Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.237
Поени од реакции
8.135
Абе луѓе до сабајале да дебатирате повторно нема да излезете на крај. Три бода се три бода. Победата заслужена или не сепак е победа. Како навивачи на спротиставени тимови сите различно гледаме на одлуките на судиите, али тоа е тоа. Сезоната е долга , ќе има многу спорни моменти. Утре за нас ќе свирнат пенал или ќе дадеме гол од офсајд, па интерашите нема да бидат задоволни. Некогаш ( како вечерва ) ние нема да бидеме задоволни. МИслам дека во досегашниот тек од шампионатот има изедначен критериум и за Јуве и за ИНтер. Водството од 4 бода на ИНтер треба да го бараме во нашите киксови ( како оној со Болоња на дом. терен ). Шампионот оваа сезона ќе го одреди оној кој ќе игра подобро , а не оној кој ќе има поголема / помала помош од судиите.
Јас би го додал и киксот со Фиорентина на домашен терен. Инаку ако победата ни била подарена со Лацио како што тврди Syn, тогаш со Џенова ни беше одземена кога ни беше поништен чист гол (другиот поништен гол беше офсајд).
 

HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.897
Поени од реакции
1.212
Добро, ти прв пат гледаш вакви пенали, ја по 100ти пат гледам, или гледаш фудбал само од оваа сезона или друго е проблемот, омразата кон Интер апла те ослепила .
Смешно е што знаеш дека имало фаул но убеден си во тоа дека не смеел да биде досуден зашто имало 3ца околу него . Епа ако ова стварно егзистираше денес во фудбалот знаеш што ке правеа, ке земат 3ца ке ставеа околу Меси или Роналдо и цело време ке го шутираа во нога и нормално, според твоево размислување судијата немаше да досуди фаул зашто играчите немале излез .
Или, а влезе некој у шеснаетерец, одма тројца околу него од кои еден ке задава удари во задниот дел од ногата со цел он да падне, нормално, според твоево размислување, играчот наводно ке немал излез и судијата немаше да досуди пенал, пак, премногу смешно и глупаво размислување.
Гледам дека џабе дискутираме ама ајде, меси кога влегува во шеснаесетник е во полн трк а не статично ко балотели, не оти беше интер,и за ЈУВЕ да беше досуден ваков пенал истово ќе го велев, а ти ако го споредуваш балотели со МЕСИ тогаш си во голема заблуда, балотели ќе го стигне меси кога петелот ќе снесе јајца :helou:
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Абе ни ја посраа темава овие!
Прочитав една глупост у стил "како да ви свират кога имате 2 скандали позади вас"
Eпа пријателе за тие наводни скандали Јуве го јадеше курот и играше во Б една сезона.
Казната е одработена и мора да има објективност...
Ама ај па ја ти објаснувам, знам дека ти мрзнеше гомно пред 80-та мин, признај... :wink:

70:smir::smir:
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.981
Поени од реакции
45.297
Тоа го сметаш за контакт, а не го сметаш она на Самуел, сега ќе почнеме со правила малце :pos2:, ситуацијата во која Самуел го влечеше Кјаер ако не се лажам нам пред 2 сезони ни се случи против Калјари, Зебина 2 пати го направи истото и си заработи црвен :toe: и според правилата тоа било пенал, и беа досудени 2 пенала против нас така да Талавенто можеше слободно да покаже на белата точка.
Aбе ти реков, исто влечење и буткање имаше и кога Интер изведуваше корнер, такви контакти ако судат на еден меч ке има минимум 10 пенали. Кјаер А не кажа, ти реков, пак стигна до топката но лошо реагираше, дури и Самуел дегенот се одби од него и го остави да шутира . Такви влечења скоро секогаш има при изведување на корни, или и ова прв пат го гледаш ?
Гледам дека џабе дискутираме ама ајде, меси кога влегува во шеснаесетник е во полн трк а не статично ко балотели, не оти беше интер,и за ЈУВЕ да беше досуден ваков пенал истово ќе го велев, а ти ако го споредуваш балотели со МЕСИ тогаш си во голема заблуда, балотели ќе го стигне меси кога петелот ќе снесе јајца :helou:
Абе фаул е фаул, дал бил статичен, дал лежел на земја, дал позлел сеедно, ако има фаул тогаш тој мора да биде санкциониран . Фаул врз Балотели имаше, истиот беше досуден и тоа е тоа, браво за судијата зашто друг и немаше да го види тој контакт зашто дефакто тешка беше за судење таа ситуација .
Јас би го додал и киксот со Фиорентина на домашен терен. Инаку ако победата ни била подарена со Лацио како што тврди Syn, тогаш со Џенова ни беше одземена кога ни беше поништен чист гол (другиот поништен гол беше офсајд).
Нц, нит сум рекол дека таа победа им е подарена нит ке кажам, ете, нека било фаул, нема везе, сеедно, 3 бода се 3 бода, никогаш не се служам со реторика у стил, овие намерно судат за Јуве или Милан, само одговарам на неосновани напади врз Интер па праам споредби .
И да не го спомнев тој момент, се задржуем за неоснованите обвинувања за намерно досудениот пенал за Интер, реков, и јас имав впечаток дека Балотели симулираше но кога го видов ударот во неговата нога тогаш тек укапирав дека судиската одлука е оправдана.
Не бегам јас од очигледни работи, ке искоментирав на темата за Интер дека немало пенал и немаше 1 пост тука да напишам односно да реплицирам . :wink:
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Гледам дека џабе дискутираме ама ајде, меси кога влегува во шеснаесетник е во полн трк а не статично ко балотели, не оти беше интер,и за ЈУВЕ да беше досуден ваков пенал истово ќе го велев, а ти ако го споредуваш балотели со МЕСИ тогаш си во голема заблуда, балотели ќе го стигне меси кога петелот ќе снесе јајца :helou:
Тоа ти се навијачи на интер пред 2 утакмици збореа Балотели ваков онаков тапа е треба да си оди од тимот а сега го споредуваат со Меси дај изјаснете се ни господ не ве разбира
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.995
Поени од реакции
5.610
Не треба да не интересира играта на ИНтер. Се од нас зависи. Да излегуваме секој натпревар со ваква мотивација резултатите сами по себе ќе дојдат. Киксовите на ИНтер ќе дојдат. Битно е ние да победуваме. Не се тие непобедливи.
Се согласувам со тебе. Пред секој натпревар, играчите на Јуве треба да влегуваат со единствена цел, победа, независно кој е противникот. Има квалитет овој состав на Јувентус, и со еден таков менталитет мислам дека успехот сам по себе ќе си дојде.

Нареден натпревар е против Наполи. Се сложувам дека доколку се влезе со ист менталитет и со иста глад за победа, мислам дека нема да има проблем Јуве да забележи победа над Наполи, но мора да се внимава. Наполи има квалитетни играчи, играчи кои знаат да бидат доста опасни, но со игра слична на онаа со Сампдорија мислам дека нема да има никаков проблем.

После Наполи, Јуве и гостува на Аталанта, па го пречекува дома Удинезе, гостува во Каљари и потоа е Дербито на Италија во Торино. Битно да се напомене е што Јуве со Интер игра на 5 Декември, а на 8 Декември е натпреварот против Баерн Минхен.
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.237
Поени од реакции
8.135
После Наполи, Јуве и гостува на Аталанта, па го пречекува дома Удинезе, гостува во Каљари и потоа е Дербито на Италија во Торино. Битно да се напомене е што Јуве со Интер игра на 5 Декември, а на 8 Декември е натпреварот против Баерн Минхен.
Мислам дека е од пресудно значење да се влезе во последното коло од ЛШ со обезбеден пласман во осминафиналето. Само во тој случај играчите нема да бидат со мислите на дуелот со Баерн и ќе може да го пружат својот максимум во дербито со Интер. Значи многу е битно да се освојат 6 бода во дуелите со Макаби и Бордо.
 

HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.897
Поени од реакции
1.212
Aбе ти реков, исто влечење и буткање имаше и кога Интер изведуваше корнер, такви контакти ако судат на еден меч ке има минимум 10 пенали. Кјаер А не кажа, ти реков, пак стигна до топката но лошо реагираше, дури и Самуел дегенот се одби од него и го остави да шутира . Такви влечења скоро секогаш има при изведување на корни, или и ова прв пат го гледаш ?

