Барање до Обама да ја повлече одлуката на Буш за нашето име

  • Креатор на темата Креатор на темата RIZTETO
  • Време на започнување Време на започнување

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
Обама да ја повлече одлуката за Македонија

Коментари (56)
prazno.gif
prazno.gif
13.02.2009 12:14
barak-obama.jpg
32 конгресмени испратиле писмото до Барак Обама
Претседателот на САД Барак Обама да ја повлече одлуката за признавање на уставното име на Македонија донесена од претседателот Буш во 2004 година, ова од него го бараат 32 членови на Американскиот конгрес.
Писмото до кабинетот на Обама е потпишано од влијателни членови на грчката група во Конгресот, но и претставници кои досега не биле јавно инволвирани во лобирањето за сметка на Грција.
Во дописот, покрај поддршка од Обама за кипарскиот проблем и екуменската патријаршија во Истанбул, грчките лобисти бараат Обама да ја повлече одлуката за македонското уставно име поради наводните македонски територијални претензии кон Грција.
Обединетата македонска дијаспора во САД смета дека постои можност за промена на официјалната политика на Америка кон Македонија, но таа се уште е мала.
„Можност секогаш постои, е сега колкава е веројатноста. Јас мислам дека е мала, бидејќи мислам дека Обама не би сакал да отвори нови проблеми на Балканот. Мислам дека со признавањето на Македонија под уставното име и самите врски кои ги има меѓу Македонија и Америка се доволно силни да продолжат и понатаму“, изјави потпретседателот на ОМД, Александар Митревски.
Со техничка поддршка на турската коалиција во САД, Обединетата македонска дијаспора од денес започна контра активности кои треба да ја анулираат широката акција на Грчката заедница во САД.
Сите Македонци во САД се повикани да ги контактираат своите претставници и сенатори за да им ја објаснат состојбата со уставното име на Македонија.

Извор А1
 
Oва го знаев пред 3-4 дена...Експресна реакција од А1:tapp:
 
Па изгледа грците решиле да го одврзат кесето.Се уверивме во силата на грчкото лоби па останува да ја видиме силата на нашето.Можеби педерите грчки ќе излобираат нешто но мислам дека една САД нема да си дозволи таков луксуз да сменува одлуки преку ноќ донесени од еден прецедател и неговата администрација.Сепак е тоа една озбилна држава.
 
САД секогаш ги влечат потезите од свој интерес. И признавањето на нашето име им беше од интерес.

Нивното укопување во замокот-амбасада-база над земја и 2-3 пати поголема подземја што го направија на Кале е дел од нивната политика на Балканот. (хе хе за вакви бази инсталирани во Турција, Германија, Узбекистан, ... - годишно плаќаат по стотици милиони долари а овде и на Косово си ги добија за безпари). Таа нивна амбасада-база е нивниот нов логистички - CIA и NSA - electronic communication surveillance center, и признавањето на нашето име е дел од таа политика и тие нивни интереси.
Не можат грците со нивните потписи во конгресот и дури и со парите што ги даваат за лобирање кај конгресмените да ги надминат парите што америте ги заштедуваат со бесплатната база electronic communication surveillance center што си го отворија на Кале.
А башка персоналот и опремата што ја имаа во Атина за таа намена сега ќе биде инсталирана на Кале.

Не е Обама ветрушка што ќе тргне во правење потези што ги загрозуваат нивните интереси само на грците да им го направел ќеифот. НЕМА ШАНСА!
 
-Тргна надолницата уште од порано за нас. Уште малце надолу не ни мења многу. Него не верувам ова да се деси ;)
 
Па изгледа грците решиле да го одврзат кесето.Се уверивме во силата на грчкото лоби па останува да ја видиме силата на нашето.Можеби педерите грчки ќе излобираат нешто но мислам дека една САД нема да си дозволи таков луксуз да сменува одлуки преку ноќ донесени од еден прецедател и неговата администрација.Сепак е тоа една озбилна држава.

А бе каква озбилна шо има тоа врска. Баш дека се озбилна праат шо сакат, најмокни се. И на Обама навистина ако го претиснат, може да ја смени одлуката. Никој од нас нејке тоа ама можно е:toe:
 
Абе немајте страв,па зошто праќаме на појадок наши истакнати “дејци“,мислите дека само за парче леб со путер од кикирики,се оди на појадок со Обама?:smir:
 
А бе каква озбилна шо има тоа врска. Баш дека се озбилна праат шо сакат, најмокни се. И на Обама навистина ако го претиснат, може да ја смени одлуката. Никој од нас нејке тоа ама можно е:toe:

Ma добро со озбилност и не се карактеризира толку но сепак САД си е САД и толкав луксуз не би си дозволила.Сепак не можи еден председател да донесе одлука па после него да дојде друг па да поништи па пак кога ќе се врати некој друг пак нешто да смени.Тоа го има само кај нас.А и Обама само ќе игра како му сфират.А педерите грчки допрва ќе плаќаат за тоа што понижија еден американски прецедател.
 
Работава пу, пу не важит! А всушност мислам дека и (не)признавањето од страна на Америка не треба да ни значи многу. Барем ние имаме долговековна историја и традиција, а не бедни 300-400 години.
 
A onie makedonskine kopuci sto vo USA se narekuvaat makedonska dijaspor glasaa za Obama i den denes se ligusat po site mozni web strani kako bile golemi demokrati.
:tapp:
 
Со оглед дека гејците во САД традиционално ги поддржуваат демократите, а Обама е демократ плус нешто не така многу убедливо им вети дека ќе ја притисне Македонија ако биде избран за претседател можно е да се случи такво нешто. Но знаејќи ја САД мислам дека такви радикални одлуки својствени на политичките партии на Балканот, а посебно кај нас кога некоја партија дојде на власт и донесе некоја одлука , па таа одлука на наредните избори ја укине другата партија што ќе дојде на власт мислам дека нема да се случи. Можеби нешто во завиена форма бидејќи мислам дека САД ќе внимава никого да не налути, така што ќе гледаат ако дојде до тоа да биде некое соломонско решение за да ни направат лице и нам и на гејциве. Но мислам дека сепак до тоа нема да дојде.
 
Но знаејќи ја САД мислам дека такви радикални одлуки својствени на политичките партии на Балканот
Zosto mislis deka odluka na US administration vo vrska so fyr Macedonia e radikalna odluka?
 
Zosto mislis deka odluka na US administration vo vrska so fyr Macedonia e radikalna odluka?

Радикална е затоа што САД ќе погази уште неколку одлуки кои следуваа после одлуката за признавање на Македонија, тука мислам и на договорот за специјални односи на двете држави кој произлезе после Букуреш. Сепак ќе биде преголем залак кој САД нема да си го дозволи.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom