1. Добро тој играчот кој му дал еден гол на Манчестер беше продаден од Барса односно ставен во замена како некое куче.. + 50 милиони.. за нашиот кој бил гаме флоп!
И сега кој е глупав тука? Изгледа Барса.. се издрогирале пред некоја недела па на грешка ја направиле понудава а?
Па зарем Барса би си дозволила таква грешка, најдобриот напаѓач да го даде со еден тон пари за оној кој не вреди ич? Дај ти не зезај.. замисли се малку што кажуваш..
Тропаш глупости како некое дете кое го има во доста голем број на фан клуб Манчестер..
2. Значи запази ја ситуацијава.. Ние плаќаме играч 12 милиони евра по сезона кој секоја година 90 % ни ја гарантира титулата во Сериа А! Нешто што го немавме од 1989! Кога тој дојде земаше плата од 5 милиони евра.. Не бараше толку многу како сега Ето кој бара преку 10..
И сега ја фрламе во вода сигурната титула од Серија А која ја имавме секоја сезона, и се коцкаме на тоа дека тимот би играл добро, би играл тимски со 5 нови првотимци во имињата на Ето, Милито, Мота, Хлеб и Лусио!
Па ова го нема ни на фудбал менаџер..
3. Ако Мурињо успее ова сето да го склопи јас ќе се обесам на камен мост..
А тој кажа минатата сезона..
Не сум маѓионичар..
Тој има преголема почит и доверба кај мене.. али мислам дека ова нема да може да го изведе како треба..
Ок, идеме . . .
1. Барса не беше подготвена да му излезе во пресрет на Ето поради неговите високи барања за потпис на нов договор, тоа е факт . Ибра им е ко нарачан у оваа ситуација, зашто они у принцип имаат изгответно план со кој Ибра ке добива помалку пари од оние што ги добиваше во Интер, т.е. Барса ке има помал дефицит во буџет за платата на Ибра ( за разлика од Интер ) но, со парите од спонзорите, Ибра би земал плата од 14 милиони евра по сезона, што значи 2 повеќе од оние кои ги имаше во Интер . Затоа Барса нејкеше да го задржи Ето, зашто истава фора со спонзорите кај Ето не успеваше, Ибра е оној кој е милениче на Најк и оној кој ке ќари пари и од спонзорите и од Барса, која дефакто помалце ке дава за плата за разлика од онаа на Ето .
Оваа анализа беше добро разработена и на goal.com во периодот кога прв пат излегоа ваквите шпекулации на крајот од претходната сезона, и баш прашањето беше, ЗОШТО БАРСА БИ СЕ ОТКАЖАЛА ОД ВЕЌЕ ДОКАЖАНИОТ ЕТО ?. . . одговорот ти е даден погоре .
2 . Тачно, Ибра ни беше гаранција за титулата, али мајкуму стара, во кое првенсво бе друже, оноа без Јуве, оноа каде Фиорентина беа казнети 20 бода, Милан мислам 7, оноа каде 2 сезони по ред Рома беше главниот конкурент, оноа каде Јуве беше воден 2 сезони по ред од ЛУЗЕРИШТЕ . . . не зезај, башка, докажано беше дека првенството не било најсјајно во минатото со што се отвори дефактно сомнеж за годините уназад кога имаше многу сомнителни мечеви и кога фанови на Рома и Лацио организираа заеднички протести контра клубовите Милан, Интер и Јуве .
3. Ова го имам во неколку наврати говорено, еве ме пак . . .
. . . Мурињо оваа сезона донесе две главни засилувања ( Мансини и Кварезма ) и истите ги планираше за својот типичен 4-3-3 систем. Истиот тој систем се беше тотално анемичен и истиот не гарантираше успех на Интер во оние фронтови на кои имаше аспирации за највисок пласман . И сеа пази, после 10-15 кола, Мурињо менува цел тактички систем, почнува да употребува 4-3-1-2 формација со плеј Дејо, формација во која нема место за новите засилувања, формација во која беа сместени истите играчи ( освен Мунтари ) од ланската сезона ( сезона во која едвај освоија титула ) и пак, на крајот, Интер со предност од 10 бода пред конкурентите, со најдобра одбрана во лигата и со најдобар напад . Па јебига, чим уз вакви огромни проблеми типот успеа да на скрпи тим кој ке има на крајот предност од цели 10 бода, ондак овие проблеми кои ти ги најавуваш дека би биле пречка за него делуваат апла минорно, искрено, невидливи за моето око . :smir:
И не можеш со вакви споредби да аргументираш... Можеби едноставно не му бил денот на Ибра, можеби Еванс играл утакмица на својот живот...
Ок бе друже, што е со 35те гола во 2 сезони за јаката Мајорка, тимот со најдобрата, најкреативната средина тој период у Свет . . . ти ги виде сите 35 гола на Ето од претходнава сезона, или онака под дифолт сите зборите дека Иниеста и Чави 80-90% му ги наместиле . Ма не го може тоа секој, и самите знаете, и стварно чудно ми е као го кажа оноа, '' добро, ги помина Рио и Вида, ги направи смешни и даде гол '', па ти свесен ли си дека Рио - Вида - Ван Дер Сар ја сочинуваа најдобрата одбрана за изминатата сезона, одбрана која немаше примено гол у ПЛ над 10 утакмици . Ибра промаши 2 100 % шанси во Манчестер, повторно падна пред предизвикот гол на ГОЛЕМ меч .