Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Океј, тоа е твое гледиште, моето е тоа, и ја би ја шинал цела одбрана кога сите би мислеле на Меси, на Анри, на Иниеста и на Чави, а тоа да го правиш во тим со Камбиасо и Станковиќ па и Мунтари е друг муабет.

Еве чист пример ти е Пипо, со Сидорф и Пирло у позадина и мене да му ставиш у шпиц и ја ќе дадам гол.

Тоа сакам да ти го доловам, дека Ето имал далеку полесна задача во Барса, отколку Златан во интер, плус и сама цена која е платена покажува колку е Златан поголем играч. Трипати колку Ето.

Океј, ај да не ве замарам, освен ако сте за дебата, ќе видиме вечер, колку и да нбе ве сакам, сепак сум повеќе италијански екипи да одат понатака, само за да им докажам на некои дека премиерлигата не е појака од серие А.

Брат , колку шанси за гол имаше Златан и ги ПОСРА во ЛШ ? 1 гол а стигнаа до четврт финале ....

и хммм .... Се шалиш за Камби и Мунтари или ? лол ....
 

член1став3

сеирџија
Член од
10 февруари 2009
Мислења
446
Поени од реакции
13
Брат , колку шанси за гол имаше Златан и ги ПОСРА во ЛШ ? 1 гол а стигнаа до четврт финале ....

и хммм .... Се шалиш за Камби и Мунтари или ? лол ....
Воопшто, тоа ти е како да ги пуштиш Гатусо и Фламини, исто.
 
Член од
18 септември 2007
Мислења
2.547
Поени од реакции
33
Значи и двајцата Милито и Ето се играчи на кои треба да им се создаваат шанси, кои неможат да ја земат топката и да ја решат утакмицата.
Ако се маркираат и двајцата и се удри некој како Маскерано на Снајдер, мислам на тркач - покривач, тогаш се доаѓа до ситуација и Ето и Милито да се гушат со топката, што не беше случај со Златан, во многу вакви ситуации, он знаел да повлече тројца и да отвори игра, а во краен случај и да постигне гол.
Исто колку што го пратам Милан, исто толку го пратам и интер, нели пошто сакам да губи, навијачки, така, ама минатите сезони, сите „изгубени“ утакмици на интер, Златан ги направи во три бода, не дека Златан е бог, ама ја отвара играта повеќе од кои и да било фудблер.
Затоа и ја направив споредбата со Шева, и сам знаеш колку Шева отвараше простор и кога ќе ја земеше топката која беше завршницата.

Тоа е едната работа, другата е тоа што тој истиот Златан е вечер против вас, плус Барса има многу боља средина од вас рака на срце, и да бидеме реални Лига Шампиони за вас е поим, или да не грешам душа тие два збора ги немате ни во речник.
Бре, бре каква анализа :). Ко да ја пишувал фан на Милан :pos:.

Шала на страна... Да се каже дека Ибра сите шанси сам си ги правел, а Ето и Милито морале само да чекаат топки од среден ред, и во случајов од Снајдер е смешно затоа што уште на почетокот на сезонава покажаа што тие и сами можат да направат. Греота е такви играчи да се спуштаа на ниско ниво.

Што ќе се случи денес, кој ќе даде гол и на каков начин останува да видиме. Всушност и не е толку важно кој и како ќе даде гол, важно е играчите на Интер да дадат што повеќе голови :).
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.959
Поени од реакции
45.172
1.Океј, тоа е твое гледиште, моето е тоа, и ја би ја шинал цела одбрана кога сите би мислеле на Меси, на Анри, на Иниеста и на Чави, а тоа да го правиш во тим со Камбиасо и Станковиќ па и Мунтари е друг муабет.

2. Еве чист пример ти е Пипо, со Сидорф и Пирло у позадина и мене да му ставиш у шпиц и ја ќе дадам гол.

3. Тоа сакам да ти го доловам, дека Ето имал далеку полесна задача во Барса, отколку Златан во интер, плус и сама цена која е платена покажува колку е Златан поголем играч. Трипати колку Ето.

Океј, ај да не ве замарам, освен ако сте за дебата, ќе видиме вечер, колку и да нбе ве сакам, сепак сум повеќе италијански екипи да одат понатака, само за да им докажам на некои дека премиерлигата не е појака од серие А.
1. Најди го на Youtube голчето, види каде се Меси и Анри, а каде еден Видич и Рио .

