Владата за статуите одвоила 8 милиони евра?!

  • Креатор на темата Креатор на темата bitushanec
  • Време на започнување Време на започнување
Шоооооооооооо????!?!?!Е стварно не се здрави,а колку усти плачат за трошка леб,сигурно својата глад ќе си ја задоволат со погледи кон Шмизлата

Сигурен сум дека "експертите" од владата ќе се поправат со Скопската Шмизла па ќе измислат млеко од СВЕДМИЛК за доенчињата кое ќе тече од градите на Скопската Шмизла.
 
Сигурен сум дека "експертите" од владата ќе се поправат со Скопската Шмизла па ќе измислат млеко од СВЕДМИЛК за доенчињата кое ќе тече од градите на Скопската Шмизла.
:pos2::pos2::pos2:Од кај знаеш можеби ќе стават крава,и од вимето ќе тече млекце.Ееее месија залудно е нашето мислење,ќе трпиме срања уште три години.
 
Само во Македонија сите луѓе се експерти за сè и сешто!
Зошто Гоце ќе бил на коњ, зошто Даме ќе бил на коњ, зошто вака, зошто онака...

Замислете кралицата Елизабета II која сеуште е на власт во Велика Британија има два споменика изградени во нејзина чест на кои таа е качена на коњ!!

А сега нека се изјаснат оние кои ја виделе како кралицата во денешно време оди во посети на други државници качена на коњ...
...

И кај е тука експертизата. Не ми лепи слики од кралицата на коњ, туку кажи ми твое мислење зошто Гоце Делчев треба да е на коњ? Тоа ме интересира мене. Или пак побарај мислење од тие експертите и соопшти го.
 
Види како онај малиот Циго гледа директно во фотографот.Еве ви 20 денари лижете ја шмизлата и позирајте.Ма супер...
 
И кај е тука експертизата. Не ми лепи слики од кралицата на коњ, туку кажи ми твое мислење зошто Гоце Делчев треба да е на коњ? Тоа ме интересира мене. Или пак побарај мислење од тие експертите и соопшти го.


))))) сигурно немало автомобили )))) тогаш нели
 
И кај е тука експертизата. Не ми лепи слики од кралицата на коњ, туку кажи ми твое мислење зошто Гоце Делчев треба да е на коњ? Тоа ме интересира мене. Или пак побарај мислење од тие експертите и соопшти го.

Очигледно не сфати дека јас не се приклучувам кон „експертите“ и не сакам да звучам така, туку само давам пример дека: За некој да се стави на коњ, не значи дека тој мора да бил „првак во јавање“ како што некој овде истакна, туку дека тоа меѓу другите е начин на истакнување на еден голем човек, херој, фигура која има големо значење во општеството...
 
Море убаво ви прават на сите... не осум... осумсто милиони требаше да ги потрошат....
 
И кај е тука експертизата. Не ми лепи слики од кралицата на коњ, туку кажи ми твое мислење зошто Гоце Делчев треба да е на коњ? Тоа ме интересира мене. Или пак побарај мислење од тие експертите и соопшти го.


А кажи ми зошто не би требало?


На точак или тротинет да не одел до Софија и назад до Солун?
 
На точак или тротинет да не одел до Софија и назад до Солун?

radio-flyer-classic-red-tricycle.jpg


Или ај кога се веќе двајца, Даме и Гоце...поубаво би било да ги стават на ова:

Tandem_Bicycle.jpg
 
Не бе... еве ја четата на Гоце ..

trike.jpg



А еве го и Даме... напрај место..

roler.1197051585.jpg
 
На темава ќе додадам еден пост од Стрелец на друг форум,многу е добар!

Драги воденичари, идејата на вождот Груевски за изградба на музеј со восочни фигури изгледа дека ги поттикна и градоначалниците кои што доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ да градат и поставуваат разни скулптури во своите општини... Во таа трка кој ќе изгради најмногу скулптури, победникот е уште сега познат... Тоа е градоначалникот на Кисела Вода, Џорџе Арсов... Со напомена дека во реализација на Програмата финансиски ќе учествуваат и Владата (преку Министерството за култура), Градот Скопје и Општината Кисела Вода.

Погледнете какви се' споменици е предвидено да се поставуваат:

Првиот премиер на независна Македонија, Никола Кљусев, ќе добие спомен-биста пред новата спортска сала во Основното училиште „Невена Георгиева Дуња“ во населбата Кисела Вода.

Скулптура на Крали Марко ќе биде поставена во месноста Говедариште, во селото Драчево.

На скверот на последната автобуска станица број 41, во населбата Драчево ќе бидат поставени фигури на лавица и на лавче од камен.

Врвните спортски резултати на Џорџ Бест, Џони Вајсмилер, Марк Шпиц, Часлав Божиновски и Делчо Станинов ќе бидат одбележани со бисти пред игралиштето во Црниче.

Фигура од фудбалска топка со пречник еден метар и бисти на Благојче Пановски-Рио и на Веле Трајчевски-Келеник ќе има во паркот спроти црквата, на игралиштето во селото Драчево.

Во Паркот на бранителите во населбата Драчево ќе биде поставен споменик на загинатите бранители.

На улицата Огњан Прица, кај воената зграда број 16, ќе бидат поставени бисти на истакнати војсководци меѓу кои: на Наполеон Бонапарта, генерал Кутузов, генерал Кастер и на Винстон Черчил.

Научниците Чарлс Дарвин, Луј Пастер, Алберт Ајнштајн, Галилео Галилеј, Никола Тесла, Исак Њутон, Никола Коперник ќе добијат спомен-бисти од камен и од бронза долж улицата Милан Мијалковиќ во Пржино.

Љубителите на музиката ќе шетаат во паркчето пред зелената стара куќа во Црниче меѓу бистите на Јохан Себастијан Бах, Лудвиг ван Бетовен, Петар Илич Чајковски, Волфганг Амадеус Моцарт и Џузепе Верди. Таму ќе бидат поставени и фигури од музички инструменти од бронза и камен.

Пред бараката на Месната заедница Пржино ќе стојат бистите на артистите Ристо Шишков, Илија Џувалековски, Дарко Дамески, Петре Прличко и Ѓорѓи Колозов.

Спомен-плоча посветена на куќата во која се одржувале состаноци во НОВ ќе биде поставена спроти Средното економско училиште „Васил Антевски Дрен“. Од спротива ќе се постават бисти на Филип и Александар Македонски, Гоце Делчев, Махатма Ганди, Винстон Черчил и Франклин Рузвелт.

итн. итн.

Еве на што ќе се трошат народните пари!!!

И уште нешто... На пример, за генерал Кастер знам дека бил познат по тоа што убивал многу индијанци, но дали некој знае по што се познати Благојче Пановски и Веле Трајчевски... Освен по тоа дека и за нив двајца ќе има споменици... На Google нема апсолутно ништо за нив двајца!
 
За ова со статуиве мислам дека е комплетна грешка. Во време на криза и невработица кога некои луѓе немаат за леб други треба да идат по кал за да стигнат до работно место, кога се дават во вода поради неисчистени канали, кога им пропаѓа цела жетва поради град и слично нашиве плаќаат 8 милиони за статуи. Па мислам стварно за 8 милиони што се можеше да се направи. Статуите може и покасно да се изградат, како и да е тие нема да избегаат нема да им треба храна вода, нема да шетаат по каливи улици и слично. Ќе седат на едно место, а таму кај што треба ништо. Нема да обвинувам партиски ама стварно ова е промашено барем во овој момент кога целиот свет е во криза и градат фабрики и гледаат да ги задржат луѓето да работат ние се однесуваме како кај нас да немаме криза туку државата да ни цути и да има финансиски подем па градиме статуи.
 
Ај нека дојдат други на власт и нека ги продадат сите како цели фигури или матерјал и нека ја спасат економијата.
 
А кажи ми зошто не би требало?

Ова воопшто не е одговор на моето прашање. Почна да позајмуваш финти од реален 07 или меѓусебно си позајмувате. Нема потреба од прашања на квадрат.

Со оглед на тоа дека Гоце бил учител и светот го разбирал како поле за културен натпревар, а не како поле за коњски трки, мислам дека Гоце со книга в рака многу поубаво ќе изгледа отколку Гоце на коњ. Ама ете експертите или моќниците или кој и да ги носи одлуките така решиле.
Јас само барам објаснување затоа и поставив прашање ако некој знае да ми одговори, а не да ме прашува зошто сум прашал.

На точак или тротинет да не одел до Софија и назад до Солун?

Аналогно на тоа, кога ќе се прави споменикот на Кљусев ќе треба да изгледа како Кљусев ѕирка низ прозорец од автомобил или како се качува/симнува во/од авион или хеликоптер.

И зошто споменикот на Моцарт (и да не ги редам на други) не е Моцарт на коњ. И тогаш немало автомобили, и што воопшто е важно превозното средство.
 
Еве ги пак комуњариве се разгаламиле економска криза па економска криза, а кога беа на власт на мртво да ги истепаш нема да го слушнеш од нив зборот економија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom