Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
Честитки и од мене за 3-те бода ... го гледав само првото полувреме и задоволен сум од него ... секоја чест за Jакинта го реши натпреварот :)
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.341
Поени од реакции
2.235
Добар натпревар за Јуве, на крајте ме исплашија малку али се беше добро. Се гледа дека Киево е подобрен оваа година и лани не беше слаб. Се гледа дека не сме уиграни со Диего, златни потези прави само да се навикнеме на оваа игра што ја прави Диего. Очекував Трезеге да влезе бидејки со оваа тактика идевме на високи топки, мислам поопасни бевме за прекини и фалеше Трезеге. Али доби шанса и Мароне, добри перфоманси покажа во пријателските на Јуве и заслужи да одигра нешто. Секоја чест за Амаури перфектно изигра, ке биде страшен оваа сезона, има дриблинг страшен кој може да ја реши утакмицава. Браво и за Поулсен, си ја заврши својата задача, како што знам еднаш згреши и одма се поправи после тоа.
Момци во другото коло ке бидеме 95% фит со составот па да се надевам на уште една победа во РИМ.
ФОРЗА ЈУВЕНТУС
 
Член од
25 јануари 2008
Мислења
1.839
Поени од реакции
68
Честито победата, која што ја тешко ја добивме Киево уште еднаш докажаа дека се многу жилав тим. Првото полувреме беше добро, но второто катастрофа, не смееме да паднеме играчки со тим како Киево, значи мора што побрзо да се формира тандемот Мело-Сисоко затоа што со Поулсен ништо не правиме, да бидеме реални, имавме малку среќа вечерва слаби бевме, пофални зборови имам само за Канаваро, Амаури и Јакинта, донекаде добри беа Маркизио и Брацо другите слабо . . .
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.605
Честито победата, која што ја тешко ја добивме Киево уште еднаш докажаа дека се многу жилав тим. Првото полувреме беше добро, но второто катастрофа, не смееме да паднеме играчки со тим како Киево, значи мора што побрзо да се формира тандемот Мело-Сисоко затоа што со Поулсен ништо не правиме, да бидеме реални, имавме малку среќа вечерва слаби бевме, пофални зборови имам само за Канаваро, Амаури и Јакинта, донекаде добри беа Маркизио и Брацо другите слабо . . .
Првото полувреме Јуве играше супер, второто полувреме играше послабо, а посебно последните минути од натпреварот. Но, на терен Јуве во средината ги имаше Тиаго, Маркизио, Диего и Поулсен, и од четворицата само Диего е во првиот состав на Јуве . Отсуствуваа Сисоко, Мело и Каморанези (кој влезе последните 5мин), така да очекувам дека играта ќе се подобри многу..Плус , добро е кога тимот победува и кога не игра толку убаво. Нареден меч е гостување во Рим против Рома која денес претрпе пораз од Џенова, и ќе биде доста тешко гостување за Јуве..
 
Член од
21 август 2008
Мислења
5.204
Поени од реакции
953
cestito za pobedata kako prvo kako vtoro dvajcata klucni igraci bea diego koj asistirase i canavaro koj dobro izigra vo odbrana (si go ispolnuva po malce vetuvaneto) treta rabota igravme bez melo del piero sisoko i caseres a nedela isto taka ocekuvam pobeda vrz roma dr rabota site go kritikuvate grigera gledam abe luge videte dobro go zapocna toj natprevarot i stalno taka igra dobro pa se zamoruva i ko da mu paga koncentracija neznam ( ne go branam poso mozese da e kobno po nasiot gol)znaci vo idnina vaka sovesno ne treba da im se ostava igra na site poso se znae mozi ida ne kaznat ali vo glavno sum zadovolen od rezulatatot i igrata vo prviot del a vo vtoriot del nekako ko da pozaspaa nasite a vo vtoriot del diego imase edna prekrasna asistencija kon jakinta steta so ne vleze stativa koga udri pozz:vozbud::vozbud:
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Melo имаше казна еден натпревар и ќе игра на наредниот, а Sissoko е повреден и нема да игра уште неколку натпревари.
 

Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
Очајно ни е потребен десен бек. Неможеме да играме со Григера , а Зебина воопшто не е константен (пред се поради повредите ). Еве читам дека се обновува интересот за Рафиња , и после вчерашниот натпревар Секо и Џиљи ( значи и Ферара ) воопшто не биле задоволни од десната бековска позиција. Треба да се ослободиме од Григера ... што се однесува до мене може и без пари да си замине, само нека се изгуби.
И левата бековска позиција не е којзнае што ... немаме ниту лев бек . Де Чеље мислам дека нема искуство и квалитет да го носи товарот, за Молинаро е веќе позаната приказна ... човекот е по грешка во Јуве. Значи колку и да ни се добри централните дефанзивци сепак бековите и тоа како ни се слаби ... и мислам дека ќе бидат најслабите точки оваа сезона ( освен ако не се направи некој трансфер ). Со вакви бекови при ваква формација ќе играме катастрофално ( како вчера кога не створивме ниедна шанса во второто полувреме против противник од рангот на Киево )

