- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Прво Македонија, па потоа МК
Коментари (0)
18.02.2009 17:39
За да не ја навреди Македонија, Чешка со кратенки ги означи сите земји
По силен грчки притисок Чешкото претседателство со ЕУ ги смени имињата на земјите од каде доаѓаат учесниците на Европската министерска конференција за електронско здравство, која започнува утре во Прага.
На првичната информација објавена пред десетина дена првиот човек на македонското здравство беше најавен како министер за здравство на Република Македонија.
На средбата која иницијално се нарекуваше средба на министри на ЕУ и Македонија, покрај Бујар Османи учествуваат и осум европски колеги, меѓу нив и кипарскиот министер за здравство и социјала.
По интервенцијата која пристигнала од Атина, чешката влада го сменила принципот на именување на земјите и со компромисно решение Македонија е означена со кратенката МК.
Во обид да не ја навреди Македонија, Чешка со кратенки ги означила и сите други земји учесници.
„ЈАс го ставив само кусиот знак МК, затоа што не повикаа од Грција, тие имаа проблем со тоа и затоа го сменивме во МК, краткото име на Република Македонија или ФИРОМ. Ги сменивме двете имиња и наместо нив стои кратко име МК“, изјави портпаролот на Чешкото претседателство со ЕУ.
По изјавите на преговарачите Јолевски и Василакис дека медијаторот Нимиц сугерирал преговорите за името да продолжат во јуни по изборите во двете земји, Грција денеска демантираше дека Атина побарала привремен прекин на преговорите за спорот со името до изборите за Европскиот парламент во јуни.
Според портпаролот на грчкиот МНР, Комуцакос, грчката страна смета оти „последниот предлог на медијаторот на ОН Метју Нимиц содржи елементи кои овозможуваат, доколку има добра волја од другата страна, предлогот да добие на динамика што ќе доведе до решение“.