштено, без некој физички напор, јас реков дека добро ке е и 20 минути од мечот ( последните 20 ) да се такви, вака скоро 1 час е премија . :smir:
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Објаснив погоре за опуштањето, реков, имајте го во предвид фактот дека Интер за 3 дена повторно гостува и тоа во Џенова со Сампдорија каде последни 2 години немаат победа, па за 3 дена од тој меч повторно незгодно гостување и битен меч со Рубин .

Од Неделата, до овој нареден Вторник, односно во 9 дена, Интер има се на се 4 натпревари со размак на истите од 3 дена, односно натпревар, два дена за тренинг, натпревар . И вие по такво водство сакате уште, не зезајте, ова беше ко нарачан меч за Интер, повеќе од 50 минути изиграа опуштено, без некој физички напор, јас реков дека добро ке е и 20 минути од мечот ( последните 20 ) да се такви, вака скоро 1 час е премија . :smir:
Да да Сун знам дека така беше,ама мерак ми е голем да го гледам Интер како ги понижува противниците...за кратко време и тоа ке го гледаме.Штом со Наполи за 5 минути дадоа два гола,Ббилан го ебнаа како евтина курвица,на ред ке дојдат сите,само лако-полако :vozbud:

Него ми се допадна реакцијата на Лусио кога го постигна голот...отиде под трибината на Curva Nord и го бакнуваше амблемот на Интер,а има изиграно само 5 натпревари за Интер,не ме факајте за збор.
Доказ како може некој играч да го сака клубот...

Со Самп очекувам Снајдер да постигне некој гол,мислам дека и редно време му е да се распуца...
Со ваква игра како оваа вечерва,не би требало да имаме поголеми проблеми со Сампдорија.

еве го човекот од челик...






Колку само мокно изгледа тимов...:*:



 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Коа ке видиш дека пола екипа ни се бразилци/аргентинци ... и МОЌНО е преслаб збор за тоа :)


пс:Кажете некој аватар на Дим4е да му даеме бе ? ме мрзи да гуглам на нетов ...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom