Здраво bianconeri, долго време ги следам дешавкиве на форумов само некако ме мрзеше да пишам, ама еве конечно се решив. Иначе bianconero сум од кога знам за мене, once bianconero, always bianconero :helou:
Околу мечот со Баерн. Уште кога ја видов формацијата, со Маркизио и Каморанези и еден класичен DMF знаев дека ќе не тепаат. Капак на се беа измените. Играчите беа преморени од натпреварот со Интер, фалеше мотивација, игравме пректично без среден ред. Ниту имаше помош на одбраната, ниту пак корисни топки за напаѓачите. Дефинитивно во овој Јувентус нешто мора да се менува, а според мене работите мора да почнат од управата т.е. тренерот. Чиро засекогаш ке остане вистински juventino меѓутоа покажа дека не е дораснат да води голем глуб како Јуве. Често менување на формации, погрешни измени во погрешно време, НЕМАЊЕ НА АВТОРИТЕТ.
Според мене ова е најголемата мана на Чиро. Нас ни треба тренер кој што ќе знае да ги приземји ѕвездите, јасно да им нагласи чив дрес носат и да не се заебаваат со името на Јувентус, затоа што веројатно не се свесни какви легенди го носеле црно-белиот дрес. Ни треба тренер од типот на Липи(мој омилен избор за наследник на Чиро), Капело, Фергусон. Стар волк кој што знае да го консолидира тимот кога е во криза, сепак јунаците на маката се познаваат.
Се надевам дека овој пораз ќе биде добар „шамар“ за освестување, и Јувентус повторно да се врати во оние времиња кога Дел Пиеро, Вијали, Раванели, Торичели, Бокшич, Југович, Ди Ливио, Песото, Бириндели, Замброта и компанија хараа низ Европа и беа став и трепет за сите. Верувам дека набрзо ќе се вратиме на овие патеки.
SOLO JUVE NEL MIO CUORE :helou: