@ Ibracadabra. Умараш за ситуација што беше невозможна, капираш, ми збориш за некаков тандем Ибра - Милито што беше фантазија со оглед на тоа дека Ибра јасно излезе во јавноста со изјавата дека буквално Се што можел освоил со Интер и сака нов предизвик . Неговото задржување не беше возможно поради неговата огромна желба и настојување на замине во Барселона, сфаќаш ?
Гвардиола го донесе Ибра во Барса, но дечкото сеуште нема изиграно утакмица со новиот тим, еве Иниеста се повреди, Меси се повреди, Анри исто така е под знак прашалник за почетокот на сезоната а Ибра освен на лесни тренинзи со нив сеуште нема изиграно натпревар и не е имплементиран во новиот тактички систем . A за разлика од нив, Реал се консолидира, Робен, Кака и Роналдо функционираат феноменално, Игуаин почна да разара па во моментов во тој поглед на уиграност и форма се пред Барса а дефакто имаат страшен тим .
Нејсе, мечот со Лацио беше приказна за себе, ти го гледаше најверојатно цел, како и сите ние овде, едноставно беше еден од оние мечеви кога топката не сакаше да влезе во голот, шансата на Мунтари, онаа на Ето, Лусио, Милито и останатите беа казнети од гол даден со фаца, од флипер акција во моменти кога Лацио за втор пат во вториот дел поминаа половина .
Тоа беше одлучувачкиот момент на овој меч, факт, деморализирачки делуваат ваквите голови и тоа директно влијаеше за нивниот втор гол по грешката на Киву . Јебига, еден од оние денови кога среќата ни го сврте грбот, такви моменти имаа пример минатата сезона со Торино дома, со Џенова дома . Мене ме радува изјавата на Мурињо кога кажа дека во една ситуација кога тимот е сеуште недоволно спремен и кога Ето игра за прв пат во стартен тим играле најдобро од кога е тој тука .
Ето даде гол, учествуваше во сите шанси и акции ( кој му ја овозможи 100% шанса на Мунтари и оние на Милито ?! ), повеќе и не можеше да даде во период кога за втор пат настапува за тимот и беше 60 до 70 % подготвен за игра . Глупо е да кажеш дека не беше импресиониран од неговото деби во овој дрес .

Се согласувам со тебе за една работа, премногу се одовлекуваше со Златан, али можеш ли да ја обвиниш управата за тоа кога секој би направил Се за да задржи таков играч во свои редови, за жал во истото не успеаа . Не дека чекале, го дрвеле до Јули па го шитнале, нц, се Се одвиваше надвор од медиумскиот радар, позадината на таа приказна не ја знаеме, али во едно сум 100% сигурен, Ибра беше тој кој стави крај на целата '' драма '' и донесе одлука да замине а Интер во една таква ситуација го извади според многумина максимумот, подобро за него и не можеа да добија, факт .
И да ја согледаме ситуацијата од еден реален аспект :
Oдбрана : Подобри од лани со носењето на Лусио, човек кој повеќе од 5 години сакав да го видам во овој дрес и ни на сон не помислив дека Баер би се откажале од него, и тоа во период кога е предводник на одбраната на Бразил ( заедно со Цезар и Маикон, што значи имаме 3ца играчи дел од стартен тим на еден Бразил ), период кога има 31 година ( одлични за еден одбранбен фудбалер ) и период кога одбраната нивна е тиња, без голман, без асални бекови а и централни дефанзифци во моментов . И ти самиот изрази желба пред неколку месеци за Лусио во Интер, па верувам ке се согласиш со мене дека во моментов имаат убедливо најдобра одбрана во Италија, батали што зборат јубентудиве за Кана и Киело, баФча се во споредба со Интер во тој аспект, дуелот Бразил - Италија им е потврда за истото ( Киелини - Кана - Буфон vs Лусио - Цезар - Маикон ) .
Средина : Најболната тачка на Интер повеќе од 10 години, фрагмент од тимот за кој бев убеден дека ке се среди со Мурињо . За Камби имам говорено, еден од најдобри 5 деструктивци на Светов, проблемот се останатите . Мота ке функционира одлично само во средина каде што ке нема уште еден деструктивец кој капак на Се е левак, што значи сум или за Мота или за Мунтари у стартен состав . Останатите две позиции, Занети дефинитивно да се врати на местото каде што играше лани а Киву да биде префлен на позиција лев бек, реков, коинциденција или не, кога Интер игра со 3 леваци во средина губи, така беше со Аталанта сезонава, така беше и со Лацио .
И конечно фамозниот плеј, доколку дојде некој од Горкуф или Снајдер, тимот ке биде и те како комплетен, Камби стриктно за дефанзива, Мота и Занети како солидна подршка за плејот, и истиот уз еден страшен универзален напад .
Напад : Заедно со одбраната, најмоќното оружје на Интер, пак ке се навратам на јувентидиве, нека не ме смеат со споредбите на Ето - Милитито со Амаури - Дел Пиеро . . . . не се на место, два солидни напади со разлика од 20 гола од минатата сезона,
само Милито постигна 24 гола а главниот тандем на Јуве лани постигна вкупно 25 гола лани во Серија А .
Ето е приказна за себе, трет стрелец во историјата на Барса, играч кој беше најзаслужен за нивните триумфи во финалињата од ЛШ, играч кој парче правеше во Мајорка ( наводно играл само кога тимот играл добро ) и играч кој беше ноќна мора на еден Касиљас, човек кој завршил на инфективно ради труење од текила поради заминувањето на Ето од Шпанија, она што некогаш беше сон за него, денес е реалност, Ето не е во Барса .
Kлупа : За ова многу нема да го потам, доволни се зборовите на Мурињо дека клупата за резервни играчи е доста важен фактор за успех на сите полиња, т.е. премногу важен фактор, поготово во едно вакво првенство . На тоа место Интер има буквално уште еден тим кој со тие играчи во вакво првенство ке завршеше позади првата 4ка односно Интер има убедливо најдобар резервен состав во Италија а тоа е огромна предност .
п.с. Да, Јуве го доби Диего, али заборавате кого изгуби, уникатна машина која според мене беше едно од најдобрите нешта што некогаш играле во среден ред, а тоа е Недвед . :smir:
п.п.с. Gourcuff, l'unico vero trequartista nella lista della spesa nerazzurra - редно беше и fcinternews да излезат со оваа информација .