2. Пипо тоа го прави лош напаѓач, или лани тој исти Пипо ви зголеми апетит за титула, т.е., ја направи сезоната бар малце интересна :) .

3. Кој во Мајорка играше позади Ето, тим каде Ето даде 50 голови во својата кариера .

И за сумата, па Ето имаше уште само една година од истекот на договорот, а цената му беше проценета на 20 милиони евра, еј, 20 милиони евра а 1 година до истек на договор . Израчунај сега колкава му е, кога има нов повеќегодишен договор со Интер . :wink:

Зашто цело време зборам дека Барса и Лапорта во тој поглед се заебаа, го даваат својот трет најдобар стрелец во историјата за Ибра плус 50 милиони евра, а сега истиот тој Ето чини толку, 50 + милиони евра . :toe:
 

Ibrakadabra

Wimoweh, wimoweh...
Член од
17 јуни 2007
Мислења
1.657
Поени од реакции
722
Еве чист пример ти е Пипо, со Сидорф и Пирло у позадина и мене да му ставиш у шпиц и ја ќе дадам гол.
Сидорф и Пирло се добра позадина? :kesa::kesa: Пријателе бе, не зафркавај топло-ладно до максимум се... Помина нивното, не ми е јасно зошто сеуште не го гледате тоа... Против тим со 1 добар деструктивец, они се духови... Јбг, тоа е...
 
Член од
18 септември 2007
Мислења
2.547
Поени од реакции
33
Океј, тоа е твое гледиште, моето е тоа, и ја би ја шинал цела одбрана кога сите би мислеле на Меси, на Анри, на Иниеста и на Чави, а тоа да го правиш во тим со Камбиасо и Станковиќ па и Мунтари е друг муабет.

Еве чист пример ти е Пипо, со Сидорф и Пирло у позадина и мене да му ставиш у шпиц и ја ќе дадам гол.

Тоа сакам да ти го доловам, дека Ето имал далеку полесна задача во Барса, отколку Златан во интер, плус и сама цена која е платена покажува колку е Златан поголем играч. Трипати колку Ето.

Океј, ај да не ве замарам, освен ако сте за дебата, ќе видиме вечер, колку и да нбе ве сакам, сепак сум повеќе италијански екипи да одат понатака, само за да им докажам на некои дека премиерлигата не е појака од серие А.
Едно прашање, ако Ето толку зависи од другите играчи т.е. ако зависел од неверојатниот среден ред на Барселона и ако тоа е главната причина што дал толку многу голови, освен примерот со Мајорка, како ќе објасниш што дава голови и кога игра со Камерун на пример :)? Или и за репрезентација кога игра Меси, Анри, Чави и Иниеста му ги местат головите :wink:?

Некогаш не ми се верува колку е само Ето потценет, трет стрелец во историјата на Барселона. Како да не даде гол во последното финале во ЛШ и тоа против Манчестер и тоа каков гол, без нечија помош.

За Пипо, па не му се головите само заради Пирло и Сидорф. Тој човек е феномен, не го бива ни за дриблање, ни нешто шанса да направи, ама затоа има неверојатно чувство за гол. Многу често знае да се најде на вистинско место во прав момент. Тоа го вади него :smir:.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Беноа Кое, кој е Беноа Кое, Ето е играчина, ама Златан е незаменлив, и ја викав сите се менливи, ама не е така, постојат некои кои никој нема да ги замени.
Тоа што за нас беше Шевченко, тоа за вас е Златан, мислам дека ти е јасно што се изгубивме ние кога си отиде, а овој вториот, вечер ќе зажали Морати за изјавите, најдобар потег у мојата кариера е што го продадов Златан.
Eeee, чичко ти Беноа Кое кој е... не знаеш, знам дека не знаеш.

Патем, никој не е незаменлив. Тоа е еден фудбалски факт кој со сигурност го знам, се друго е дискутабилно. Проблемот кај вас е што Шевченко сакавте да го замените со Оливеира, а Кака со никој, надевајќи се дека Роналдињо ќе се врати во старата форма. Не се ни обидовте да замените.

И Бекам беше незаменлив за онаа 4-4-2 формација во Манчестер, ама Ферги го замени со едно анонимно момче, Кристијано Роналдо. Дури и 7-ката му ја даде. И малку го подизмени системот. И се супер...

