Судењето на Pirate Bay

  • Креатор на темата Креатор на темата SV-Strange
  • Време на започнување Време на започнување
Иако се обвинети, крајот на пиратеријата е даааалеку. :)
 
vrpj4p.jpg


Шведскиот суд во Стокхлом ја соопшти пресудата. Сите четворица членови на тимот на The Pirate Bay се виновни бидејќи олеснувале и промовирале пристап до содржини заштитени со авторски права. Петер Сунде, Фридрик Неиџ, Готфрид Свартхолм и Карл Лундстром: сите прогласени за виновни и осудени на 1 година казна затвор.
Судот одлучи дека сите четворица инволвирани во создавањето и оддржувањето на The Pirate Bay, преку сајтот причиниле штета од 3.620.000 милиони американски долари и дека досега профитирале над 1 милион долари, и покрај тврдењето на осудените дека не добиле ни денар од сајтот.
Судењето кое го привлече светското внимание делумно заврши, делумно бидејќи сега се очекува создавачите на The Pirate Bay да поднесат жалба против одлуката бидејќи одбраната не се согласи со судот и сите се изјаснија дека не се виновни. Жалбата ќе биде поднесена до шведскиот Врховен суд, а можно е да биде инволвиран и Европскиот суд за правда.

Ќе биде прифатена жалбата и ќе им се укинат годините кои треба да ги поминат во затвор единствено може да платат нешто парична оштета.
 
TPB e i ke ostane broj 1 vo piraterijata...
 
а ќе се затвори сајтот??:nesum:

Нема шанси да се затвори и самите кажаа и ако се затвори моменталниот сервер кај што се наоѓа за рок од 48 саати ќе се отвори од друг крај на светот мислам Сунде имаше изјавено.
 
Нема шанси да се затвори и самите кажаа и ако се затвори моменталниот сервер кај што се наоѓа за рок од 48 саати ќе се отвори од друг крај на светот мислам Сунде имаше изјавено.

хахаха ѕверови се жими мајка
 
Нема шанси да се затвори и самите кажаа и ако се затвори моменталниот сервер кај што се наоѓа за рок од 48 саати ќе се отвори од друг крај на светот мислам Сунде имаше изјавено.

Не не не за 48 саати, за неколку минути. Ова е како Pirate Google. Кузнај колку сервери имаат :)
 
Се надевам дечкиве да ги ослободат, у осталом што направиле они за да се криви за прекршување на авторски права, да фатат вака да ги затвараат ќе има уште многу случаи. Затоа :
Пиратерија РулезЗ
 
Ако не нека ги тужат и тие што произведуваат медиуми зошто и на нив се става приратерија...
 
Политика, душо. Политика. :smir:

Бај д веј, Сунде пред малку изјави дека не сакаат луѓето да му праќаат донации за помош, рече дека нема да платат за пресудата. :pipi:
 
На пресудата кратки и се нозете

И од тоа толку беше. Адвокатот на еден од осудените во случајот против Пиратскиот залив, побара повторување на судењето откако истрагата покажала дека главниот судија во случајот е член на истите организации за заштита на авторските права, како и неколку претставници на ентертејмент индустријата.
vrpj4p.jpg

"Ова ќе биде истакнато во мојата жалба, па Апелациониот суд нека одлучи дали одлуката на првостепениот суд треба да биде ставена на страна и целиот случај да биде преиспитан," изјавил Петер Алтин, адвокатот на Петер Сунде, портпаролот на Пиратскиот Залив.

Според Алтин слична ситуација имале уште пред почетокот на судењето, кога заради можни врски со музичката индустрија, првиот судија на случајот бил исклучен.

Судијата Томас Норстром е член на Шведската асоцијација за авторски права, во која членуваат Хенрик Понтен, Петер Дановски и Моника Вадстед, кои ја застапуваа ентертејмент индустријата во случајот против Пиратскиот залив. Норстром е член и на Шведската асоцијација за заштита на индустриската сопственост група која се бори за воведување на построги правила за заштита на авторските права.


Изгледа ќе изледат на крај ослободени осомничените :helou:
 
Изгледа ќе изледат на крај ослободени осомничените :helou:

Само едно е сигурно, дека ќе поднесат жалба за да има ново судење. Другото, останува да видиме.
 
Судот им даде забрана на давателите на интернет конекција на PirateBay да му пружаат услуга.

Во моментов повеќе не е достапен
http://thepiratebay.org/
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom