Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
Наидов на интересна анализа за играта на Јувентус интересна е и мислам дека секој треба да ја прочита пред да коментира :wink: ТУКА
се согласувам во врска со мело и амаури....меѓутоа одбраната и не е баш така лоша,напротив поради невоиграноста на мело и сисоко(и двата дефанзивни плејмејкери,со враќањето на марчисио тоа сигурно ќе се среди ! ) допринесува за поголема порозност во одбраната...
каморанези некако се најде сам на својата позиција,без конкуренција,па некако и не се изнаигра на многу натпревари,потребно е големо освежување на таа позиција,можи да го проба малце и џовинко таму,малиот жари МОРА да му се даде поголема минутажа на било која позиција....
нападот е десеткуван така да и нема што многу да се очекува... здрав трезеге сега би бил прв стрелец во првенството,јакинта-неговото залагање трае 120 минути,за капитенот нема што да се зборува-душата на тимот....
 
G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.761
Поени од реакции
9.867
Според Тутоспорт, против Каљари Јуве ќе настапи со старата 4-3-1-2 формација:

Каморанези и Мело на клупата...
Најдобрата формација моментално, дефинитивно. Мело дефинитивно заслужува одмор, да се соземе и да стави прст на глава што не е во ред со неговата форма.

Се надевам дека тука ќе почнеме одново да си ја повраќаме добрата форма, ијако гостувањето е доста зафркнато. Сепак, очекувам победа на мечов.
 
Vartolu

makoto 誠 chu 忠義
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.380
Поени од реакции
6.084
Многу многу тешко ке биде со Каљари, сепак мислам не треба да изгубиме, јас очекувам ПОБЕДА, но по статистички нарешено одговара.
Овој натпревар со Каљари е од многу големо значење за Јувентус. Наредната недела е натпреварот со Интер и едноставно се освен победа против Каљари е рамно на пораз. Тој натпревар против Интер е можност Јуве да ја намали разликата со Интер и мора да ја искористи, а тоа го овозможува само победа над Каљари за да се задржи оваа разлика, или со евентуален кикс на Интер против Фиорентина и да се намали, но Јуве мора да победи со Каљари пред Дерби средбата со Интер.
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.255
Поени од реакции
8.172
Победата со Каљари е императив и е повеќе од потребна. Од друга старана во тој дуел ќе влеземе со морал на најниско можно ниво и изгубена самодоверба на играчите по поразот и добиената фудбалска лекција во Бордо. Сега треба играчите да ја покажат својата големина и да изреагираат позитивно во една ваква непријатна ситуација. Секако очекувам победа иако и мојот морал е на ниско ниво по поразот од просечните Бордо.
 
Мора да заборават на поразот на Бордо и да се фокусираат на претстојните натпревари со Каљари,Интер и Баерн, бидејќи се од огромно значење. Каљари е тим кој не смее да се потцени, играат на домашен терен и треба да се свати сериозно тој натпревар.
 
Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
Prema poslednite informacii Amauri e out za Kaljari... sto avtomatski znaci deka nemame drug izbor osven da se vratime na 4-2-3-1 so Del Piero kako prima punta
 
Член од
3 август 2009
Мислења
417
Поени од реакции
56
Prema poslednite informacii Amauri e out za Kaljari... sto avtomatski znaci deka nemame drug izbor osven da se vratime na 4-2-3-1 so Del Piero kako prima punta
А зошто да не се проба со Имобиле како партнер со Дел Пиеро во 4-3-1-2? Сам Дел Пиеро тешко дека ќе може нешто да стори во нападот, а вака со Имобиле којшто е жеден за да се докаже ке има поголем профит... барем според мене:toe:
 
Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.356
Поени од реакции
2.248

Подобро Џовинко да го игра отколку Имобиле, ке го стави како напаѓач заедно со некој (зависи како ке играат во првото полувреме), мислам дека Џовинко МОРА да се внесе во второто полувреме зависи од резултат мислам ако немаме гол постигнато или ако губиме. Мора да се искористи брзината и техниката на Џовинко за да дојдеме до евентуална победа против Каљари, и да чекаме кикс на Интер со Фиорентина, па после ако ги победиме готови се.