Исто се случи и кај нас. Ето не може да го замени Златан зошто Ето е сосема различен тип на напаѓач. Но затоа Мурињо го смени системот и сега играта на Интер е многу подобра, поубава за око, и поразновидна. А дека нема напаѓач како Ибра со негови карактеристики, за да направиш проста замена, точно е дека нема.

А Морати даваше многу добри изјави за Златан, да не беше тој сега атмосферата ќе вриеше. Тој ја смири топката.

Океј, тоа е твое гледиште, моето е тоа, и ја би ја шинал цела одбрана кога сите би мислеле на Меси, на Анри, на Иниеста и на Чави, а тоа да го правиш во тим со Камбиасо и Станковиќ па и Мунтари е друг муабет.

Еве чист пример ти е Пипо, со Сидорф и Пирло у позадина и мене да му ставиш у шпиц и ја ќе дадам гол.
И за тоа си во право. Еве Ето пред некој ден кога го реши натпреварот со Парма, играчите од одбраната на Парма мислеа на Анри и Меси, додека Чави и Иниеста му го местеа голот на Ето...
 

LaVista

Traumatic Playground
Член од
31 јануари 2007
Мислења
4.183
Поени од реакции
958
1. Најди го на Youtube голчето, види каде се Меси и Анри, а каде еден Видич и Рио .

2. Пипо тоа го прави лош напаѓач, или лани тој исти Пипо ви зголеми апетит за титула, т.е., ја направи сезоната бар малце интересна :) .

3. Кој во Мајорка играше позади Ето, тим каде Ето даде 50 голови во својата кариера .

И за сумата, па Ето имаше уште само една година од истекот на договорот, а цената му беше проценета на 20 милиони евра, еј, 20 милиони евра а 1 година до истек на договор . Израчунај сега колкава му е, кога има нов повеќегодишен договор со Интер . :wink:

Зашто цело време зборам дека Барса и Лапорта во тој поглед се заебаа, го даваат својот трет најдобар стрелец во историјата за Ибра плус 50 милиони евра, а сега истиот тој Ето чини толку, 50 + милиони евра . :toe:
Ама се фативте за парите, не бива од џеб ги давате да му се невиди.:) Ето беше продаден поради тоа што Пеп сакаше така. Не се рачунаше тоа дали Ето е најдобриот играч на Барселона, дали тој е трет стрелец, дали лани за малце ќе ја освоеше наградата за најдобар стрелец во Европа. Ето во Барселона беше 5 години и освои се што еден играч може да освои од титули. Мислите дека би имал доволно мотивација да ја освои Лигата на Шампионите по третпат со Барса ? Токму поради ова беше продаден... башка лани пред крајот на сезоната имаше еден период од 2-3 месеца во кои што Ето постигна 3-4 гола. Неприфатливо е тоа за играч кој игра за клуб каков што е Барселона. Од друга страна го продадоа Ето, го доведоа Ибрахимович, којшто е желен да се докаже, ненормално многу сака да ја освои Лигата на Шампионите ( погледнете го што стори Анри минатата сезона со истата таа желба ) и сака да се докаже пред шпанската публика и пред светот дека Лапорта и Пеп не направија грешка што го донесоа. Сега засега тоа му успева, има 2 гола и една асистенција во два натпревари, иако не е стопроценти со кондицијата и иако сеуште му треба прилагодување на тактиката на Пеп. Но, треба да е глуп играч за да не успее со такви играчи во позадина. Од друга страна, ако по некоја случајност тоа негово прилагодување трае повеќе од очекуваното, не е тој единствениот играч кој може да постигне гол... лани Меси и Анри имаа постигнато 60 и нешто гола.

Вие мислите дека направивме грешка со продажбата на Ето, ние мислиме дека НАПРАВИВМЕ грешка што продавме ЛЕГЕНДА на друг клуб. Но денес, фудбалот е бизнис и не се гледаат многу тие работи. Вечерва нема да ми биде криво ако Ето постигне гол, баш ќе ми биде мило, зошто знам дека Барселона е клубот кој го носи во срцето и знам дека во очите на навивачите ќе биде запаметен како играч кој го оставаше срцето на теренот на секој натпревар.:smir:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Мислите дека би имал доволно мотивација да ја освои Лигата на Шампионите по третпат со Барса ? Токму поради ова беше продаден...
Ова е многу неточно. Пеп сакаше да го продаде уште кога дојде, Ето самиот се избори за да остане. Што покажува јасно дека Пеп не го сакал во тимот, а исто така и дека не бил во право, со оглед на тоа како заврши сезоната.