Можеби делувам песимистички али мислам дека доколку не купиме некој квалитетен бек тешко дека може да се надеваме на којзнае каква сезона. Се покажа на припремните натпревари а се виде и вчера дека многу сме слаби по страничните позиции. Во ваква ромб формација во средината, без напаѓачки бекови ( со речиси тројца деструктивци во средината ) опасноста доаѓа само од атак мидфилдерот ( во случајов Диего ).
Диего вчера изигра просечно ... може тој многу подобро , али ова е калчо ... не е бундес лига. Доколку биде запрен Диего ... шансите за добра игра и стварање шанси се и тоа како многу мали. А и премногу грубо се играше над него ( тоа може да се очекува цела сезона , знаејќи ги Италијанците ). Треба да размисли Ферара или да купи добри бекови , или да менува формација.
 
Член од
25 јануари 2008
Мислења
1.839
Поени од реакции
68
Ова ќе бидат долги 7 дена изгледа, се посериозен е интересот за Рафиња.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.605
Диего вчера изигра просечно ... може тој многу подобро , али ова е калчо ... не е бундес лига. Доколку биде запрен Диего ... шансите за добра игра и стварање шанси се и тоа како многу мали. А и премногу грубо се играше над него ( тоа може да се очекува цела сезона , знаејќи ги Италијанците ). Треба да размисли Ферара или да купи добри бекови , или да менува формација.
Григера беше најслаб на натпреварот . Многу грешки, киксови, а тоа не е дозволено за во тим од рангот на Јувентус . Во отсуство на Зебина и Касерас (кој, патем не е класичен десен бек), Јуве нема друга опција за десен бек . Зебина е склон на повреди, и се надевам дека годинава ќе ги има што е можно помалку, но Јуве треба да биде подготвен на секакви можни сценарија , и затоа се надевам дека ќе биде ангажиран Рафиња .

Диего со оглед на тоа што ова му е прв официјален натпревар во Јуве според мене изигра одлично . Не може уште на првиот натпревар што го игра (освен 70 мин. пријателски натпревари) да се очекува од него да ги прави работите што ги правеше во Вердер , така да сметам дека одлично ќе се вклопи . Ќе се воиграат со Амаури и другите напаѓачи и ќе бидат далеку поопасни oд вчера .

Ова ќе бидат долги 7 дена изгледа, се посериозен е интересот за Рафиња.
Добро е што Секо и компанија ја воочиле слабата точка на Јуве, и сметам дека Рафиња е токму тој што би го решил тоа . Веќе подолго време Јуве се заинтересирани за Рафиња и сметам дека само една понуда од 9-10 милиони ќе го направи трансферот официјален .

Последните шпекулации говорат дека Јуве можно било да ги купи и Гросо и Рафиња со што би се затворил тимот за наредната сезона . Утрово, Претседателот на Јуве, Коболи, на кратко прашање дали ќе има ангажман на бек тој кратко одговорил дека трансфер пазарот е до 31 Август . Toa јасно говори дека се спрема нешто, а Раководството на Јувентус утринава имало ат-хок средба, и веројатно на таа средба ќе се донеси одлука за понатамошните интервенции на трансфер пазарот .

De Lucia
Kjaer - Cannavaro - Criscito
Guarente - Zapater
Diego - Ronaldinho - Di Natale
Cavani - Pato
Тимот на колото во Сериа А..

Инаку , денеска се очекува средба меѓу агентот на Рафиња и Секо на која средба ќе се разговара за ангажман на Рафиња .
 

DangerouzZ

Bianconero Till I Die !
Член од
24 август 2009
Мислења
366
Поени од реакции
21
Poz Bianconeri , ve pratev nekolku meseca vishe od akauntov od bratmi Bobi4e pa eve reshiv da se priklju4im na forumov a posebno na Fan Klubov ovde poshto sum vatren navija4 na Juve ushte od mali noge :wink: se nadevam na dobro druzhenje i slavenje na mnogu pobede sezonava vo Italija i Evropa !

Bianconeri Per Sempre !
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.751
Поени од реакции
9.786
Честито нека ни е победата, заслужена сепак, но играта не беше многу убедлива, особено во второто полувреме. 2 шута во голот против Киево не е којзнае колку добра игра. Сепак, подобри бевме, и си дојдовме до трите заслужени бода. Нека ни се множат.

Канаваро беше одличен. Ниту една најмала грешка немаше на натпреваров, перфекција од негова страна. Ги заќути и тие неколку навивачи што го сврикаа на почетокот. Со Киелини почнуваат да прават одличен бедем пред Џиџи. Григера беше најслаб дефинитивно. Ниту еднаш не нафрли како што треба... Поулсен, Тиаго, Маркисио беа ок. Диего, Амаури и Јакинта изиграа супер, цело време трчаа и се бореа за секоја топка.

Anyway, честитки за триумфот, и нека е прв од многуте сезонава. Во наредните кола, очекувам поубедлива игра, и секако уште поубедливи победи. :јуве1:

п.с Добредојде Стефан, и почесто пишуај ни овдека... не само да не читаш. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom