Kje si igrame "povuci-potegni"?
Sega i ti kako Ivanov,sakas da ti se izvinat za da izlezesh na duel?
Ova "detskive" vokativi se definitivno trejdmark na forumov.
Bidejki jas ne sum Frchkovski,a ti ne si nevesta bi sakal da ti se izvinam,bidejki po priroda gi pochituvam site okolu mene iako drzam na moeto deka prodavash bugarski finti.
Кажи ти кои вокативни форми да се користат кога некој едноставно се држи до погрешни (индоктринација), инфантилни начини на комуникација.
Сакам да ме сфатиш правилно за се`.
Тоа твоето за што се држиш е навреда за кого било кој се смета за македонец, не само за мене и е одлика на веќе видено окупаторско/негаторско однесување и став. Исто така е огледало на твоето непознавање на нештата како што се демократија и општо речено, пропаганда и нивната неизбежна поврзаност во едно демократско општество.
Ако лиферувам
македонска национална гордост продавам бугарски финти, нели? Што ли ќе ме наречеш ако ти кажам дека уште од времето на стариот и добар соц. реализам лиферувам, пропагирам, убедувам и агитирам за слобода, индивидуализам, пазарна економија и правна држава, инаку за тебе попознати како капитализам?
Ultrancionalistichko e ova "osvestuvanje" na graganite ( gi narekuvam gragani oti sme multietnichka drzava i deka seushte kaj nas vladee t.n gragjansko opshtestvo ) za nivnite antichki koreni i za nivnata aftohtonost.Neshto shto nikoj dosega ne go napravil,i neshto shto prkosi na Istorijata na Brisel.I nemoj da mi kazes koj go vrti Brisel,oti glaven nosach na sekoja kampanjska programa e evrointegracijata,neli?
Ај оди изгуглај малку и види го значењето на терминот кој го користиш па кажи ми каде гледаш таква појава кај нас. Што се однесува до освестувањето или потрагата по вистината не е, не може и дури не е дозволиво за сериозен човек да ги поистовети.
Тоа што ти го кажуваш е само левичарска политичка пропаганда наменета за напад врз сегашнава власт и придобивање на незадоволници од нејзините политики. Ова е кусогледост бидејки не гледаат каква штета прават или пак сеедно им е, само тие да се вратаt на власт.
Е се`а, ако зборуваме за граѓани и граѓанско општество тогаш ќе треба да зборуваме за мултикултурно општество, а не за мултиетничко. Во мултиетничко општество постојат етникуми не граѓани и концептот на уредување е колективистичко.
Некој ми те излажал!!! Требаше нашето општество да биде мултикултурно, но навреме се свестиле оние кои во тоа време владеа со нас дека концептот мултикултура повлекува нешта за кои тие не беа спремни да ги дадат или попрецизно кажано, да се откажат од некои нешта. Така решиле да биде мултиетничко. Пикни го населението во своите трла (раздели па владеј) и продолжи да им бидеш овчар или, ако сакаш, начин како да си го задржат соц. реализмот, а притоа да не им биде забележано. Зарем е можно никогаш да не си ставил прст на глава за да размислиш зошто САД, Австралија, Канада и други држави кои имаат мешано население
се мултикултурни наместо мултиетнички. Та дури си прават нација и имаат национални чувства и национализам, а ние сиротите... Што да правиме. Не смееме ни да помислиме за некаква национална гордост оти ќе сме навредиле некого. Ако не` колеа и палеа, други ни ја пишуваа нашата историја по нивен интерес, не прекрстуваа и мачеа. Што е тоа битно? Битно е ние да не навредиме некого со нашата желба за вистината.
Оди кажи му на албанец дека не е Илир, очи ќе ти ископа. Тоа нивното не ти е ултранционализам, нашето е, нели? Оди кажи му на германец, французин, англо-саксонец или кој било дека е нешто што не е па или пак дека тоа што е навредува други па види како ќе реагира. Што мислиш ти? Ќе реагира, онака космополитиски или троа поинаку.
Што се однесува до Брисел сепак ќе ти кажам дека кој го врти бидејки јас сум активен и познат евроскептик уште од 2002 год. во повисоки кругови од форумскиве.
Појавата на национална гордост не е врзана за активност на политички партии. Тие не ја започнаа, ниту ја вршат, ниту ќе ја завршат. Тоа што нашиве политичари тераат некаква агенда... Не е агенда туку е слепа послушност како во времето на СФРЈ е само резултат на сервилноста на која се учени уште од мали ноѕе.
Е се`а, се појави политичар кој истапува од шемата и што? Се уплашија сервилните дека нивните нови господари ќе им се налутат и нема да им дозволат да ги служат. Имам јас и тоа какви замерки за владеењето на оваа власт ама тоа што е во ред, редно е да се пофали.
Vo vreme na kriza,vo vreme na nezavidni brojki na nashata berza (MBI e zagrizuvachki opadnat vo odnos na nashite komshiski indeksi vo poslednite 12 meseca),vo vreme na uzasno nesinhronizirana opozicija (kakva toa programa mu e potrebna na VMRO da go rasturi SDSM na prestojnive izbori?),nashite heroi od VMRO DPMNE reshija da gi stopiraat eu finansiite za avtopatot i da potroshat interesni sumi za arheologija i za spomenici.
Можеби не се согласуваме за нашата национална гордост и секогаш на повишен тон ќе разговараме ама за овој дел се согласуваме. Би било неприродно ако за се` се согласуваме, нели?
Е се`а, на оваа тема, ако не си забележал, не се делиме на ВМРО-овци и СДСМ-овци, ниту пак се делиме на античко-современи македонци или словени. Едноставно нема делба туку потрага по вистината, но заради муабетов ќе направиме еден исклучок.
ВМРО не е виновно што СДСМ падна. Верувај дека и јас ги чекам да станат социјалдемократи. Тоа што ние имаме сериозни проблеми во нашата економија е нешто за кое ако почнам да пишувам не знам кога ќе престанам само за да изгребам површината, а за подлабоко не станува збор.
Патем, на други теми имам образложено понадоста каде лежи решението за нашиве проблеми.
Neznam kakov si ti fanatik,bez nikakva navreda,ama jas sum mnogu praktichen chovek i ne veruvam vo sminkanje.
Фанатик, а? Е па, знаеш ли што е фанатик?
Фанатик, за македонски услови, е практичен човек кој се држи до своите идеали, значи ги има!!!
Сакаш да градиш високо катница на песоклива почва, е не може. Во соц. реализмот не учеа дека за идеали гинат будали, а вистината е дека без идеали живеат само будали. Цело време ни продаваат ум за макроекономија, но условите за тнр. микроекономија се неповолни. Се величи меритократството, а се омаловажува филозофијата. Е па, што сакаш повеќе. Толку може да се постигне без филозофија и идеали.
Постојат процеси кои можат песокот да го направат поволна градежна подлога. Тоа што ти го викаш шминкање, јас го викам процес. Не дека немам забелешки на процесот ама барем е некаков, каков-таков почеток. Што е подобро од што и да било пред тоа.
Ај да не почнам.
I sega dojde procesov na antikvizacija,osvestuvanje,momenti na vistinata,kako sakash narechi go....postoi i e megu nas.Onaa narodskata "na dve na tri" e mnogu dobra za opishuvanje na procesov koj saka vo rok od edna godina da go izmeni nacionalnoto lezishte i da go unishti "komunjarskoto" gragjansko opshtestvo.Za da ti pochnesh eden ovakov proces,potrebno e da zavrshish prethodno nekoi neodbeglivi problemi.
Во рок од една година од пролетери се претворивме во капиталисти. Исто така, во рок од една година од капиталисти се претворивме во закрепостени.
Сега малку самопофалбено. Доколку започнев еден ваков процес, верувај дека немаше да постојат вакви одбивности кои се појавуваат. Македонскиот народ, како народ, е мошне адаптибилен. Тоа некогаш е позитивно, а некогаш негативно по неговите интереси, да знаеш.
Инаку што е повистинито за тебе:
Ако имаш врлини ќе стекнеш вредности?
или
Ако имаш вредности ќе купиш врлини?
Размисли и самиот ќе си видиш (без да ти продавам „бугарски“ финти) дека испревртените вредности кои ги имаме се генераторот на сето зло кое не` опкружува.
Problemot na srpskata mediumska invazija vo Makedonija (PINK,Triumfi,Ceca Raznjatovich...brojot na posetiteli na koncertot na Ceca ne e mnogu razlichen od brojot na gragjani koi izlegoa na protesti za nemenuvanje na imeto vo SK??
),vadenjeto bugarski pasoshi,stabilen ekonomski rast,cvrsto i trajno reshenie so albancite...i vlijanieto shto ovie faktori go imaat i nazalost nam ne ni odi vo prilog.
Со српската културна хегемонија над македонскиот народ и со последиците од немањето на идеал толку се согласуваме што нема да ти реплицирам туку само ќе те поздравам.
Toa shto jas sakam da go kazam e slednovo:
Nikola Gruevski si nabiva poeni kaj nepismenite luge koi, fenomenot Demokratija im dal pravo da zaokruzat brojka na izbornoto livche, i so toa da dadat svoj mal pridones kon opshtestvenoto "podobro utre".On nema nikakva potreba da go pravi ova.On pobeduva sigurno na izborive.Se shto pravi e,mu dokazuva na Svetot deka Grcija bila vo pravo koga ni dala veto.
Гвујо не докажува никому ништо, а тоа Грција не го прави со докажување дека е во право туку со купување на подршка од своите сојузници и злоупотребувајки си ја положбата во меѓународните институции.
Оваа твоја изјава е директен показател дека си под влијание на политичката пропаганда на СДСМ и тнр. Тито синдромот. Груевски не е еден и единствен во ВМРО кој е заслужен за доброто или пак за лошото. Зад него стојат плејада на способни и помалку способни.
Ама Груевски е одлична мета за политичка пропаганда!!! Не се оди со аргументи туку со пропагандната шема "Аd Hominem". Значи политичката борба на СДСМ не се состои од аргументи или понуди за алтернативни, подобри, решенија туку се состои од манипулација преку која сака да го одвлече вниманието на населението од битните нешта.
Сакам да ти повторам: Сум во големо исчекување СДСМ конечно да се претворат во социјалдемократи бидејки така многу лесно ќе ги воочат дупките во дејствувањето на ВРМО и ќе понудат конкретни проекти и решенија за проблемите, наместо манипуалции.
Preziveavme Konflikt,Embargo,dva atentata,VETO...i bash sega dva meseca pred izborite mu tekna na Nikola deka trebaat spomenici i preimenuvanja?
И ова ќе го преживееме!!!
Патем не е баш пред два месеци, ама не е ни толку битно да се расправа. Ако не беа спомениците и преименувањата ќе беше нешто друго. Затоа олабави. Ние, како народ, сме во мрднеш-губиш позиција кога станува збор за ЕУ. Затоа да си го искористиме ова време да се стекнеме со домашен, наш, идеал и филозофија и да си работиме на нашите интереси, наместо за туѓите.
Ова „освестување“ или појавата на нацинална гордост е токму тоа што ни треба како основа врз која ќе градиме.
I vie se trudite da mi dokazete deka sum jas predavnik?Deka jas koj sum protiv ovie bugarski finti ne i go mislam dobroto na ovaa drzava?
Deka sekoj eden koj se osekja za Sloven vo Makedonija e predavnik na "Kauzata"?
Кој се труди, бре? Самиот си го правиш тоа преку навредите кои ги пишуваш/кажуваш. Какви бугарски финти те спопаднале, море? Што мислиш дека ако повеќе навредуваш дека ќе добиеш поголема согласност?
Ти си словенец во Македонија или си македонец или пак си македонец кој мисли дека е од словенско потекло чиј предци насилно ја населиле оваа територија целосно уништувајки го домородното население притоа преземајки ги нивните традиции и јазик? Што?
Ако ти сакаш да ја имаш слободата да се чувствуваш како словен зошто ни ја одземаш слободата да се чувствуваме како македонци?
Патем, предавник или патриот, во Македонија... непостојана работа ти е тоа. Денес си предавник, утре херој. Кој знае? Сепак за да знаеме нели треба да се прочепка малку по вистината, наместо да се задоволиме со пропагандата на соседите и нивната верзија за нашата историја?
Во моите обиди да го скусам на прифатлива должина постов можеби оставив нешто недоречено. Доколку има такво нешто... Знаете веќе!!!
Поздрав:helou:
П.С.
Пртко, би те замолил да изнајдеш време и прочиташ други работи кои сум ги напишал (во други теми) и тоа со отворен ум па потоа реплицирај.