Исто така, кога еден играч го носи клубот во срцето, мотивацијата никогаш не е проблем. Прашај ги Занети, Малдини...
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Очекувам да победите, ве играв и на спортска како и секогаш:)(иако многу пати знаете само вие да ме соборете, но верувам во вас и во Жозе:))
Ето ќе ги реши, осеќам :)
 

LaVista

Traumatic Playground
Член од
31 јануари 2007
Мислења
4.183
Поени од реакции
958
Ова е многу неточно. Пеп сакаше да го продаде уште кога дојде, Ето самиот се избори за да остане. Што покажува јасно дека Пеп не го сакал во тимот, а исто така и дека не бил во право, со оглед на тоа како заврши сезоната.

Исто така, кога еден играч го носи клубот во срцето, мотивацијата никогаш не е проблем. Прашај ги Занети, Малдини...
Ето остана во клубот не поради тоа што САМ се избори за место, туку поради тоа што неможеше да се најде клуб кој што ќе сака да му дава плата колку што тој бараше.

Најголем доказ за тоа е последнава сезона... се докажа на секое поле, на секое натпреварување... и на крајот пак беше продаден и тоа токму поради причината што ја наведов. Башка кога го продадоа излезе Гвардиола на прес и кажа дека Ето е продаден поради ЧУВСТВО кое Пеп го имал во врска со тимот. Утредента излезе Кројф со позитивни зборови за таквата одлука... а тој нема влакна на јазикот кога е во прашање Барселона:smir:
 
Член од
18 септември 2007
Мислења
2.547
Поени од реакции
33
Вие мислите дека направивме грешка со продажбата на Ето, ние мислиме дека НАПРАВИВМЕ грешка што продавме ЛЕГЕНДА на друг клуб. Но денес, фудбалот е бизнис и не се гледаат многу тие работи. Вечерва нема да ми биде криво ако Ето постигне гол, баш ќе ми биде мило, зошто знам дека Барселона е клубот кој го носи во срцето и знам дека во очите на навивачите ќе биде запаметен како играч кој го оставаше срцето на теренот на секој натпревар.:smir:
Се гледа, но за жал се помалку. Ај нека си отиде Занети. Не си оди затоа што ниту тој сака да си оди ниту пак клубот сака да го продаде. Кога ќе видиш за еден фудбалер да стане легенда и да остане во истиот клуб до крајот на кариерата треба да има взаемна "љубов".

Браво за болдираното, прекрасно кажано :smir:!
 

Ibrakadabra

Wimoweh, wimoweh...
Член од
17 јуни 2007
Мислења
1.657
Поени од реакции
722
Снајдер дава прв гол вечерва за 1-0... Тоа ми се увртело у глава од пред некој ден... :)
 

Пепи

barca en el corazon !
Член од
2 јуни 2008
Мислења
4.362
Поени од реакции
230
Пеп не го сакаше Ето уште кога дојде во тимот, тој сакаше играч како Ибра што може сам да си создаде шанса за да даде гол, играч кој што може да игра со глава и има добар дриблинг, јас не велам дека Ето е слаб, но да не беа позади него Чави, Иниеста и до него Меси и Анри сигурно немаше да постигне толку погодоци..
Многу го поштувам Ето тој веќе заврши во Барса и му посакувам многу успех и многу титули во Интер.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Ето остана во клубот не поради тоа што САМ се избори за место, туку поради тоа што неможеше да се најде клуб кој што ќе сака да му дава плата колку што тој бараше.

Најголем доказ за тоа е последнава сезона... се докажа на секое поле, на секое натпреварување... и на крајот пак беше продаден и тоа токму поради причината што ја наведов. Башка кога го продадоа излезе Гвардиола на прес и кажа дека Ето е продаден поради ЧУВСТВО кое Пеп го имал во врска со тимот. Утредента излезе Кројф со позитивни зборови за таквата одлука... а тој нема влакна на јазикот кога е во прашање Барселона:smir:
Не си ми јасен. Прво рече дека Ето бил продаден зошто освоил титула и немал повеќе мотивација. Јас те прашувам зошто тогаш го продаваа година предходно? Ете не е важно дали сам се изборил или не наѓол клуб. Важно го продаваа. Според тоа како се одвиваше сезоната и како заврши, тоа ќе беше грешка. Тоа ми е зборот...

Инаку сега, како што вика Морати, сите се задоволни. Секој доби што сака, така да можеме да се сконцентрираме на натпреварот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom