За сите "букефалисти"

Елф

of Northern Mirkwood
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.373
Поени од реакции
148
Абре наши се ама во ЕУ не се влегува со Историја него со одговорна и способна политика.Таму не те прашуваат дали се сметаш за потомок негов или не туку те прашуваат дали ќе прајш компромис или воопшто нема да прајш.
Прв болд: ТОЧНО!
Ама ако влегувам во ЕУ, влегувам како Македонец и со македонската историја, и се што е позитивно, но и негативен багаж кој произлегува од македонското битисување.

Втор болд:
Каков компромис?
За ИМЕ, ИДЕНТИТЕТ и се останато што оди со тоа, а произлегува од простиот факт што сме Македонци компромис НЕ СМЕЕ ДА ИМА!!!
Ни мене не ми е јасно, што му е поентава со постов....???
Каков компромис треба да направиме....???
 
M

MKEUpatriot

Гостин
СДС-овците немаат поима што зборуваат.Сами си наметнаа тема за историја и си створија тема за препукување може тоа е до параноја.Во ЕУ се влегува со реформи во сите сегменти право судство здраство образование.Ја ставија историјата како топ тема на разговор во замена на безидејност потрошеност и цело време бомбардираат тука.Да не би било смесно би било трагично
 

кцхсхт

македоноид
Член од
4 февруари 2009
Мислења
341
Поени од реакции
9
Документи на Македонската лига од 1880 и 1881 година поврзани со востанијата (Разловечкото и Крестенското)

Манифестот на Привремената влада на Македонија
23 март 1881 г.
Македонци,
Нашата мила татковина Македонија некогаш била една од најславните земји. Македонскиот народ, исто така, удирајќи ги првите темели на воената вештина, со своите победнички фаланги и Аристотеловата просвета, го цивилизирал човештвото и Азија. Но, таа некогаш толку славна наша татковина денес е на прагот на својата пропаст поради нашите грешки и заборавање на нашето потекло. Туѓи и сомнителни народи сакаат да ја заземаат нашата земја и да ја уништат нашата народност, која, светејќи со таков сјај, не може и нема никогаш да пропадне. Таа е станата како некоја вдовица; толку грозно ја имаат напуштено нејзините синови. Не го развева повеќе знамето што го носеа во триумф победничките македонски војски. Таа е денес само географски поим. Како да се настојува нејзините победнички белези да бидат покриени со покривот на заборавот. Гробот и го имаат ископано нејзините интриганти кои, крстосувајќи ја нашата земја, и туриле разурнувачки отрови. Овие интриганти се гробари на големата и славна татковина; тоа се, исто така, оние интигранти што бараат да ја раздробат или поскоро да направат во неа да влезат победничките трупи на Австро - Унгарија. Со минувањето од еден јарем во друг, регенерацијата на Македонија нема да стане можна и нашата народност ќе пропадне. Моментот за Македонија е критичен: се работи за нејзиниот живот или смрт.
Вистински Македонци, верни деца на татковината!
Зар ќе трпите нашата мила земја да пропадне? Погледајте ја како е покриена во ропство и со рани што и ги направиле околните народи. Погледајте ја и видете и ги нејзините тешки синџири што и ги произведува султанот. Наоѓајќи се во ваква немоќ и гледајќи ја целата расплакана, нашата мила Македонија, нашата драга татковина Ве вика: вие што сте мои верни деца; вие што по Аристотела и Александра Велики сте мои наследници, вие во чии што жили тече македонска крв, не оставајте ме да умрам, туку помогнете ми. Каква тажна глетказа вас, вистински Македонци, ќе биде ако станете очевидци на погреб. Не, не еве ви ги моите крвави грозни рани, еве ви тешки синџири: скршете ги нив, излекувајте ми ги моите рани; направете се на знамето што ќе го кренам да биде напишано: единствена и обединета Македонија! Штом тоа ќе го сторите храбро истерајте ги од вашата земја овие убијци, кои го држат во своите раце знамето на неслогата и внесуваат отцепувачки страсти, ве делат вас, мои деца, на безброј народности, потоа собирајќи се околу знамето на Македонија, како ваш единствен национален белег, дигнете го високо и подгответе го ова славно знаме за потоа да напишете едногласно:
Да живее македонскиот народ, да живее Македонија!
Постои гласот на нашата татковина, постои слободата, тоа скапо наследство на народите. Да ги прогласите овие зборови, тоа значи да ги повикате благородните срца да побрзаат да дојдат да се бијат за да ви помогнат да ја добиете таа света слобода која од многу векови побегнала од нашата драга татковина.
Македонци, сетете се за нашето потекло и немојте да го откажувате!
Ќустендил. 11/23 март 1881 г., Верно на оригиналот Доспат, 18/30 април 1881 г.
Претседател, Васил Чомо (Симон)
Секретар, Никола Трајков

Проглас: "Македонија на Македонците"
"...Зошто ние Македонците сме ја зафрлиле својата народност, а другите народи ја бараат нашата земја како, своја..."
До македонските народи!
Нашата татковина Македонија некогаш била една од најславните земји. Македонскиот народ ги турил првите темели на воената вештина. Победничките фаланги на Александар Велики ја пренесол Аристотеловата просвета во внатрешноста на Азија и со тоа го цивилизирал човечкиот род. Но таа некогаш толку славна татковина денес е во опасност да биде разделена и да ја снема сосема зашто ние Македонците сме ја зафрлиле својата народност, а другите народи ја бараат нашата земја како своја, бараат да ја потчинат нашата голема народност, која во минатото во својата самостојност толку болскотела.
Вистински Македонци!
Нашата татковина е станата сираче. Нејзиното победничко знаме од кое трепереше целиот свет, денеска веќе не постои како знаме на одделна народност. Денес се пишува во картата името на Македонија како некој спомен. а нејзините победнички гробови лежат во големите гробишта на заборавот, благодарејќи на разорните сплетки на оние што веќе неколку години крстосуваат низ нашата земја, заситувајќи го нашиот народ со раздор и отворени страсти. Овие органи се гробари на некогашната славна Македонија. Тие работат за нејзиното раздробување и со месните расправии готват терен за напливот на туѓа војска во нашата татковина. Настапија критички дни за опстанокот на Македонија. Се решава нејзиниот живот или смрт. Јунаци Македонски! Зар ќе оставите додека сте уште живи да се закопа вашата убава татковина? Погледајте ја разранета од отровните стрели на околните народи што сакаат меѓу себе да ја расчеречат. Во таква очајна положба нашата драга мајка Македонија гледа на нас со очи полни солзи и ни вика:
Ако навистина сте мои деца, ако во вашите жили тече македонска крв, тогаш е подобро да загинете со мене отколку да останете живи сведоци на исчезнувањето на македонската народност. Не верувајте им веќе на интригите на соседните народи коишто работат за мојата пропаст. Вие сте челад од мојата утроба, па макар зборувале турски. грчки, бугарски, српски, погански, влашки и еврејски. Вие сте сите мои родени деца без оглед дали верувате во Мухамед, Мојсеј или Исус. Иако вие ги признавате за старешини едни папата, други шеик исламот, трети егзархот, четврти патријархот, петти рабинот, пак сте вие сите деца од една иста мајка Македонија што плаче ден и ноќ, колнејќи ве да се смирите, да се сложите и да се збратимите. Зар не ќе се срамите ако ве расчеречат и разделат соседите кои зборуваат со односниот јазик, но кои се мои непријатели? Зар вие уште и ќе им помагате за да ме закопат в гроб, а со мене и славното македонско име? Ако тоа го нејќете. ако. напротив, сакате да ги залечете моите рани. а вие како вистински Македонци решете: на знамето што денес го веам да се напише: Македонија на Македонците, па тогаш истерајте ги од својата прадедовска земја сите интриганти што денес меѓу вас разгоруваат расцеп на народоносните страсти што вас, моите деца и еднокрвни браќа, ве кинат на разни туѓи народности. Признавајќи го ова мое знаме како единствено ваше знаме, викнете: Да живее неразделниот македонски народ!
Од протоколот од последниот состанок на централниот силогос "Македонија на Македонците" на кој е решено да се отпечати овој проглас на сите јазици на Македонија.
Во Цариград,
15. 04.1881 година
Централен силогос

ЗНАЧИ ПО ОВАА ЛОГИКА НА ГОЛЕМИТЕ ЕКСПЕРТИ И РАЗЛОВЕЧКО-КРЕСНЕНСКИТЕ ВОСТАНИЦИ БИЛЕ БУКЕФАЛИСТИ!!!
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.562
Поени од реакции
281
Прв болд: ТОЧНО!
Ама ако влегувам во ЕУ, влегувам како Македонец и со македонската историја, и се што е позитивно, но и негативен багаж кој произлегува од македонското битисување.

Втор болд:
Каков компромис?
За ИМЕ, ИДЕНТИТЕТ и се останато што оди со тоа, а произлегува од простиот факт што сме Македонци компромис НЕ СМЕЕ ДА ИМА!!!
Струмикс,друже,Грција не бара да прави компромис за јазикот и нацијата туку само за заедничко прифатлив компромис т.е. референца како Северна Македонија кое што е многу подобро од сегашната БЈРМ како последица од Љубчо!Грчката страна е јасна како и ЕУ,се преговара само за референца или придавка не целосно променување на име,таквото тврдење го има само кај Груевски и кај ДПМНЕ.Дури ни Грците не се толку расипани да работат против нивните државни интереси како што е ДПМНЕ и Груевски.

СДС-овците немаат поима што зборуваат.

Предлогот Северна Македонија е далеку подобар од БЈРМ,со прифаќање предлогот Северна Македонија ние сме издвоиле победа над Грција,името име географска одредница и плус кога Грција би го признала тоа име Северна Македонија тие прифаќаат дека постои со тоа и Горна,Долна,Средна и што ти знам каква всушност и секаква т.е. го признаваат постоењето на севкупниот македонски народ и држава како и нејзиниот јазик и историја.Прашај некој историчар ќе ти го потврди истово.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
376
Поени од реакции
15
Кој историчар?

'дури ни Грците не се толку расипани ...' така пишуваш.
Ти од каде си? Ај разбуди се!

Дали со 'прифаќањето' на географската одредница, нам ќе ни светне 'сончев ден'?
Што со нашиве кај 'добрите' комшии, ним ќе им се поарни ситуацијата?

Македонија е на македонците, кому не му се допаѓа, светот е голем ...

Под ова небо има место за живеење за сите.
 

Елф

of Northern Mirkwood
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.373
Поени од реакции
148
Струмикс,друже,Грција не бара да прави компромис за јазикот и нацијата туку само за заедничко прифатлив компромис т.е. референца како Северна Македонија кое што е многу подобро од сегашната БЈРМ како последица од Љубчо!Грчката страна е јасна како и ЕУ,се преговара само за референца или придавка не целосно променување на име,таквото тврдење го има само кај Груевски и кај ДПМНЕ.Дури ни Грците не се толку расипани да работат против нивните државни интереси како што е ДПМНЕ и Груевски.




Предлогот Северна Македонија е далеку подобар од БЈРМ,со прифаќање предлогот Северна Македонија ние сме издвоиле победа над Грција,името име географска одредница и плус кога Грција би го признала тоа име Северна Македонија тие прифаќаат дека постои со тоа и Горна,Долна,Средна и што ти знам каква всушност и секаква т.е. го признаваат постоењето на севкупниот македонски народ и држава како и нејзиниот јазик и историја.Прашај некој историчар ќе ти го потврди истово.

