Мислам дека утре немаме никакви шанси.
РАНИЕРИ И СЕКО МОРА ДА СЕ ШУТНАТ од овој шампионски клуб!
евентуална победа (за раниери нерешено=победа) им го продолжува животот во Јуве на овие двајца лузери!
Треба секогаш да се надеваш на победа, дури и кога гледаш дека твојот тим се тетерави, не е во форма, повредите буквално го газат, треба да се зачува оптимизмот...Што ќе се случи утре ако Дел Пиеро, Амаури, Недвед, Сисоко влезат на терен со мисла дека немаат никакви шанси?
Ја сваќам цела лутина на навивачите на Јуве кои се научени да го гледаат Јуве на највисоко ниво во фудбалот, сваќам дека после неславниве резултати кои ги бележи Јувентус во последно навивачите се нестрпливи, нервозни, бесни..И мене не ми е мило да го гледам во онаа позиција..Но ние сепак како и да се наречиме, навивачи/симпатизери треба да бидиме зад клубот во добро и во лошо..Менување на тренер/управа (освен Липи) мислам дека би било погубно за Јуве во моментов.Прилагодување, консолидирање на силите, нов режим на работа, и оваа сезона да ја изгубиме..Со оглед на можните опции кои ги имаме моментално на тренерската позиција, мислам дека најдобро би било Раниери да остани барем до крајот на сезонава..
На крај на сезона, едно резиме, и ако задоволуваат резултатите на Раниери,арно, ако не клоците и нов тренер.. Тогаш можеби ќе може да се убеди Чезаре Прандели да се пресели во Торино..Тренер кој е СОЗДАДЕН за Италијански фудбал.. Ама реално да гледаме, знаејќи ја поврзаноста на Прандели со Фиорентина, мислам дека ќе биде многу тешко, ама не ја исклучувам таа опција..Прокружија информации дека Јувентус ќе се обидел нареднава сезона да го донеси Џузепе Марота (спортскиот директор на Сампдорија), ама можеби е само една обична шпекулација..
Како и да е ... Јас верувам дека Јуве ќе се врати, мотив имаат , и тоа ОГРОМЕН..Играат против најуспешниот тим во ЛШ..Само каква мотивација и самодоверба ќе добијат играчите доколку го совладаат Реал Мадрид..
Ќе речи некој дека не сум реален...Реален сум, знам дека ќе имаме МНОООГУ тежок натпревар..Ама не го отпишувам Јувентус, верувам во квалитетите..Се надевам дека овде ќе прославуваме..Форца Јуве!