хехе.....платата му ја даде истиот тој Морати!!!
квалитетот на италијанската лига и тоа како опаѓа овие неколку години,имаме преселба на најквалитетните играчи во шпанија(зидан,кака,канаваро....) од каде ваков тренд?!
ибра не вреди којзнае колку,нигде таква плата не би добил(во барса се согласува да игра скоро за 50%помала плата)
За намалувањето на квалитетот на калчото е одговорна државата. Даноцоте се повеќе од двојно поголеми, наградите, односно сумите кои ги добиваат екипите зависно од пласманот на табелата се значајно помали за разлика од Англија а во Шпанија не знам како е, најголем дел од екипите немаат свои стадиони, па наместо да заработуваат на нив тие му плаќаат на градот одромни суми за нивно користење.
Сериа А пре некоја година и покрај тоа беше избрана за најквалитетна лига но сега се наоѓа позади Шпанија и Англија и ако продилжи тоа ќе биде на уште понско ново, како Германската со една голема звезда во цела лига како што е сега Рибери моментално.
Калчото веќе ги загуби Кака и Ибра а се пензионираа и НЕдвед, Фиго и Малдини.
Италија има 3 силни екипи а Шпанија 2 но постепено тие 2 Шпански екипи се посупериорни од Италијанските.
Интер и без ибра има тим со добри играчи и фудбалски звезди кои може да се натпреваруваат и во Европа. НАјдобриот голман, Најдобриот десен бек на светот, новото засилување Лусио, Матераци, Самуел, Кордоба, Киву и новата сензација Сантон (според многумина новиот Малдини). Тоа се играчи кои секој би ги посакал во својот тим и мислам дека ретко кој има подобра одбрана во Европа.
Средниот ред е стандарден, со новото засилување Мота и уште еден креативец мислам дека би бил супер. Кварезма се обидува да се врати во стара форма и да се привикне на Италијанскиот стил на играпа и тоа би било голем плус за тимот.
Шпицот и без Ибра а со доаѓање на Ето ќе биде супериорен. Ето, Милито, Балотели и најверојатно ќе дојде и Касано.
Јувентус исто така има добар тим. Со новите засилувања ќе биде и тоа како конкурентен за скудетото па и за лигата на шампионите.
За милан не коментирам ништо. Не можам да ја сватам нивната трансфер политика. Го даваат најдобриот играч а не земаат ништо...
Тимовите се обидуваат да останат конкурентни, видете само Џенова како се засилува, но потребна е помош од државата.