Абе фаул е фаул, дал бил статичен, дал лежел на земја, дал позлел сеедно, ако има фаул тогаш тој мора да биде санкциониран . Фаул врз Балотели имаше, истиот беше досуден и тоа е тоа, браво за судијата зашто друг и немаше да го види тој контакт зашто дефакто тешка беше за судење таа ситуација .

Нц, нит сум рекол дека таа победа им е подарена нит ке кажам, ете, нека било фаул, нема везе, сеедно, 3 бода се 3 бода, никогаш не се служам со реторика у стил, овие намерно судат за Јуве или Милан, само одговарам на неосновани напади врз Интер па праам споредби .
И да не го спомнев тој момент, се задржуем за неоснованите обвинувања за намерно досудениот пенал за Интер, реков, и јас имав впечаток дека Балотели симулираше но кога го видов ударот во неговата нога тогаш тек укапирав дека судиската одлука е оправдана.
Не бегам јас од очигледни работи, ке искоментирав на темата за Интер дека немало пенал и немаше 1 пост тука да напишам односно да реплицирам . :wink:
Не велам дека нема влечења има и тоа какви, само прочепкав малце на нет и видов дека на тој дуел со Калјари судија бил токму Талавенто, е како тогаш досудил 2 пенала од такви ситуации против нас а сега не, малце чудно а, или таков му бил денот, ајде ајде џабе дискутираме само, никој нема да отстапи од својот став.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.981
Поени од реакции
45.297
Не велам дека нема влечења има и тоа какви, само прочепкав малце на нет и видов дека на тој дуел со Калјари судија бил токму Талавенто, е како тогаш досудил 2 пенала од такви ситуации против нас а сега не, малце чудно а, или таков му бил денот, ајде ајде џабе дискутираме само, никој нема да отстапи од својот став.
Имаш на фан клуб Интер линк од денешниот пенал, 28ма секунда, нит Балотели бил статичен, нит немал излез у таа ситуација него измести 3ца противници и беше соборен со прекршок . :smir:
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Тоа ти се навијачи на интер пред 2 утакмици збореа Балотели ваков онаков тапа е треба да си оди од тимот а сега го споредуваат со Меси дај изјаснете се ни господ не ве разбира
Значи Тенкчо,никој ама баш никој од фан-клуб Интер,не рече дека сакаме да си оди Балотели,напротив го пцуеме само поради неговото однесување,кое е доста лошо и никако да се смири.

Ти ако ги мешаш Ибра и Балотели твој проблем...:pipi:
 

HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.897
Поени од реакции
1.212
Имаш на фан клуб Интер линк од денешниот пенал, 28ма секунда, нит Балотели бил статичен, нит немал излез у таа ситуација него измести 3ца противници и беше соборен со прекршок . :smir:
Малце ја вртиш темава сега ама нема везе, ајде нека биде по твое било пенал :wink:, во претходниот пост јас не го спомнав балотели туку Талавенто, исти прекршоци,различни тимови, против нас 2 пенала против шинтер ниту еден.
 

Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
Мислам дека е од пресудно значење да се влезе во последното коло од ЛШ со обезбеден пласман во осминафиналето. Само во тој случај играчите нема да бидат со мислите на дуелот со Баерн и ќе може да го пружат својот максимум во дербито со Интер. Значи многу е битно да се освојат 6 бода во дуелите со Макаби и Бордо.
Би било добро да ние обезбедиме пласман во осминафиналето пред последниот дуел со Баерн Минхен. Клучен ќе биде натпреварот со Бордо на гостински терен ( Бордо сега губи од Баерн 100% , ние ја тепаме Хаифа ), Доколку го тепаме Бордо на гости , сигурно обезбедуваме пласман во следната фаза ( со претпоставка дека би немале проблеми со Макаби ). Ќе биде заебано доколку во псоледното коло со Баерн Минхен би бркале виза за пласман во 1/8 финалето. Тогаш се би било можно, дури и испаѓање. Затоа треба порано да си ја завршиме работата. Сеедно е според мене дали ќе бидеме први или втори во групата , некад е можно да бидеш и втор , а да добиеш полесен противник. Едноставно сите се исти, нема лесни и тешки, доколку крајната цел ти е финале ... едноставно нема потреба од стравување за противникот.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.995
Поени од реакции
5.610
Мислам дека е од пресудно значење да се влезе во последното коло од ЛШ со обезбеден пласман во осминафиналето. Само во тој случај играчите нема да бидат со мислите на дуелот со Баерн и ќе може да го пружат својот максимум во дербито со Интер. Значи многу е битно да се освојат 6 бода во дуелите со Макаби и Бордо.
Да да. Натпреварот во Бордо ќе биде од исклучителна важност, но не треба да се потцени ниту Макаби. Макаби нема ниту бод во ЛШ и најверојатно ќе даде се од себе за тоа да го направи на домашен терен против Јуве.

Табелата во ЛШ групата моментално изгледа вака:

Бордо 7
Јуве 5
Баерн 4
Макаби 0

Наредно коло, Јуве гостува во Израел, а Баерн го пречекува Бордо. Јуве мора да победи, со оглед дека после го очекува тешко гостување против Бордо, и против Баерн на домашен терен во последното коло. Од голема важност за понатамошниот тек на настаните ќе биде и кој ќе излезе за победник од дуелот меѓу Баерн и Бордо, но Јуве во секој случај мора да победи.

Сеедно е според мене дали ќе бидеме први или втори во групата , некад е можно да бидеш и втор , а да добиеш полесен противник. Едноставно сите се исти, нема лесни и тешки, доколку крајната цел ти е финале ... едноставно нема потреба од стравување за противникот.
Токму така. Пример за тоа е минатата сезона, кога иако Јуве беше прв во групата покрај Реал и Зенит, сепак како противник го доби Челзи.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.981
Поени од реакции
45.297
Малце ја вртиш темава сега ама нема везе, ајде нека биде по твое било пенал :wink:, во претходниот пост јас не го спомнав балотели туку Талавенто, исти прекршоци,различни тимови, против нас 2 пенала против шинтер ниту еден.
Чекај чекај :), jaс ја вртам темата или ти ? Зашто имаме 100 поста за денешниот пенал врз Интер, и наеднаш ти ми спомнуваш некои 2 пенала против Јуве досудени од овој судија, момент кој нема ама баш никаква врска со чистиот пенал врз Балотели .
Клипот, на 24 секунда и на 28ма јасно ко ден го покажува фаулот врз играчот на Интер и стварно не гледам веќе потреба зашто би дискутирал за тој момент .

А сеа што ми спомна некој меч на Талавенто кој го судел за Јуве со Каљари стварно сеедно, не гледам каква врска има тоа со денешниот меч и Интер, ако ете наводно досудил два пенала против Јуве и ги оштетил од тоа корист имале и Милан, може и Рома, Фиорентина, не само Интер, мада, пак, не гледам каква врска има тоа со ова денес. :wink:
 

HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.897
Поени од реакции
1.212
Да да. Натпреварот во Бордо ќе биде од исклучителна важност, но не треба да се потцени ниту Макаби. Макаби нема ниту бод во ЛШ и најверојатно ќе даде се од себе за тоа да го направи на домашен терен против Јуве.

Табелата во ЛШ групата моментално изгледа вака:

Бордо 7
Јуве 5
Баерн 4
Макаби 0

Наредно коло, Јуве гостува во Израел, а Баерн го пречекува Бордо. Јуве мора да победи, со оглед дека после го очекува тешко гостување против Бордо, и против Баерн на домашен терен во последното коло.
Од голема важност за понатамошниот тек на настаните ќе биде и кој ќе излезе за победник од дуелот меѓу Баерн и Бордо, но Јуве во секој случај мора да победи.


Токму така. Пример за тоа е минатата сезона, кога иако Јуве беше прв во групата покрај Реал и Зенит, сепак како противник го доби Челзи.
Со играта што ја прикажаа против Сампдорија, макаби може само да се обиде да не биде посрамотен на домашен терен, а и со Бордо очекувам победа, а што сте се уплашиле толку од Баерн ко да се некој којзнае каков тим, само нека продолжат со ваква игра и кој сака нека дојде.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom