Значи и двајцата Милито и Ето се играчи на кои треба да им се создаваат шанси, кои неможат да ја земат топката и да ја решат утакмицата.
Ако се маркираат и двајцата и се удри некој како Маскерано на Снајдер, мислам на тркач - покривач, тогаш се доаѓа до ситуација и Ето и Милито да се гушат со топката, што не беше случај со Златан, во многу вакви ситуации, он знаел да повлече тројца и да отвори игра, а во краен случај и да постигне гол.
Исто колку што го пратам Милан, исто толку го пратам и интер, нели пошто сакам да губи, навијачки, така, ама минатите сезони, сите „изгубени“ утакмици на интер, Златан ги направи во три бода, не дека Златан е бог, ама ја отвара играта повеќе од кои и да било фудблер.
Затоа и ја направив споредбата со Шева, и сам знаеш колку Шева отвараше простор и кога ќе ја земеше топката која беше завршницата.
Тоа е едната работа, другата е тоа што тој истиот Златан е вечер против вас, плус Барса има многу боља средина од вас рака на срце, и да бидеме реални Лига Шампиони за вас е поим, или да не грешам душа тие два збора ги немате ни во речник.