Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.750
Поени од реакции
3.790
После денешниот состанок кој траел 5 часа, Ферара останува на тренерското столче до натпреварот со Парма. После тоа ке се одлучува за неговата иднина:icon_lol:

Иначе на состанокот бил потврдено вракањето на Роберто Бетега, но неговата официјализација ке биде утре или најдоцна - Среда.

Се споменува дека токму тој е главната причина за останувањето на Ферара, затоа што се очекува од Бетега да му помогне на Ферара во однос на комуникацијата со играчите и тактичката поставеност на теренот.

Master of disaster!

п.с. 4 pages to go. . .
Се спрема некој за темава, или?
Тими?
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
После денешниот состанок кој траел 5 часа, Ферара останува на тренерското столче до натпреварот со Парма. После тоа ке се одлучува за неговата иднина:icon_lol:
Неговата судбина ќе се решаваше со Бари,па со Катанија,сега со Парма..
 

Тимче

HULK!
Член од
4 јули 2008
Мислења
4.537
Поени од реакции
238
После денешниот состанок кој траел 5 часа, Ферара останува на тренерското столче до натпреварот со Парма. После тоа ке се одлучува за неговата иднина:icon_lol:

Иначе на состанокот бил потврдено вракањето на Роберто Бетега, но неговата официјализација ке биде утре или најдоцна - Среда.

Се споменува дека токму тој е главната причина за останувањето на Ферара, затоа што се очекува од Бетега да му помогне на Ферара во однос на комуникацијата со играчите и тактичката поставеност на теренот.

Master of disaster!

п.с. 4 pages to go. . .
Се спрема некој за темава, или?
Тими?
Мислам дека добро ќе ни дојде паузата како за играчите така и за нас. Парма е силна екипа ама со добар одмор и добра ментална подготвеност нема ништо да не спречи да ги тепаме.... Иначе Фосил темата е готова:vozbud:
 

Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
Само пораз од Парма и подоцна од Милан е спас ... тогаш верувам дека ќе им пукне филмот и на навивачите па некој ќе поѓине ... секоја наредна победа е само продолжување на агонијата , а секој пораз надеж за промени и подобро утре , макар и да се чека тоа “утре“ малце подолго
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
ова пауза ќе биде многу лоша за Јуве... не е решена ситуацијата со Чиро, а неговиот концепт се распаѓа... кај е бе тој наследникот на Фиат групацијата да промени нешто, толку ли го заболе цеф :uvo:
 

Тимче

HULK!
Член од
4 јули 2008
Мислења
4.537
Поени од реакции
238
ова пауза ќе биде многу лоша за Јуве... не е решена ситуацијата со Чиро, а неговиот концепт се распаѓа... кај е бе тој наследникот на Фиат групацијата да промени нешто, толку ли го заболе цеф :uvo:
Па грешка мислиш добро ќе дојде паузата да се анализира каде ни е слабата точка и да се решат каде се проблемите дали во тренерот или играчите и кои се недоразбирањата меѓу нив:toe::juve:
 

Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
Мислам дека добро ќе ни дојде паузата како за играчите така и за нас. Парма е силна екипа ама со добар одмор и добра ментална подготвеност нема ништо да не спречи да ги тепаме.... Иначе Фосил темата е готова:vozbud:
Тиме позитивно си ме изненадил. Богами си бил бајаги компетентен за отварање на тема . Иначе ми се чини дека оваа илјадарка ја наполнивме многи побрзо од старата ?!
 

Тимче

HULK!
Член од
4 јули 2008
Мислења
4.537
Поени од реакции
238
Тиме позитивно си ме изненадил. Богами си бил бајаги компетентен за отварање на тема . Иначе ми се чини дека оваа илјадарка ја наполнивме многи побрзо од старата ?!
Ти се допаѓа темата?:vozbud: И тоа како побрзо ја наполнивме оваа уште побрзо ќе ја наполниме:vozbud::vozbud::vozbud::juve:
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.938
Поени од реакции
5.568
Единствено останува навивачите да направат нешто... управата веќе кажа јавно дека го подржуваат проектот “уништи го Јувентус“ ...Ова е веќе буквално окупација ... Се зачудив кога ја прочитав изјавата на Моџи вчера

"And lets not speak about Guido Rossi. He took away Juventus' Scudetti and gave them to Inter. Then what does he do? Goes to work for FIAT. What more can I say?

Само да се знае колку Елкан имаше корист од фарсополи

Не очекувајте ништо да се промени , затоа што тоа не им оди во прилог на одредени луѓе ... Ќе го гледаме Јувентус како тим од рангот на Фиорентина , Рома , Џенова ... нас што ни значи клубот, најтешко ќе ни е ...

Поздрав , со надеж дека Елкан утре нема да се разбуди ...
Прво, Моџи секојдневно дава по 3-4 изјави. Нормално нема што да работи (т.е. никој не го прима) и само дава совети (иако никој не го прашува).Неговите изјави моментално никој не ги зема здраво за готово.

Второ, Моџи изјави и дека казната што ја добил Џираудо не го засега, и дека случајот на Џираудо е сосема различен од оној неговиот. (А Џираудо е второобвинет, после Моџи, за истиот случај) И со самото тоа јасно и недвосмислено му го врти грбот на неговиот соработник.

Трето, Моџи е минато, а ова е фан клуб Јуве, а не е фан клуб Моџи.
 

Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
Прво, Моџи секојдневно дава по 3-4 изјави. Нормално нема што да работи (т.е. никој не го прима) и само дава совети (иако никој не го прашува).Неговите изјави моментално никој не ги зема здраво за готово.

Второ, Моџи изјави и дека казната што ја добил Џираудо не го засега, и дека случајот на Џираудо е сосема различен од оној неговиот. (А Џираудо е второобвинет, после Моџи, за истиот случај) И со самото тоа јасно и недвосмислено му го врти грбот на неговиот соработник.

Трето, Моџи е минато, а ова е фан клуб Јуве, а не е фан клуб Моџи.
Моџи ти кажа каде работи Гвидо Роси , значи Моџи не го измислил тоа ... али ајде ќе го сфатиш и тоа ... до вчера стоеше на страна на Блан и Секо , па денес бараш оставки... така и за ова ќе го промениш мислењето ... Ако на никого не го интересираа изјавите на Моџи немаше ни да го интервјуираат по 10 пати на ден ...

Моџи не рече дека не го засега казната туку дека тој сеуште не е осуден ... за двајцата си има посебен процес , само Џираудо направи грешка шо побара да му се суди по брза постапка. ... Само ти тоа го гледаш како вртење на грб , уствари не сакаш да ја доловиш вистинската смисла ... Иначе ако не си информиран Моџи и Џираудо се сеуште добри пријатели...

Моџи не е минато ... поготово ако се врати Бетега :wink:
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.938
Поени од реакции
5.568
Моџи ти кажа каде работи Гвидо Роси , значи Моџи не го измислил тоа ... али ајде ќе го сфатиш и тоа ... до вчера стоеше на страна на Блан и Секо , па денес бараш оставки... така и за ова ќе го промениш мислењето ... Ако на никого не го интересираа изјавите на Моџи немаше ни да го интервјуираат по 10 пати на ден ...
Јас стојам на страната на Јувентус, а не на Блан, Секо, Моџи итн. И, ако сум побарал оставки од Блан и Секо, тоа не значи дека ќе го променам мислењето за Моџи.

А за изјавите на Моџи, тој поседува акции во весникот „Либеро“ (каде што е и колумнист), и скоро 90% од неговите изјави потекнуваат токму од тој весник, така да никој не го интервјуира по 10 пати на ден, туку тој едноставно сака да биде влијателен преку делумно свој весник.

Моџи не рече дека не го засега казната туку дека тој сеуште е осуден ... за двајцата си има посебен процес , само Џираудо направи грешка шо побара да му се суди по брза постапка. ... Само ти тоа го гледаш како вртење на грб , уствари не сакаш да ја доловиш вистинската смисла ... Иначе ако не си информиран Моџи и Џираудо се сеуште добри пријатели...

Моџи не е минато ... поготово ако се врати Бетега :wink:
1. Моџи рече дека неговиот процес НЕМА ВРСКА со тој процес што се водеше против Џираудо, и тој процес не може да му наштети нему.

2. Донесена е одлуката. Бетега се враќа во Јувентус, тоа ќе биде официјализирано максимум до Среда. Тоа што Бетега беше дел од Тријадата, не значи дека повторно ќе соработува со Моџи. Бетега си ја докажа пред Суд својата невиност, ослободен е од сите обвинувања, а Бетега ќе соработува со Моџи само кога Моџи ќе ја докаже својата невиност (ако ја докажи).
 

Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
1. Моџи рече дека неговиот процес НЕМА ВРСКА со тој процес што се водеше против Џираудо, и тој процес не може да му наштети нему.

2. Донесена е одлуката. Бетега се враќа во Јувентус, тоа ќе биде официјализирано максимум до Среда. Тоа што Бетега беше дел од Тријадата, не значи дека повторно ќе соработува со Моџи. Бетега си ја докажа пред Суд својата невиност, ослободен е од сите обвинувања, а Бетега ќе соработува со Моџи само кога Моџи ја докаже својата невиност (ако ја докажи).
1. Па точно дека нема врска... да имаше врска немаше да има посебно процеси за двајцата ... толку е тешко да сфатиш

2. Како шо реков вчера... Бетега неофицијално ќе соработува и ќе се консултира со Моџи ,а тоа нема врска со тоа што Моџи бил обвинет или осуден :wink:

Значи не викам дека сигурно ќе биде така , но повеќемина тоа ми го рекоа ... А и тоа е единствен начин да се промени нешто ...

Бетега најдобро знае... само ако му дадат дефинирана функција и потполна слобода (шо не верувам)
 
С

сашенко

Гостин
Стварно не ја сваќам работава.Колку одлучувачки утакмици за кариерата на ферара треба да поминат за да Блан свати дека не оди?Абе тој наочари за швајцање да не носи на утакмица кога оди?Толку ли не гледа дека со тимот нешто не е во ред и дека покрај толку голем потенцијал што имаме не успеваме да победиме над тимови кои би требало да бидеме надмоќни на терен и со втор тим ако играме?
Обој блан се повеќе и повеќе покажува колку е слабак и колку само не сака да признае дека згрешил.Епа додека он се обидува да свати што се случува овде некој си кине живци..Стварно неможам да разбера што сака блан да се случи за да свати дека ФЕРАРА НЕ Е ТРЕНЕРОТ.И што треба да се случи за да свати Елкан дека БЛАН НЕ Е ЧОВЕКОТ.За Секо да не праам муабет :tapp:...И зарем мора со вакви муабети да ја завршуваме темава?Ај ве молам кој и да ја има можноста да ја затвори темава со последното мислење нека го искористи за да стаи клип4е од нашите навивачки химни да се знае и дека на оваа тема нешто сепак се славеше и се пееше..и новата со среќа нека ни е и само да пееме и се радуваме и да фалиме таму...
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.938
Поени од реакции
5.568
1. Па точно дека нема врска... да имаше врска немаше да има посебно процеси за двајцата ... толку е тешко да сфатиш

2. Како шо реков вчера... Бетега неофицијално ќе соработува и ќе се консултира со Моџи ,а тоа нема врска со тоа што Моџи бил обвинет или осуден :wink:

Значи не викам дека сигурно ќе биде така , но повеќемина тоа ми го рекоа ... А и тоа е единствен начин да се промени нешто ...

Бетега најдобро знае... само ако му дадат дефинирана функција и потполна слобода (шо не верувам)
1. Двајцата се обвинети за калчополи, Моџи е ПРВООБВИНЕТ. Џираудо е ОСУДЕН на 3 години затворска казна, и тоа како ВТОРООБВИНЕТ, а Бетега е ослободен зошто беше обвинет само за третата точка, нерегуларности при трансферите . Моџи изјави дека поседува докази, но ако не поседува сигурно ќе биде казнет со поголема казна од таа на Џираудо. (постапките се различни, но се обвинети за исто дело, и ист случај)

2.Тоа се само претпоставки и шпекулации.

3. Бетега според најавите ќе ја добие позицијата која остана празна при назначувањето на Блан за Претседател. Бетега најверојатно ќе биде Генерален Директор, што е функција одма после Претседателот, а ако се вистинити тие тврдења, ниту еден трансфер во Јувентус нема да може да се реализира без негова согласност.

После натпреварот со Милан, ќе има уште еден состанок на Бордот на Диерктори, и ако видно не се променат работите во Јувентус се најавува можна смена на Блан и назначување на Андреа Ањели како Претседател на Јувентус.

Марчело Липи изјави дека тој ја поддржал идејата да се ангажира Чиро Ферара за тренер на Јувентус, и дека сметал дека тоа е одлична идеја. Исто така ја поздрави одлуката Бетега да се врати во Јувентус, изјавувајќи дека Бетега е роден Бјанконеро. линк
 

Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
Марчело Липи исто така изјави дека нема да се врати во Јувентис ни како тренер ниту во управа ... не е будала да дојде во пропадната институција предводена од луѓе кои работат за нејзина штета ...

Битно е Елкан и Блан да се советуваат со него ... добар совет добија за Канаваро и Гросо ... Италија ќе има спремна репрезентација за СП ...

Единствена надеж остануваат Бетега и неговиот “консултант“ ...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom