1. Едерсон треба уште да се докажува. За Ница беше звер а во Лион од она што го имам гледано е само еден стандарден играч. Често пати седеше и на клупа. Лион бараше над 20 милиони евра па би бил доста ризичен потег.
2. Хамсик има многу променлива форма, имаше добар старт потоа го немаше никаде. А Наполи сигурно ќе бара околу 25 милиони евра.
3. Деко е многу искусен и тоа повеќе одошто треба

Годините се негов најголем проблем. Имаше многу лоша сезона во Челзи, беше повреден но на пријателските покажува добри игри. Цената му беше 5 милиони но доколку замини во пакет со Карваљо за кој ќелзи бараше околу 15 милиони.
4. Елано е одно од подобрите решенија. Играше одлично за Бразил, незаменлив беше со Сити и е во најдобрите фидбалски години. И како што се шпекулира цената му се само 9 милиони евра.
5. Касано не е класичен плеј. Но би се снашол на таа позиција. Проверен играч во Италија, има околу 25-6 години но проблем е неговиот карактер. Касано не сака да игра плеј, тоа јасно му го кажа и на Липи за репрезентацијата па можи да има конфликти и со Мурињо. Цената му е околу 20 милиони евра но можи значително да се намали ако ги искористиме Мансини, Ривас, Суазо, Обиња, Бурдисо... било кој од нив може да биде вклучен во трансферот а Сапдорија јавно го искажа интересот за Мансини.
6. Лавеџи не е плеј но и тој би се снашол добро на таа позиција. Не е во најдобри односи со клубот но интересот од англиските клубови може премногу да ја крени неговата цена на трансфер пазарот.
Според мене треба да бидаме помеѓу Елано и Касано.
Керлон беше само позајмен во Киево. Цела сезона беше повреден и одигра само неколку натпревари за Киево. Му треба време да се врати во форма, па најдобро е да се позајми повторно, или да добива малку поголема минутажа во Интер.
1. Проблемот на Еди во Лион е тоа што играше како крило, а не на својата позиција плејмејкер, централно ги имаа Жунињо, Калстром па и Тoулалан плус Макoун, со оглед дека играа класична 4-4-2 формација, Едерсон беше поставен како десно крило а не како плеј . Башка, далеку од тоа дека имал лоша сезона, имаше добра сезона, и тоа на позиција неприродна за него, изигра 25 утакмици со 5 гола и 5 асистенции .
2. Хамшик, играч по мера на Мурињо, не го сакав во овој тим поради тоа што не е класичен плеј, али како одминува времево, се повеќе и повеќе сум за реализација на негов трансфер, баш поради тоа што одговара на оној профил баран од Мур, да игра позади напад и да учествува во одбраната кога противникот напаѓа . Сепак, цена набиена од Наполи, тим кој има долгорочен план и тешко дека нареднава сезона ке се откаже од своите најдобри
3 . Деко има недостаток на брзина, но убитачен пас, имам кажано дека секој класичен плеј, без разлика кој е, ке изигра подобро од Дејо на таа позиција, па ако веќе апла немаат избор ондак бујрум за Деко, и онака 1000% сум сигурен дека ке има подобра сезона од Дејо го плеј, во поглед пред Се у број на асистенции, во тоа воопшто не се сомневам .
4. Слично ко она што го кажав за Деко, секој играч чија природна позиција е плеј би изиграл ниво над Дејо, Елано во поглед на пасовите и изведувањето на слободни удари и нафрлени топки наликува на Деко, со тоа што располага со брзина и техника подобра од онаа на горенаведениот и е првотимец во тимот на Бразил . Се согласувам со тебе дека е во најдобрите години, и неговата мала цена може лесно да биде исплатена од Интер .
5 . Точно, Касано не е класичен плеј иако повеќе наликуваше на плејмејкер отколку на втор напаѓач во почетокот од неговата кариера . Али запамтете, фудбалер е, адаптабилен е, дефинитивно може да го изигра бараниот број 10 на ниво, има тон креативност во него и доволно е да го спомнам ова, КАСАНО - ЕТО - МИЛИТО . Само проблемот е што не се ангажира доволно кога тимот се брани а тоа е она што Мур го бара од плејмејкерите, иако и Лампи не беше перфектен како играч кој покрива при напади на противниците . Ја го разбирам истото, ипак како што се развиваше неговата кариера, така добиваше се поофанзивни и поофанзивни улоги, но под капата на Мур, мислам дека ке може успешно да се снајде во овој нов предизвик, на крај краева мора да избори статус на репрезентативец пред СП .
Што се однесува на неговиот карактер, премногу добро стои со Мурињо, после секој меч се понашаат ко најдобри пријатели ( еден период бев убеден дека тој ке биде првото засилување на Интер баш поради ова ), плус како што реков и претходно, мора да игра на ниво без правење на проблеми во и надвор од теренот поради СП во Африка . Се согласувам со тебе за начинот на кој може да биде донесен во Интер со тоа што Мансини тешко дека би се согласил да оди во Сампдорија, него можат да го употребат на пример за Едерсон .
6. Лавеци, исти случај ко Касано само што е аргентинец а не италијанец, плус со многу помало искуство од она на Касано и со набиена цена, и слично како и со Хамшик погоре, тешко дека Наполи би се откажале од најдобрите свои играчи, бар не оваа сезона .
Се на се склопено, најмногу ги претпочитам број 1, 2, 4 и 5, избор и те како добар и избор на кој ке бидат насочени Интер периодов . Шпекулациите за Едерсон стивнаа, како и оние за Хамшик, Елано или Касано се играчи кои според мене се најблиску од сите овие наведени ( бар според вестите кои доаѓаат од Италија деновиве ), со тоа што Касано е италијанец и играч кој во многу наврати го импресионираше Мур ( знаеме што направи со таквите од Џенова ) и мислам дека има и најголеми шанси да го облече црно - синиот дрес .