STO TE NEMASE TEBE NA CHAT
Неможам фудбал да гледам и муабет на нет да правам, башка со татко ми глеав и немаше смисла да го ингорирам човекот
.
A и у пм бев нервозен од играта на Бари во првиот дел кога голманот им имаше повеќе посед од цел напад и средина, а у второво уште од старт удрија на голем ризик со 3 измени во 60та минута, а на теренот имаше 3ца напаѓачи и едно офанзивно крило . Во една ваква ситуација, и по водство на Интер, Балотели и Кварезма требаше да бидат оние кои ке покриваат средина кога тимот ја немаше топката во посед, али од нив двајца такво нешто ни на сон нема да добијам .
За играчиве, разочаран сум од Балотели најмногу, делува доста незаинтересирано, неборбено, изгуби многу топки и имаше хаос центар-шутеви, Ето ке добие прелазна само ради пеналот и тоа што за прв пат дебитира во Серија А иначе утна нешто што потешко беше да го промаши при резултат од 1-0 . Милито изигра борбено, намести пенал, намести подобра шанса од пенал за Ето, утна 100% шанса во прв дел па не смее да се каже дека потфрли во овој меч, Мота според мене изигра солиден меч, далеку подобар од Виеира и Дејо, Кварезма стандард, потези за публика но кога беше најпотребен се губеше поготово во оној удар со глава при крајот од мечот .
Али ако веќе бараме виновници за резултатов, тогаш реков, од една страна Ето со шансата во која се што требаше да направи е да го погоди голот, од друга, исто клучен момент, Мурињо и искористувањето на правото за 3 измени на 30 минути до крајот од мечот .
п.с. Имаат некој комплекс на отварање на сезона, пред 2 сезони Удинезе дома, минатата Сампдорија гости, и сега Бари дома, сите нерешено и сите ако не се лажам 1-1 завршија . :nerv: