Зошто не го обвинуваш Моџи дека не сакаше да даде + 5милиони да го купи Кристијано Роналдо од Спортинг, туку со сите средства го убедуваше Салас да замине во Спортинг против своја волја, за Кристијано да потпише? Туку ги обвинуваш Секо и Блан? Биди објективен, и суди им на сите исто. Ги обвинуваш Секо и Блан зошто не го ангажирале Рибери,Насри итн, а не го обвинуваш Моџи зошто не го ангажираше Кристијано Роналдо? Салас одби да замине во Спортинг, при што Моџи можеше да го купи Роналдо за само + 5 милиони од тогашната понуда. Моџи не ги даде парите, и потоа Роналдо замина во Манчестер Јунајтед, каде стана најдобриот играч во светот. Според твојата логика, Моџи треба да се обвинува. Зошто Моџи не даде +5 милиони од постоечката понуда и во Јуве ќе дојдеше најдобриот играч во светот? Јас не го обвинувам Моџи, тој веројатно тогаш така ги проценил работите и сметал дека толку не вреди К.Роналдо, што денеска се испостави дека Моџи згрешил во проценките, но тоа не ми дава право да фрлам со дрва и камења по Моџи, како што тоа ти го правиш со Секо.
Трета работа. Јас навивам за Јуве, а не за Моџи, Секо, Блан, Џираудо.