Dosegasnata praktika pokaza deka!!! za vas poveke nam spas, ili napustajtea Makedonija ili bidete mirni i slusajte, drugo care za vas nema.
Dali ke se pomirat so toa deka im nema spas i ke bidat mirni e prashanje????
Кој подготвува пуч?
28.02.2009.
Башибозук во АРМ:
Генерал Мирослав Стојановски, како прв човек на АРМ, последниве недели изнесува официјални оцени за криза во АРМ и пошироко, а истовремено, намерно или не, не ги врши своите законски надлежности! Зошто? Да не подготвува нешто?! Кој размислува за пуч!?
Пишува: Илија МАКСИМОВСКИ
Првиот знак дека нешто се “крчка” од Началникот на Генералштабот на АРМ, Мирослав Стојановски, беше кога на редовниот годишен рапорт пред Врховниот командант, како и пред воениот и цивилниот врв на одбраната, изнесе оцена дека АРМ е добра(!?), ама има проблеми во: “персоналниот менаџмент, разузнавањето, обуката, логистичкото обезбедување и одржување, како и со врските, телекомуникациите и финансиите”. Без проблеми останаа, според него, само прашинарите, додека сите други дејности витални за една современа армија биле во криза. Потоа, деновиве, следеше и документиран став од веќе конфликтниот генерал Стојановски дека тој самиот “не може да издава и обезбеди спроведување на своите команди кај потчинетите служби и поединци”.
По сето ова изнесено од устата на првиот генерал во државата, среде вжештената атмосфера на изборите, делбите и економската криза, сосема логично и со вонредна доза на загриженост се поставува прашањето: Што се случува во АРМ?
Информациите од Кабинетот на генералот Стојановски говорат дека ги бојкотира, односно не ги потпишува секојдневните оперативни документи од што зависи функционалноста на АРМ. Истовремено, иако кабинетите на генералот Стојановски и на министерот за одбрана Коњановски се “далеку” само неколку метри, тие и за секојдневни работи комуницираат преку официјална пошта!
Преведено на обичен јазик, нешто е гнило во врвот на македонскиот безбедносен систем.
Се шири латинскоамериканска реа!
Имено, ако ваквата разградба на оперативноста на Армијата се смести во сè погласните сомневања дека во јавноста се создава атмосфера на незадоволство од власта, контектс во кој “случувањето народ” треба да ја натера коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ да ја “предаде власта”, да “падне Груевски”, како што пред некој ден децидно изјави В.Д. претседателот на СДСМ, Зоран Заев, тогаш несогласувањата и блокадата на цивилната контрола врз нашата професионална (платеничка) војска, најблаго речено загрижува.
Не се далеку размислувањата дека вака “одметнатата” војска,
трансформирана во платеничка солдатеска, би можела да се приклучи кон “случениот народ”, да му “излезе пресрет” и да изврши државен удар.
Уште со самото закажување на изборите се протнува низ јавноста, во прво време онаа паралелната, “Радио Милева”, низ кафеаните и кафулињата тврдењето дека со исходот од гласањето Македонија ќе западне во диктатура со фашистички карактер. Нешто што мора да се спречи, макар и со удар врз државата.
Тоа деновиве, непосредно пред почетокот на кампањата јавно го искажа еден дневен весник, мошне близок до опозицијата.
Еден колумнист, од оние фрустрираните млади “јуноши” на неокомунизмот, утврди дека фашизмот во Македонија веќе стапил на сцената со провокациите со кои беше оневозможена една трибина на која, имено, треба да ѕуни како ехо дека победата на владејачката гарнитура и на овие избори значи крај на демократијата?! Сето тоа го кажа и остана жив, среде “фашистичката диктатура”?!
Речиси истовремено низ цивилното општество се отвори “
невладина” војна меѓу “невладините” (ама сепак партиски) организации на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, во која едните со другите сосема како да се учесници во изборната кампања беспоштедно се обвинуваат за воведување диктатура.
Се злоупотребува и стравот на народот од економската криза и од ден во ден се црта катаклизмично сценарио според кое “власта ја турка нацијата во бездна и во беда”! Се користат на гебелсовски начин “бруто-платите”, невработеноста, некаква си “антиквизација”, територијалната поделба, името и спорот со Грција, застојот на процесите за интеграција. Да им позавиди органот на НСАПД “Фоелкицхе беобахтер”, или оној на КПСС “Правда”, кои работеа според онаа на Гебелс - дека секоја лага повторена илјада пати станува вистина, и онаа на Сталин - дека партијата знае подобро од народот.
За да биде “кујната” комплетна, во прикаската на сталинистите за надоаѓачкиот фашизам се надолева и со етничко масло. Лидерот на ДПА јавно излезе среде ваквата врвулица на катаклизмични претскажувања со нова “уставна” дефиниција на Македонија.
Од друга страна, некогашниот премиер и основач на ВМРО-ДПМНЕ го докладе и своето чкорче врз кладата инсистирајќи дека “делбата на државата била готова работа”, а секое одлагање би значело уште пострашна трагедија.
Просцениумот е подготвен, останува само уште главните протагонисти да се постројат и да се почне со општиот бунт на изборите, кои мора да бидат неуспешни и директен повод за незадоволство. Тезата ќе биде: фашизмот ја освои сета власт со изборна измама!
Не е воопшто важно што тоа ќе биде третпат како едноподруго во 3 години, владејачката коалиција го победува СДСМ, кој владееше 10 години, иако победи само еднаш на изборите од создавањето на новиот демократски поредок.
ПОСЛЕДНИ ГРЧЕВИ, ИЛИ ОДМАЗДА НА РАЖАЛУВАНИОТ ГЕНЕРАЛ
Во таков политичко-социјален контектс среде економска криза, просто-напросто станува сè поизвесно дека на генералот Мирослав Стојановски, кој треба да почне да си го пакува ранецот за прекоманда - во пензија, како да не му се оди дома.
Нему му пречи уште сега неизбежната смена во Кабинетот на Претседателот на Македонија, која ќе донесе и сосема извесна и логична промена, ако не на комплетниот воен врв, тогаш сигурно на Началникот на Генералштабот.
Да не се гледа на друго место?!
Имено, сè уште актуелниот началник на ГШ, генерал Стојановски, да ги изнесеше оценките од почетокот на текстов за башибозук и фактички распад на АРМ на некое друго место, а не пред своите колеги од Генералштабот, министерот за одбрана Коњаноски и пред сè уште актуелниот Врховен командант Црвенковски, некако и ќе му се прогледаше низ прсти.
Но, тој тоа го направи на годишниот рапорт за состојбата на безбедносните сили во државата, пред домашната и меѓународната јавност.
Можеби човекот е уморен, оптоварен особено по несреќата на армискиот МИ-17 во која е посочен како главен виновник, па треба да се има разбирање. Но, кога подоцна истиот Стојановски продолжи и во државните безбедносни институции “фрли” документ со кој објавува дека неговите потчинети не го слушаат, односно дека тој не е во состојба да ги извршува своите основни обврски, работата станува сериозна...
ЧЕТВОРИЦА ВРХОВНИ КОМАНДАНТИ, ОСУМ НАЧАЛНИЦИ!?
Четворица досегашни претседатели на Република Македонија сменија дури осум началници на ГШ. Можеби за стандардни држави тоа и не би требало да биде спорно, меѓутоа она што им се случуваше на досегашните началници, вклучително и особено во текот на воениот конфликт во 2001 г., поттикнува на размисла.
Генерал Митре Арсовски, коку како прв началник на ГШ на самостојна АРМ шеф му беше Киро Глигоров, беше сменет преку пладневниот дневник на Македонското радио во 15:30, половина час откако се раздели со Врховниот командант.
Генералот Драгољуб Боцинов патриотски дотера во пензија.
Следеа генерал Трајче Крстевски како најдолговечен началник на Генералштабот и Јован Андревски како најнеспомнувани. За разлика од двајцава, генерал Панде Петровски иако беше на чело на АРМ само 3 месеца и тоа во најтешките времиња на воениот конфликт во 2001 г., остана запаметен како војник.
Генералот Методи Стамболиски поради тенковската афера како учесник во организиран криминал е на пат својот статус “генерал во пензија” да го смени со “генерал во Идризово”. Секако, доколку не се случи некоја судско-политичка пресвртница.
Генералот Ѓорги Бојаџиев го паметиме како преодна фаза меѓу Трајковски и Црвенковски, а генералот Мирослав Стојановски сè уште се обидува да командува.
Заедничко за сите началници на ГШ на АРМ е дека на специфични начини и по чудни поводи биле сменети од својата функција.
http://forum.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=11762&Itemid=126