- Член од
- 23 февруари 2008
- Мислења
- 869
- Поени од реакции
- 477
А овие закони:
КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ ЧЕСТА И УГЛЕДОТ
Повреда на угледот на Република Македонија
Член 178
Тој којшто со намера за исмејување јавно ќе ја изложи на подбив Република Македонија, нејзиното знаме, грб или химна, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.
Излагање на подбив на македонскиот народ
Член 179
Тој којшто со намера за исмејување јавно ќе ги изложи на подбив македонскиот народ, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.
КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ ДРЖАВАТА
Член 318
Тој којшто со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија, јавно или со ширење списи повикува или поттикнува на непосредно извршување на делата од членовите 307 до 317, ќе се казни со затвор од три месеци до пет години.
Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост
Член 319
(1) Тој којшто со присилба, малтретирање, загрозување на сигурноста, излагање на подбив на националните, етничките или верските симболи, со оштетување туѓи предмети, со сквернавење споменици, гробови или на друг начин ќе предизвика или ќе разгори национална, расна или верска омраза, раздор или нетрпеливост, ќе се казни со затвор од една до пет години.
КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ ЧОВЕЧНОСТА И МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО Расна и друга дискриминација
Член 417
(1) Тој којшто врз основа на разлика на раса, боја на кожа, националност или етничко потекло ги повредува основните човекови права и слободи признати од страна на меѓународната заедница, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.
(3) Тој којшто шири идеи за супериорност на една раса над друга или пропагира расна омраза или поттикнува на расна дискриминација, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години.
според уставот на Република Македонија
Член 16
Се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата.
Се гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање и слободното основање на институции за јавно информирање.
Се гарантира слободниот пристап кон информациите, слободата на примање и пренесување на информации.
Се гарантира правото на одговор во средствата за јавно информирање.
Се гарантира правото на исправка во средствата за јавно информирање.
Се гарантира правото на заштита на изворот на информацијата во средствата за јавно информирање.
Цензурата е забранета.