Или пак ако ништо не прикаже Маркизо по таа леваа страна, втора опција е Де Чеље, да го внеси да внеси малку живот во играта и малку по напаѓачки да одиме.
 
Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
Според Тутоспорт, против Каљари Јуве ќе настапи со старата 4-3-1-2 формација:

Каморанези и Мело на клупата...
Нечини формацијава !. Ако биде запрен Диего ја губиме утакмицава. Каљари е незгоден тим со брзи играчи. АКо ви текнува лани изгубивме дома од овие. Значи во ваква формација единствено сме опасни по средината , односно преку Диего. Ако тој биде отсечен , Дел Пиеро и Амаури ќе стојат ко здрвени напред без надеж дека некој ќе им создаде шанса. Доста незгоден натпревар , од Каљари зависи дали ќе влеземе во мини криза ( која и немора да значи дека ќе биде мини , следуваат дуели со Интер и Баерн , што значи дека можеме да влеземе во опасна криза , а тоа ќе значи и отказ на Ферара најверојатно ) или пак со победа да ја вратиме самодовербата од бламажата во Франција и со сите сили да влеземе во екстра важните дуели со Интер и Баерн , посебно овој вториот.
Лош потег е ставање на Дел Пиеро во прв состав. Треба да игра Џовинко , макар и како шпиц. Тој е једини кој може да повлече при ваков статичен состав ( со исклучок на Диего ). Со ваков состав можеме да победиме само на среќа , а тоа значи одбраната да изигра перфектно , Буфон да биде феноменален ... и некако да постигнеме гол од прекин.
Можеби немаме доволен капацитет на играчи кои можат да повлечат игра , да играат АМФ ... се покажува како грешка продажбата на Маркиони. За резерва беше супер.
 
Тотално се согласувам, можеби и најдобро би било со Џовинко наместо Маркизо, ке делува многу по опасно по левата страна, додека Сисоко и Поулсен ке решаваат за онаназад, незнам како би дошло ова, ама сепак мора да се употреби Џовинко на оваа страна, и ако можеме со долги топки од Поулсен како што беше на дуелот со Удинезе, ама Запата го сопре Амаури и не му даде да претне така да ке видиме одбраната на Каљари како ке делува на воздушни дуели или на долги пасови по земја.
Сепак мислам дека ова ке биди меч како со Сиена, глуп,досаден и 1 гол ке решава.
 
G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.761
Поени од реакции
9.867
Подобро Џовинко да го игра отколку Имобиле, ке го стави како напаѓач заедно со некој (зависи како ке играат во првото полувреме), мислам дека Џовинко МОРА да се внесе во второто полувреме зависи од резултат мислам ако немаме гол постигнато или ако губиме. Мора да се искористи брзината и техниката на Џовинко за да дојдеме до евентуална победа против Каљари, и да чекаме кикс на Интер со Фиорентина, па после ако ги победиме готови се.

Или пак ако ништо не прикаже Маркизо по таа леваа страна, втора опција е Де Чеље, да го внеси да внеси малку живот во играта и малку по напаѓачки да одиме.
Токму така, Џовинко едноставно мора да игра на мечов. Со оглед на повредите на Амаури, Јакинта, Трезеге, и неискуството на Имобиле, Себа би бил супер партнер на Алекс во формација 4-3-1-2. Во таков случај, нема да играме по крилата, со оглед на тоа што нема да имаме висок и курпулентен страјкер, па ќе може одлично да се искористи брзината на Себа плус онаа на Диего, а и креативноста на Маркисио и Камо за да креираме акции по средината на теренот.

Кога веќе ја спомнав формацијава, можеби е време да се вратиме на 4-3-1-2. Сега кога Маркисио се врати, ќе можеме да играме покреативна игра на средината во однос на онаа предходно. Заедно со Каморанези, Маркисио умее да ги повлече конците кон Диего и напаѓачите, така да мислам дека нема да го имаме проблемот со контролирање на топката со оваа формација. Момо/Поулсен ќе бидат тука кога е во прашање дефанзивата, и топ сме.

Во отсуство на Амаури, би излегол со нешто вакво:

Buffon

Grygera - Canna - Chiellini - Grosso

Camo - Momo - Marchi

Diego

Del Piero - Gio
 
Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
Можам да кажам дека Амаури тотално ме разочарува. Освен ланската полусезона што ја изигра на ниво , кога постигна десетина голови ... од тогаш навака е тотално изгубен. Не игра на ниво , не ги користи шансите , што е недозволиво за играч од негово ниво. Од најавуваниот дрим напад со Дел Пиеро , Амаури , Јакинта и Трез ... Јувентус има еден просечен напад. ОД сите овие можеби најдобар досега е Трезеге , од оној кој најмалку се очекуваше. Другиве сите потрфрлија.

За Алекс е до некаде оправдано ... бидејќи долго време беше повреден , али се гледа дека во неговите нозе има техника , но не и брзина за да одговори на задачите. Премногу е спор , лесно се чита , физички инфериорен , паѓа при прв контакт ... стар е веќе човекот , неможе со зборови да се искаже благодарноста до него ... али ако му сака добро на Јуве треба да се повлече на време. Самиот треба да знае кога е најдобро време за тоа.

Јакинта ... некад игра феноменално , али некад како знае да ја утупи тоа чудо некое. Слабо издание и од него сезонава. На почетокот на сезонава беше најдобриот наш напаѓач , али потоа ко да влезе во некоја криза ( ми текнува само на промашуввањата против Фиорентина ) ... Како и да е доколку би бил расположлив јас него би го ставил во игра пред Амаури. Неговото враќање е најавено за Јануари. Беше најавена повреда од еден месец отсуство , а ќе испаднат два и повеќе. Можеби Јуве навистина треба да го смени медицинскиот тим со оглед на повредите. Со Салихамиџич никој незнае што се случува, а добро би дошол за помош. Тој е ол раунд играч кој може да игра речиси на секоја позиција.

Очекував повеќе од нападот на Јуве, речиси сите разочараа сезонава , посебно Амаури.
 
Vartolu

makoto 誠 chu 忠義
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.380
Поени од реакции
6.084
Лош потег е ставање на Дел Пиеро во прв состав. Треба да игра Џовинко , макар и како шпиц. Тој е једини кој може да повлече при ваков статичен состав ( со исклучок на Диего ). Со ваков состав можеме да победиме само на среќа , а тоа значи одбраната да изигра перфектно , Буфон да биде феноменален ... и некако да постигнеме гол од прекин.
Амаури сеуште не е сигурно дали ќе отсуствува, ама ако отсуствува против Каљари, тогаш повеќе од сигурно е дека Дел Пиеро ќе биде стартер, бидејќи во тој случај, тој ќе биде единствениот напаѓач што го има на располагање Чиро, и мислам дека во тој случај сигурно е дека Јуве ќе настапи со 4-3-1-2 формација.

Исто така, за според последните информации покрај Амаури, не е сигурно дали против Каљари ќе настапи и Гросо кој исто така чувствувал болки, и на денешниот тренинг заедно со Амаури вежбале во сала. линк
 
Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
Амаури сеуште не е сигурно дали ќе отсуствува, ама ако отсуствува против Каљари, тогаш повеќе од сигурно е дека Дел Пиеро ќе биде стартер, бидејќи во тој случај, тој ќе биде единствениот напаѓач што го има на располагање Чиро, и мислам дека во тој случај сигурно е дека Јуве ќе настапи со 4-3-1-2 формација.

Исто така, за според последните информации покрај Амаури, не е сигурно дали против Каљари ќе настапи и Гросо кој исто така чувствувал болки, и на денешниот тренинг заедно со Амаури вежбале во сала. линк
Дел Пиеро многу подобро ќе се снајде како централен шпиц во форот отколку како лево крило. На лево крило да игра Џовинко и можеме да се надеваме на успех на Сардинија.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom