...Ако имало Власи кои се нарекувале Македонци тоа си е друга приказна и не припаѓа на оваа тема ...
Хммммм......Абе јас ја имам читано автобиографијата на Прличев, и таму не пишува баш така. Јас колку што знам, тој прави јасна разлика помеѓу српскиот и бугарскиот јазик, ама може и нешто да сум згрешил. Дали можеш да посочиш на која страна го пишува тоа и со точен цитат. Исто така и за делот од Шапкарев, ако може, бидејќи маку се збунив. Како тоа Словените во исто време може и да се античките Македонци и доселеници од Волга?Јас попрво би рекол дека Шапкарев под Бугари мисли токму на Бугарите, или Болгарите, или Волгарите, т.е. прото-Бугарите.).
Глигор Прличев во својата автобиографија пишува: „...бугарската азбука само на тројца им беше позната и се нарекуваше српска..“ (Григор П'рличев, Автобиографија). За него и Србите се Бугари т.е. Словени; во тоа време, само Србите имаа реформирана и кодифицирана словенска азбука, па затоа и Прличев вели дека бугарската (словенската) азбука се нарекувала српска. ....... За Шапкарев, Словените се античките Македонци, а Бугарите (мисли на словените) се дојденци од Волга, од Русија и дека Македонците се исто со силните “браќа”, Русите. Шапкарев целосно ги извртува термините Словени и Бугари, па вели дека Словените живееле во Македонија од Апостолски времиња (1 век н.е.), додека Бугарите дошле во 7 век, се измешале со Словените и така настанал нов етнос. По Шапкарев, Светите Кирил и Методиј биле Бугари, а Словените биле античките Македонци.
За разлика од Бугарите, каде поимот Бугар почнал да означувало националност кон крајот на 19 век, кај македонците поимот Бугар означува Словен. Еден Бугарин, во весникот „Македонија“ од 15.06.1868 г. за велешките учители пишува дека за нив „српски или бугарски е едно исто“, но дека тоа е „погрешно мислење“. И навистина, многу од нашите учители биле неуки, не знаеле ни името да си го напишат, а самиот Прличев вели дека учел историја во дуќанот на некој си Ангел Групчев (Григор П'рличев, Автобиографија).
-Именувањето на Босненците како Бугари може да потекнува и од фактот дека во 11-12 век Богомилите биле нарекувани така.Најдобар пример ќе дадам со Босанците; во 16 век, ерменецот Симеон Лехаци патува низ Турција, азијска и европска; посетувајќи ја Босна, вели дека сите луѓе таму се Бугари и зборат „болгарски“, а нивните села ги нарекува „болгарски села“
:pos2:Македонското прашање - Петко Рачев Славејков
Многу пати имаме слушнато од Македонистите дека тие не биле Бугари, туку Македонци, потомци на древните Македонци, и одамна чекаме да чуеме докази за тоа, а никако да ги дочекаме. Македонистите никогаш не ни покажале на што го засноваат тоа нивно мислење. Тие инсистираат на нивното македонско потекло, а тоа не можат да го докажат на никаков задоволителен начин. Сме читале во историјата дека во Македонија живеел еден мал народ Македонци; но во неа никаде не сме нашле ни што биле тие Македонци, ни од какво племе потекнале, а малкуте македонски зборови сочувани преку некои грчки писатели сосема ги одрекуваат таквите претпоставки. Освен тоа после освојувањето на Македонија од Римјаните веќе ни помен нема од тие Македонци. Среќаваме по нивните места секакви други народи, само нив, Македонците ги нема. Што станало со нив и во кој народ се претопиле, не знаеме, зашто историјата тоа не ни го кажува. Можеме да си претпоставуваме различни работи со еднаква веројатност: можеме да кажеме дека Македонците го продолжиле своето постоење и до денешен ден; можеме да кажеме и дека одамна се изгубиле. И едното и другото ќе биде еднакво лажно, зашто не се потпира на веродостојни факти. Ние можеме да го прифатиме и она мислење дека божем старите Македонци биле Бугари, т.е. словени. Но во секој случај потеклото на македонистите од старите македонци е многу сомнителна работа. Нивното мислење денеска не може да се поткрепи со ништо друго освен со местото каде што живеат, а тоа е еден од најлабавите докази. Штом старите Македонци живееле на истите места, зошто и денешните жители да не се со македонска крв? Тие се цели Македонци, заклучуваат македонистите и се успокојуваат од своето големо откритие!
Македонското прашање:pos2:
И ова ти е некој аргумент за тоа дека Македонците се блгари? Која година го пишувал ова Славејков? А, а? 1945? Или заедно со Коминтерната?
Значи и во 1871 година постоеле Македонци кои велеле дека се наследници на Александар Македонски и кои тврделе дека се нешто сосема различно од Бугарите. Така?Македонското прашање
Петко Рачев Славејков
Објавено на 18-ти јануари 1871 во весникот „Македонија“ во Цариград.
Велели ама немале аргументи.Значи и во 1871 година постоеле Македонци кои велеле дека се наследници на Александар Македонски и кои тврделе дека се нешто сосема различно од Бугарите. Така?
Можеби немале аргументи во 1871 година, ама го имале чувството. Знаеле што и како се. Нели тоа е најважното. Плус главното прашање е каде се книгите на тие македонисти, кои Славејков ги забележува во 1871. Не е можно ништо да не напишале. Треба да се провери во архивот во Софија, можеби?Велели ама немале аргументи.
"Но во секој случај потеклото на македонистите од старите македонци е многу сомнителна работа. Нивното мислење денеска не може да се поткрепи со ништо друго освен со местото каде што живеат, а тоа е еден од најлабавите докази."
Славејков
Не е чувство, а манија за величие.Можеби немале аргументи во 1871 година, ама го имале чувството.
Бугарија или Србија се територијално поголеми земји и се сметаат за далеку повооружани и воено помоќни од Македонија денес. Да сакавме да бидеме толку велики ќе се идентификувавме со нив.Не е чувство, а манија за величие.
Не е ниту чувство, ниту манија.Не е чувство, а манија за величие.