Неговиот Пастир вели дека не е така, а ние тука сме.....еден будала и една цигла.....од бетонските....
Што знаеме ние?
Струмикс,
Не мора да е само пастирот кој му вели дека не е така.
Навистина постојата луѓе кои немаат ништо свето освен својот материјален конфор и сопствената безбедност. Постои народно име за таквите ама не сакам да го употребам да не се сфати дека некого напаѓам.
Таквите луѓе се свесни дека не треба така да се однесуваат ама се премногу слаби (карактерно и морално) да променат нешто во својот светоглед. Ниеден човек не сака себеси да се гледа како слабак, ниту пак како неморален. Таквиот, конформист, човек прво се убедува себеси дека оди по линијата на моралното, односно дека е морален потоа, според изреката:
Мизеријата сака (побарува) друштво,
е во потрага по слични нему и е во состојба да убедува неуморно и бесконечно секого кој е волен да слуша. Притоа си ја зацврстува сопствената убеденост.
Ваквите луѓе се постојано во борба со себеси, односно со, не по своја вина, својата спознајна дисонанца "cognitive dissonance". Постои дебата во одредени кругови (научни) дали овој вид на однесување да биде сместен во пореметено однесување или во социопатијата. Исто така, оваа дебата поседува и политички и општествени импликации. Всушност станува збор за поединци во секаква група која побарува привилегии од „државата“ и се служи со пропаганда да ги нарече тие привилегии како права.
Најдиректната политичка импликација е што тоа најмногу се однесува на политичарите левичари и нивното друштво, односно следбеници.:nesvest:
Ова е и најдиректната причина зошто оваа работа до денес е сеуште дебата исклучиво во научни кругови иако е научно докажана. Како резултат на ваквата позиција на оваа дијагноза е што развојот на третманот за тие кои сакаат да излезат од тој вител на себенанесувачко зло е во застој.
Ај доволно кажав за оваа работа бидејки ако продолжам ќе наведам некого (ќе се најде погоден) да ме напаѓа без причина навреден од напишаното. Впрочем, на ист начин заглави и сместувањето на дијагнозата во дадената рамка.
На оваа тема стана збор дали ни треба ЕУ или не преку муабетот дали да менуваме име или не.
Само ќе ви кажам да размислите според изреката:
Не се грижи толку каде ќе седнеш на масата туку загрижи се дали ти е таму местото т.е. дали треба воопшто да седнеш на таа маса.
Ние сакаме да влеземе во друштво на нации со докажана и негувана национална гордост каде што условот за влез во тоа друштво е да го понижиме и отфрлиме нашето чувство на национална гордост.
Можете ли да замислете како тоа ќе не гладаат ако тоа го направиме?
Како ли не` гледаат сега што воопшто размислуваме на тоа да менуваме нешто што е најсвето за еден народ?
Мислам дека веќе ги знаете одговорите на прашањава.
Патем, ако ние како организирано општество создадеме економски услови за џидипито да ни е најмалку 10000 долари годишно и преку тоа да имаме што да понудиме при соработка со нас тврдам дека сите политички барања наеднаш ќе станат небитни!!!
Се` дотогаш ќе биде те името, те избори, те судство, те демократија, те ова, те она, те до бескрај.
Поздрав:helou: