Сакал некој или не сакал,поделба има.Преоптоварени сме со интеграции и ефектите на сиромаштијата,затоа мислиме дека не е страшна и дека некој “предавник“ ја подбуцнува оваа сериозна играчка.
Кога ќе се интегрираме,кога БНД ќе почне стабилно да расте,кога интересот на банките нема да ни претставува проблем за кредити за нови коли и недвижнини...ќе се постави прашањето:
Словени или Антички Македонци?
Незнам дали знаете,едно време и Пољаците го имаа овој проблем,ама ние нема да го имаме Лондон и Ми6 да ни го напишат домашното
Многу лоша работа е што оваа Влада води политика на (според нив) освестување на народот.Они тоа демек ја провоцираат Грција која е безобразна со нас,ама лека полека го менуваат националното лежиште.Проблемот иде кога моменталните средношколци и основци ќе пораснат...што тогаш?
Нив ги учат дека е срамота да си Словен,дека се света крв која е оштетена од Грците ,Албанците и Словените.
Некои се тврдокорни и нема да ја сменат нивната семејна атмосфера кон словенскиот култ.Другите ќе ја прифатат оваа идеја и ќе бидат поразлични од првиве.
Ќе се јави ситуација Михаил Ристовски и Александар Петрески бидат комшии,плаќаат данок на државата,децата им растат заедно..и во сета таа взаемна сличност едниот да биде Словен а другиот Антиквитет.Слична таква ситуација имаше во Босна каде разликите беа на верска база.Сите беа Словени,зборуваа ист јазик,живееа во иста држава...ама тоа едно мало ситно и небитно несогласување донесе до колеж.
Загрижувачки,според мене,се неколку работи:
-Луѓето кои прифаќаат дека сме славомакедонци-словенизирани староседелци,се сметаат за предавници,србокомуњари,татарчиња итн итн.
-СДСМ е оној кој е предавник на националната доктрина,а всушност ВМРО ја подбуцнува прачката со античка пропаганда и со тоа набива поени (читајте,над 60 проценти од гласачкото тело до 26 год излегува на избори) кај генерациите кои не осетиле југославизам.Не дека се нешто криви,секој си го наоѓа својот пазар.СДСМ пак,победуваше сиве вие години на југословенските генерации..
-Просечен Американец го интересираат даночните олеснувања,а кај нас 99% не го разбираат тој поим.За разлика од нив,ние сме експерти по историја.Ова го велам,оти никој нема да го интересира историја,доколку таа не е контроверзна.Кај нас секој си има свој поглед за историјата,некои дури се дрзнуваат да пркосат на МАНУ
Тоа е баш заради оваа нова тивка криза која ако не прекине сега во рана стаза,ќе биде лоша по општественото заедништво.