Ја мислам дека ти си едно бедно провокаторче кое не е случајно тука.
Гледаш Svetovid колку идентичнo мислење имаме

Истото и јас го мислам за тебе, со таа разлика што ти во дискусиите се служиш со изопачени навреди својствени зa некое исфрустрирано дпмнеовче, а јас со аргументи.
За жал ќе мора да констатирам дека дури ниту за провоцирање не те бива, бидејќи дури и да сакаш да исровоцираш некого, незнаеш тоа на кој начин да го направиш, па се' се сведува на твојата веќе добро-позната терминологија која се состои од 5 нецивилизирани и измутирани термини.
Сепак ти имаш полно право да провоцираш (демократија, нели), но јас го задржувам правото да ти ја затнам муцката!Со аргументи де,
Кои црни аргументи бе Svetovid! Ова на аргументи ли ти личат или на бегање од поента со развлекување на дискусијата? Жално е човек да те чита како се обидуваш неукоста на патриотот твој да ја испереш со коментари на некој чичко кој е Чех од некој Српски форум.
Туку, нешо кажа погоре, Груевски спомнал дека ЕУ интеграциите немаат алтернатива, нешо така? Па веднаш го ставаш во ист кош со изродите од твојот табор. Јас не гледам така на тоа.
Па нормално дека не гледаш. Да гледаше ќе увидеше дека дури и неговите најверни подржувачи на форумов се се' повеќе резервирани во поглед на неговиот наводен патриотизам.
Но затоа сум јас тука
аргументирано да ти докажам

па можеби и ќе видиш.
Ставот на Груевски околу спорот името - 16.10.2008
Комприомис да, но не по секоја цена
Во однос на прашањето за името, Груевски уште еднаш укажал дека Македонија е подготвена на компромис, но не по секоја цена: „Укажавме дека бараме решение на тој проблем, укажавме дека преговараме со Грција, дека сме спремни за компромис, но не по секоја цена и тој компромис не може да биде било каков. Укажавме дека граѓаните на РМ сакаат земјата да стане членка на НАТО и ЕУ, исто како и ние самите, подготвени сме да платиме одредена цена, меѓутоа не било каква цена. Значи таа цена има некакви лимити“, изјави македонскиот премиер.
Линк
Ставот на Црвенковски околу спорот со името - 21.05.2008
Во НАТО но не по секоја цена
Таков влез во НАТО не и е потребен на Македонија, изјави претседателот „(Кога некој) поставува некои свои барања инсистира решението да ги задоволи тие барања. Тоа не е компромис, тоа не е фер решение. Таквото инсистирање ќе предизвика заради начинот на којшто тоа се прави сосема разбирливо поделби во Република Македонија, незадоволство, а тоа не е нашата цена. Ние како држава сакаме да станеме членка на НАТО Алијансата за да се стабилизираме, да обезбедиме развој. Ако цената којашто ќе ја платиме за да го оствариме тоа е внатрешната дестабилизација, тогаш таа цел не е постигната туку сосема нешто спротивно.“
Линк
Груевски околу Евроаспирациите:
Определбата за зачленување во НАТО и во ЕУ нема алтернатива. Нашата цврста европска и евроатлантска определба ја демонстрираме и ја демонстриравме преку спроведување на низа реформи во одбраната, во економијата, во правосудството, во образованието, земјоделието, преку усогласување на легислативата со европските директиви и со доследното исполнување на преземените меѓународни обврски, рече Никола Груевски, премиер на Република Македонија.
Линк
Црвенковски околу Евроаспирациите:
Немаме алтернатива за ЕУ и за НАТО. Странските инвеститори бараат сигурност и гаранции, но не од македонското законодавство, туку од европското. Тоа го дава членството во ЕУ и во НАТО. Затоа кога зборуваме за членството во овие две организации, зборуваме за економија, за инвестиции, за нови работни места, за повисок стандард на граѓаните, рече завчера на трибна во Велес претседателот Бранко Црвенковски.
Линк
Просветли ме @Svetlovid, и пронајди ги разликите помеѓу ставовите на Претседателот и Премиерот на државава.
простете за српскиов, ама само тој странски јазик го зборат изродите од бихаќка, а јас сакав и они да прочитаат.
Ова не го коментирам, туку само ќе го потенцирам за да сите се уверат во јачината на твоите аргументи во дискусијава.