Драги воденичари, идејата на вождот Груевски за изградба на музеј со восочни фигури изгледа дека ги поттикна и градоначалниците кои што доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ да градат и поставуваат разни скулптури во своите општини... Во таа трка кој ќе изгради најмногу скулптури, победникот е уште сега познат... Тоа е градоначалникот на Кисела Вода, Џорџе Арсов... Со напомена дека во реализација на Програмата финансиски ќе учествуваат и Владата (преку Министерството за култура), Градот Скопје и Општината Кисела Вода.
Погледнете какви се' споменици е предвидено да се поставуваат:
Првиот премиер на независна Македонија, Никола Кљусев, ќе добие спомен-биста пред новата спортска сала во Основното училиште „Невена Георгиева Дуња“ во населбата Кисела Вода.
Скулптура на Крали Марко ќе биде поставена во месноста Говедариште, во селото Драчево.
На скверот на последната автобуска станица број 41, во населбата Драчево ќе бидат поставени фигури на лавица и на лавче од камен.
Врвните спортски резултати на Џорџ Бест, Џони Вајсмилер, Марк Шпиц, Часлав Божиновски и Делчо Станинов ќе бидат одбележани со бисти пред игралиштето во Црниче.
Фигура од фудбалска топка со пречник еден метар и бисти на Благојче Пановски-Рио и на Веле Трајчевски-Келеник ќе има во паркот спроти црквата, на игралиштето во селото Драчево.
Во Паркот на бранителите во населбата Драчево ќе биде поставен споменик на загинатите бранители.
На улицата Огњан Прица, кај воената зграда број 16, ќе бидат поставени бисти на истакнати војсководци меѓу кои: на Наполеон Бонапарта, генерал Кутузов, генерал Кастер и на Винстон Черчил.
Научниците Чарлс Дарвин, Луј Пастер, Алберт Ајнштајн, Галилео Галилеј, Никола Тесла, Исак Њутон, Никола Коперник ќе добијат спомен-бисти од камен и од бронза долж улицата Милан Мијалковиќ во Пржино.
Љубителите на музиката ќе шетаат во паркчето пред зелената стара куќа во Црниче меѓу бистите на Јохан Себастијан Бах, Лудвиг ван Бетовен, Петар Илич Чајковски, Волфганг Амадеус Моцарт и Џузепе Верди. Таму ќе бидат поставени и фигури од музички инструменти од бронза и камен.
Пред бараката на Месната заедница Пржино ќе стојат бистите на артистите Ристо Шишков, Илија Џувалековски, Дарко Дамески, Петре Прличко и Ѓорѓи Колозов.
Спомен-плоча посветена на куќата во која се одржувале состаноци во НОВ ќе биде поставена спроти Средното економско училиште „Васил Антевски Дрен“. Од спротива ќе се постават бисти на Филип и Александар Македонски, Гоце Делчев, Махатма Ганди, Винстон Черчил и Франклин Рузвелт.
итн. итн.
Еве на што ќе се трошат народните пари!!!
И уште нешто... На пример, за генерал Кастер знам дека бил познат по тоа што убивал многу индијанци, но дали некој знае по што се познати Благојче Пановски и Веле Трајчевски... Освен по тоа дека и за нив двајца ќе има споменици... На Google нема апсолутно ништо за нив двајца!