:nesum::nesum::nesum:
:nesvest::nesvest::nesvest:
:lud::lud::lud:
Шо нема да прочитам....
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Струмикс,друже,Грција не бара да прави компромис за јазикот и нацијата туку само за заедничко прифатлив компромис т.е. референца како Северна Македонија кое што е многу подобро од сегашната БЈРМ како последица од Љубчо!Грчката страна е јасна како и ЕУ,се преговара само за референца или придавка не целосно променување на име,таквото тврдење го има само кај Груевски и кај ДПМНЕ.Дури ни Грците не се толку расипани да работат против нивните државни интереси како што е ДПМНЕ и Груевски.
Разбери дека чим преговараш за името, на маса ти е и се поврзано со тоа, вклучително и идентитет, историја, култура и така натаму!
Самата Дора беше мислам, или Василакис рекоа дека е најнормално по името на државата да се именува се останато.
Размисли самиот, а не како ќе ти кажат во штабот!
Грците се бетер од она што мислиш дека се!
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Се преговара за спор за придавка која ќе ја замени БЈРМ не за целосна промена на името.Под компромис се подразбира тоа.
:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.562
Поени од реакции
281
вклучително и идентитет, историја, култура и така натаму!

Не бе друже грешка си,прашај некој од историчарите види шо ќе ти речи за предлогот Северна Македонија,и плус како капак на се Грција се согласува,тоа значи шом Грците прифатиле Северна Македонија прифатиле се Македонско,цел пакет,јазик нација итн.итн. да не набројувам.

:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:

Знам дека некој некому го полни мозокот со памук ама јебига на некој смешно на некој за плачење.:kesa:
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Не бе друже грешка си,прашај некој од историчарите види шо ќе ти речи за предлогот Северна Македонија,и плус како капак на се Грција се согласува,тоа значи шом Грците прифатиле Северна Македонија прифатиле се Македонско,цел пакет,јазик нација итн.итн. да не набројувам.
Викаш?
Т.е. не викаш ти, туку така ти кажале.
Знам дека некој некому го полни мозокот со памук ама јебига на некој смешно на некој за плачење.:kesa:
Па да... ти се смеам на наполнетоста со памук...односно ограничувањето на размислувањето во согласност со интересите на некоја интересна група.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.138
Поени од реакции
26.826
Типичен е примерот Србија која е пред банкрот.

Европските банки за неколку месеци повлекле од Србија 500 милиони евра.
Упппссссссс, каде е европската солидарност ?

Србија мораше да земе кредит од ММФ во износ од 2 милијарди евра за да ги покрие сите дупки во нејзиното работење.
Не се знае дали ќе стигнат тие пари.

Коњоликоста на нашите влади е токму во форсирањето на ЕУ и НАТО пред другите.
Ние ниту еднаш не подјовме на истокот.
А што некогаш сме добиле од истокот и од браќата ни Словени. Да, сме добиле 1912 1913, не ослободија....
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Не бе друже грешка си,прашај некој од историчарите види шо ќе ти речи за предлогот Северна Македонија,и плус како капак на се Грција се согласува,тоа значи шом Грците прифатиле Северна Македонија прифатиле се Македонско,цел пакет,јазик нација итн.итн. да не набројувам.




Знам дека некој некому го полни мозокот со памук ама јебига на некој смешно на некој за плачење.:kesa:
НЕ БРЗАЈ МНОГУ:
Чекор 1:
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Чекор 2:
МАКЕДОНИА ама во ГРција, тие веќе така ја нарекуваат таа по требе јужната Македонија, ако треба и парламент ќе и направат...:)
Чекор 3:
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА населена о папазјанија од народи од кои еден дури зборува на СЛАВОМАКЕДОНСКИ дијалект
Чекор 4: МАКЕДОНИА населена со МАКЕДОНЦИ кои зборуваат грчки
Чекор 5: КОЈ Е ОРИГИНАЛОТ , А КОЈ ЗАМЕНАТА ЗА ТУРСКО КАФЕ...????
Чекор 6 : одиш наоколу и по свет објаснуваш дека клетите грци те ЗАЕБАЛЕ....а свет ти СЕ СМЕЕ :)
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
НЕ БРЗАЈ МНОГУ:
Чекор 1:
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Чекор 2:
МАКЕДОНИА ама во ГРција, тие веќе така ја нарекуваат таа по требе јужната Македонија, ако треба и парламент ќе и направат...:)
Чекор 3:
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА населена о папазјанија од народи од кои еден дури зборува на СЛАВОМАКЕДОНСКИ дијалект
Чекор 4: МАКЕДОНИА населена со МАКЕДОНЦИ кои зборуваат грчки
Чекор 5: КОЈ Е ОРИГИНАЛОТ , А КОЈ ЗАМЕНАТА ЗА ТУРСКО КАФЕ...????
Чекор 6 : одиш наоколу и по свет објаснуваш дека клетите грци те ЗАЕБАЛЕ....а свет ти СЕ СМЕЕ :)
Неговиот Пастир вели дека не е така, а ние тука сме.....еден будала и една цигла.....од бетонските....
Што знаеме ние?
 
Член од
29 април 2005
Мислења
383
Поени од реакции
35
Неговиот Пастир вели дека не е така, а ние тука сме.....еден будала и една цигла.....од бетонските....
Што знаеме ние?
Струмикс,
Не мора да е само пастирот кој му вели дека не е така.
Навистина постојата луѓе кои немаат ништо свето освен својот материјален конфор и сопствената безбедност. Постои народно име за таквите ама не сакам да го употребам да не се сфати дека некого напаѓам.
Таквите луѓе се свесни дека не треба така да се однесуваат ама се премногу слаби (карактерно и морално) да променат нешто во својот светоглед. Ниеден човек не сака себеси да се гледа како слабак, ниту пак како неморален. Таквиот, конформист, човек прво се убедува себеси дека оди по линијата на моралното, односно дека е морален потоа, според изреката:
Мизеријата сака (побарува) друштво,
е во потрага по слични нему и е во состојба да убедува неуморно и бесконечно секого кој е волен да слуша. Притоа си ја зацврстува сопствената убеденост.
Ваквите луѓе се постојано во борба со себеси, односно со, не по своја вина, својата спознајна дисонанца "cognitive dissonance". Постои дебата во одредени кругови (научни) дали овој вид на однесување да биде сместен во пореметено однесување или во социопатијата. Исто така, оваа дебата поседува и политички и општествени импликации. Всушност станува збор за поединци во секаква група која побарува привилегии од „државата“ и се служи со пропаганда да ги нарече тие привилегии како права.
Најдиректната политичка импликација е што тоа најмногу се однесува на политичарите левичари и нивното друштво, односно следбеници.:nesvest:
Ова е и најдиректната причина зошто оваа работа до денес е сеуште дебата исклучиво во научни кругови иако е научно докажана. Како резултат на ваквата позиција на оваа дијагноза е што развојот на третманот за тие кои сакаат да излезат од тој вител на себенанесувачко зло е во застој.
Ај доволно кажав за оваа работа бидејки ако продолжам ќе наведам некого (ќе се најде погоден) да ме напаѓа без причина навреден од напишаното. Впрочем, на ист начин заглави и сместувањето на дијагнозата во дадената рамка.

На оваа тема стана збор дали ни треба ЕУ или не преку муабетот дали да менуваме име или не.
Само ќе ви кажам да размислите според изреката:
Не се грижи толку каде ќе седнеш на масата туку загрижи се дали ти е таму местото т.е. дали треба воопшто да седнеш на таа маса.

Ние сакаме да влеземе во друштво на нации со докажана и негувана национална гордост каде што условот за влез во тоа друштво е да го понижиме и отфрлиме нашето чувство на национална гордост.
Можете ли да замислете како тоа ќе не гладаат ако тоа го направиме?
Како ли не` гледаат сега што воопшто размислуваме на тоа да менуваме нешто што е најсвето за еден народ?
Мислам дека веќе ги знаете одговорите на прашањава.

Патем, ако ние како организирано општество создадеме економски услови за џидипито да ни е најмалку 10000 долари годишно и преку тоа да имаме што да понудиме при соработка со нас тврдам дека сите политички барања наеднаш ќе станат небитни!!!
Се` дотогаш ќе биде те името, те избори, те судство, те демократија, те ова, те она, те до бескрај.


Поздрав:helou:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom