Груевски: Политичарите да престанат да го делат народот!

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Па нормално, со цел да се создаде измислен противник и да се врши политичка агитација.

Самите текстови и напади во однос на историјата и поделбата на “античка“ и “словенска“ како аверзија на едната кон другата на взаем имаше за цел да прикаже вештачки измислени ставови на политичкиот противник и да му се претстави на народот како “објективизам“ со цел полесно да му се натури консумирање на одредена политичка агенда.

Која има токму една дадена цел - Поделба на историјата и селективно толкување, во овој случај се форсира осакатен Славизам за да се прекинат врските со антиката и полесно да се протне смена на името која ја посакуваат Грците.

Пред некоја недела мамецот беше фрлен (Ерол со колумната) и другиот ден сомот се фати и беше отворена темата Антички Македонци или Словени во Политика.

Се беше како во сценарио. Создавање на измислен противник и ширење на идејата. Гледам сега си осознаен дека е така.

Инаку моето мислење е тука.

http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2189478&postcount=107

Те молам не ме терај да ги барам и фашистичките мислења за смрт за неистомислениците, и зошто добив опомена.
 

TMPO

Obraz
Член од
31 октомври 2007
Мислења
1.728
Поени од реакции
26
Abe picko edna ti dadoa pravo Cicko Alji i Fuere da davash vakvi izjavi.
Sto ne davashe izjavi za zakonot na branitelite, a?
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Пред некоја недела мамецот беше фрлен (Ерол со колумната) и другиот ден сомот се фати и беше отворена темата Антички Македонци или Словени во Политика.
.
Мамецот не беше фатен, бидејќи намерата на Ризаов беше експресно прочитана и затоа како што можеш самиот да приметиш... поддржувачите на комуњаризмот веднаш ја баталија вообичаената еуфорија и темата 'потона'.

Еве ти ја и темата, па кажи со што не се согласуваш, го имаш моето мислење на пост број 5.

Се беше како во сценарио. Создавање на измислен противник и ширење на идејата. Гледам сега си осознаен дека е така.

Инаку моето мислење е тука.

http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2189478&postcount=107
Не сум убеден дека сме на иста линија, бидејќи измислениот противник и ширењето на идејата доаѓа од СОРОСоидите и СДСМ.

Токму тоа им е целта, внесување на конфузија и извртување на полето на интерес, како на пример текстот на Крамарска кој исто така после една брза анализа 'потона' во заборав.


Те молам не ме терај да ги барам и фашистичките мислења за смрт за неистомислениците, и зошто добив опомена
Воопшто немам намера да дискутирам за тоа, самиот спомнуваш во два наврати. Секој одговара за своите ставови изнесени овде.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Грујчо со изјавава им ја уништи изборната програма на СДСМ за 2009.Па што сега ке зборуваат за избориве.Инаку сега се надевам сите го чуја неговиот став и нема да да го извртуваат и да бараатвлакно у јајцето.
Gwujo lae kako pes pred mesara, t.e kako politicar pred izbori, a ist kelesh e kako B.C. Ljubcho i ostanata bagra.

Abe picko edna ti dadoa pravo Cicko Alji i Fuere da davash vakvi izjavi.
Sto ne davashe izjavi za zakonot na branitelite, a?
Sehtanski, odi zapleni nesto vo ovoj period na mal odmor od tri dena za direktna navreda na clen na forumot.

Мамецот не беше фатен, бидејќи намерата на Ризаов беше експресно прочитана и затоа како што можеш самиот да приметиш... поддржувачите на комуњаризмот веднаш ја баталија вообичаената еуфорија и темата 'потона'.

Еве ти ја и темата, па кажи со што не се согласуваш, го имаш моето мислење на пост број 5.



Не сум убеден дека сме на иста линија, бидејќи измислениот противник и ширењето на идејата доаѓа од СОРОСоидите и СДСМ.

Токму тоа им е целта, внесување на конфузија и извртување на полето на интерес, како на пример текстот на Крамарска кој исто така после една брза анализа 'потона' во заборав.




Воопшто немам намера да дискутирам за тоа, самиот спомнуваш во два наврати. Секој одговара за своите ставови изнесени овде.
Jas ne sum DPMNE, ne sum SDSM, se slozuvam so izjavata ba Gwujo, ama ja smetam za politikantska izjava, neiskrena, so edna i edinstvena cel - pribiranje glasovi za izbori.

Tolku od mene.

Podelba ne smee da ima ni na sloveni, anticki, moderni, vmrovci, komunjari....treba ednas zasekogas da se stremime kon obedinuvanje na site cetiri makedonski dela vo eden, kolku da se cini toa nemozno, a ne da se delime tuka, vnatresno.

A od politicari proliv da te fati.

Dzabe ne e kazano, a politicar otvori usta da zevne, dvajca se stepale, trojca se prelazani, a cetvorica ostanale bespari, a tj i sit i oFcite mu se vo partiski stab so plakati i lepak.
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Гаро бе...не се заебаај, не треба да ги делиш и ти сеа луѓево на грујовисти и антигрујовисти. Јавен повик е ова, не е заебанција. Само заборавил да каже Гвујо, ако веќе не треба да се дели народот, тогаш што правиме, дали се луѓето антички, дали се словени, или се сепак...македонци.
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
506
Поени од реакции
25
Сакал некој или не сакал,поделба има.Преоптоварени сме со интеграции и ефектите на сиромаштијата,затоа мислиме дека не е страшна и дека некој “предавник“ ја подбуцнува оваа сериозна играчка.
Кога ќе се интегрираме,кога БНД ќе почне стабилно да расте,кога интересот на банките нема да ни претставува проблем за кредити за нови коли и недвижнини...ќе се постави прашањето:
Словени или Антички Македонци?
Незнам дали знаете,едно време и Пољаците го имаа овој проблем,ама ние нема да го имаме Лондон и Ми6 да ни го напишат домашното:)
Многу лоша работа е што оваа Влада води политика на (според нив) освестување на народот.Они тоа демек ја провоцираат Грција која е безобразна со нас,ама лека полека го менуваат националното лежиште.Проблемот иде кога моменталните средношколци и основци ќе пораснат...што тогаш?
Нив ги учат дека е срамота да си Словен,дека се света крв која е оштетена од Грците ,Албанците и Словените.
Некои се тврдокорни и нема да ја сменат нивната семејна атмосфера кон словенскиот култ.Другите ќе ја прифатат оваа идеја и ќе бидат поразлични од првиве.
Ќе се јави ситуација Михаил Ристовски и Александар Петрески бидат комшии,плаќаат данок на државата,децата им растат заедно..и во сета таа взаемна сличност едниот да биде Словен а другиот Антиквитет.Слична таква ситуација имаше во Босна каде разликите беа на верска база.Сите беа Словени,зборуваа ист јазик,живееа во иста држава...ама тоа едно мало ситно и небитно несогласување донесе до колеж.
Загрижувачки,според мене,се неколку работи:
-Луѓето кои прифаќаат дека сме славомакедонци-словенизирани староседелци,се сметаат за предавници,србокомуњари,татарчиња итн итн.
-СДСМ е оној кој е предавник на националната доктрина,а всушност ВМРО ја подбуцнува прачката со античка пропаганда и со тоа набива поени (читајте,над 60 проценти од гласачкото тело до 26 год излегува на избори) кај генерациите кои не осетиле југославизам.Не дека се нешто криви,секој си го наоѓа својот пазар.СДСМ пак,победуваше сиве вие години на југословенските генерации..
-Просечен Американец го интересираат даночните олеснувања,а кај нас 99% не го разбираат тој поим.За разлика од нив,ние сме експерти по историја.Ова го велам,оти никој нема да го интересира историја,доколку таа не е контроверзна.Кај нас секој си има свој поглед за историјата,некои дури се дрзнуваат да пркосат на МАНУ:)
Тоа е баш заради оваа нова тивка криза која ако не прекине сега во рана стаза,ќе биде лоша по општественото заедништво.
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
А што им е тешко на „Соросоидите“ и „ЕсДеЕсовците“ да прифатат една историја на Македонија?
Што толку им противи Македонската историја со сегашната нивна идеологија?
Па јас мислам дека право кажа Груевски, а јас ќе додадам дека едноставно ние сме Македонци. Нам ни припаѓа и Антиката и Средновековието и делот каде што сме под Турско Ропство и делот каде сме под Српско... па макар и делот каде денес сме Република Македонија и сеуште под Бугарско и Грчко.

ШТО Е ТОЛКУ ТЕШКО ДА СЕ РАЗБЕРЕ И ПРИФАТИ ОВА? Потоа секој има право да си гради каква и да сака идеологија, размислувања, теории и видувања за иднината.
 
Член од
22 декември 2008
Мислења
372
Поени од реакции
11
Jas ne sum DPMNE, ne sum SDSM, se slozuvam so izjavata ba Gwujo, ama ja smetam za politikantska izjava, neiskrena, so edna i edinstvena cel - pribiranje glasovi za izbori.
Реалноста е дека се приближуваат избори, и реалноста е дека СДСх покренаа еуфорија дека политиката на Грујо го дели народот на Антички и Словенски.

А Грујо со еден удар утепа две муви:

  1. Ја дискредитира изборната платформа на СДСх која по 100-ти пат на избори излегува БЕЗ ПРОГРАМА и БЕЗ ВЕТУВАЊА ЗА ГЛАСАЧИТЕ. Сега целта им е да го испоуплашат народот (поделби, изолација, ...) за да гласа за нив. Веќе видена политика. И после? После би се завалиле во фотељите и ќе си истераат 4 години во мрза и неработење. Ама слабо им одиииии ...
  2. Доби изборини поени (или барем блага согласност со неговата изјава) дури и од неутрални луѓе како што си ти.
НЕ ИМ ОДИ НА продуваните агит-проп Ероловски, Ѓунеровски, Геровски, Милчиновски структури. ...
Не им оди ни на Фрле + Б.Ц. + љуБчо + брат Љубе. Еххх ...
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.564
Поени од реакции
286
Лицемер,оваков или онаков, мора да признаеш дека успешно ве вози низ лавиринтот. Оваков отпор не се очекуваше од него ?:helou:
Mene ne me vozi,zatoa me ima po forumite kako protiv.Kje bidi interesno koga kje se svestat onie ZA po vozenjeto kako so Ljubcho.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
ШТО Е ТОЛКУ ТЕШКО ДА СЕ РАЗБЕРЕ И ПРИФАТИ ОВА?
Не е до тоа, нив најмалку ги интересира историја. Нив ги интересира само криминалот кој го водат. Во деведесетите кога главниот шверц одеше кон Србија и акс-Ју, најголеми агитации на СДС беа дека Македонија без Југославија не може да опстане. Јасно како ден зошто збореа така. Механизам за бранење на својот бизнис. Сега, кога Грција дава внатрешно пари, интересот им е таму, а наместо Југославија, сега се користи зборот ЕУ. Само глупи луѓе можат да паднат на иста финта двапати. Другите пак, во интерес им е власта во Македонија, како и на првите, само што овие сакаат внатрешно да владеат со инфраструктурата, а помалку шверц.

Не е работата за историјата, тоа е само филц.

Podelba ne smee da ima ni na sloveni, anticki, moderni, vmrovci, komunjari....treba ednas zasekogas da se stremime kon obedinuvanje na site cetiri makedonski dela vo eden, kolku da se cini toa nemozno, a ne da se delime tuka, vnatresno.
Гаро, па тука во игра е целата работа....заради одржување на нивните бизниси, најдоа за сходно да го делат народот со историски идеолошки работи, а тоа е болно.
Mene ne me vozi,zatoa me ima po forumite kako protiv.
Ма ти си за нобелова награда. :)
 

delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
Mene ne me vozi,zatoa me ima po forumite kako protiv.Kje bidi interesno koga kje se svestat onie ZA po vozenjeto kako so Ljubcho.
Добро тебе може не те вози ,ти сам се возиш :smir:
Таман ќе ви даде играчка да си играте,антика,словени,хунзи..... Кога е најинтересно ќе ви ја земе :tv:.....Што би рекле постарите, кај што вие шиете он ви се спровира :baeh:
 

Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
Изјавата сама по себе е одлична. Но ако земам предвид кој ја дал и начинот како е формулирана, ми остава сомнеж за нејзината искреност.

Особено овој дел “..е крајно време политичарите да престанат..“ укажува дека изјавата ја дава боксер или во најдобар случај економист, а не политичар или пак се работи за политичар кој се обидува да се самоамнестира.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom