Канал 5 ќе ги пренесува натпреварите од најквалитетните европски натпреварувања!

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.752
Поени од реакции
22.972
Па зарем тоа пред да започне натпреварот вие го нарекувате емисија?! Ццц, 4 луѓе+водителот (со тоа што секоја наредна емисија прават комбинации за вкупно да бидат тројца). Муабетот кој го прават не можам да го гледам, а не да го слушам. Ланската емисија, 'Ноќ со шампионите' со Филе, едвај чекав да започне. А, сега?
Гледам некои од вас го употребуваат зборот 'коментаторите'. Зошто? Имаат само еден коментатор, кој воопшто не ми се допаѓа како раскажува приказни, во ист кош со оние од Алфа е (Тие на Алфа, 50 мин раскажуваат приказни, 10 мин зборуваат за натпреварот, а останатите 30 и онака не се слушаат заради рекламите). Калински е човекот, коментатор кој заслужува огромен респект, не само како спортски работник, туку и како личност, зошто за да зборуваш така течно, притоа не зборувајќи, туку везејќи ги зборовите, како што веројатно само тој знае, да ти е мерак и милина да го слушаш, мора да си сестрано образован, да си многу начитан човек. Кога гледаш натпревар, не знаеш од што си повеќе одушевен, од играта на теренот, или од зборовите на виртуозот(збор кој самиот Калински често го употребува) Златко Калински.

Неколку видеа од натпревари со коментар на Калински.

В

Вори

Гостин
Не можам да сфатам една работа.На Канал 5 се дава пренос од натпреварот Челзи-Манчестер,а на Канал 5 + Барселона-Шахтјор.Епа зошто тогаш додека на дербито е жустро,се кршат нозе,акции фрчат на сите страни,влетуваат головите и најинтересните моменти од другиот натпревар,кога истиот се дава на другиот канал?

--- надополнето ---

Ете ме мене, пак после долго време, но овојпат не како водител по кои многупати без образложение бев критикуван, како јас да бев тој кој ги бираше натпреварите, туку сега само како консумент на најубавата и најинтересната лига ... :))) тогаш од тој аспект можев дури и да го разберам револтот со кој понекогаш дури и јас се соочував, но тоа веќе одамна е зад мене. Сега ми е многу поубаво кога си го гледам тоа што мене ме интересира, а за концепот... има концепт???? Се надевам дека со прашалниците никого не навредив, зш не верувам дека некој има со кој би бил на различна бранова должина по тоа прашање. Поз :)
Единственото нешто што од вас ми сметаше,беше тоа што многу бевте пристрасен и на секој можен начин искажувавте дека навивате за Барселона,потенциравте дека истата таа Барселона е најјака и останати за мене безвезни муабети.
Другото си беше се на место...
 
P

PewDiePie

Гостин
Не,реално гледано и филе го потеше,јајцава баскети пред секоја утакмица ми беа со таа барселона,човек и да не ја мрази ќе замрази поради навивачите ебате.

Ама за разлика од кловновиве колку толку ја разбираше фудбалската игра,и не викам дека беше ама барем се трудеше да биде поинтересна емисијата,овие некако ептен сувопарно и по книга ми идат,итоа од оние лошине стари книги со српско-хрватски превод.
 
А

Анноун

Гостин
1. во македонија ни имало , ни пак ќе има добра емисија пред било каков спортски натпревар . во мтв емисиите се дремка да те фати ( ќе ти се спие кога ќе почне утакмицата ) , филе се здробуваше играјќи фудбалче ,хаха и за жал , впечаток на сите луѓе со кои сум зборел , емисијата воопшто не му беше да те заинтригира да слушаш ни он шо збори , ни пак експертите во студиото. па кога ќе ги ставиш и гостите шо му одеа публика , средни , основни школи , женски младински одбојкарски школи и што ли не .. кои исто трошеа 10-15 минути од емисијата ( зборовите со клешта им ги вадеше , ти гледаш и се мислиш дали да се фрлиш од тераса ) .. мизерија . Филе имаше замисла, имаше концепт , ама фалеше нешто ужасно . сепак респект за трудот.
Овој златче шо им ја води сега емисијата , срам ми е да го слушам стварно . Како мтв , само водителот у секој момент може да тропне јак бисер , за разлика од еден видески на пример кој и он и гостинот заспуваат на сред муабет и забораваат шо е темата.

2. преносите - единствено поарно од мтв кај канал 5 е што навремено одат со долгите реклами пред фудбалот , па во 8-40 се вклучени. на мтв се случуваше експертот да збори малку подугачко , па се вклучуваа во прва-втора минута чат-пат. а овој коментаторов на канал 5 (одма ме удри нервоза) , крај е човекот. па кога ќе почне да носи заклучоци офсајд или не, пенал или не . со надразнувачката интонација шо ја фаќа .. озбилно ова , стајте го Крсте бе да коментира , човекот се здроби вести читање , душа човек , сигурен сум дека че има помалку нервози со него отколку со главава-експерт .

а за изборот на натпреварите нема потреба да се коментира . секоја чест . пропаднаа 10 солидни мечеви низ групите кои можеа да одат на 5плус , место жилина-челзи и сите натпревари на хапоел телавив .
 
Capitano

...
Член од
24 октомври 2007
Мислења
1.344
Поени од реакции
137
Значи се можам да разберам... факт е дека сме ужасно тенки со талент и основно фудбалско познавање на коментаториве. (90% од нив се кладам дека не ги знаат фудбалерите да ги распознаат на терен, доколку немаат список кој со кој број и на која позиција настапува). Најосновно, најголем дел од нив не ни имаат телевизиски глас и харизма со која би привлекле човек да гледа натпревар.

Ама сето ова го остаам на страна... Она што невозможно многу ме иритира а пристрасноста и потенцираниот фанатизам кон некој од тимовите. Си чекал со душа да дојде 20:45 да гледаш ЛШ и оп...ќе почне да ти дрви кој тим е најдобар, во чија корист е судењето, што било заслужено, а што не - типично маалско докажување за кој вреди да се навива, а за кој не. Ти се одмилува и натпревар и се заради таквите нус појави од самонаречени фудбалски коментатори кои постојат во државава.
 
File X File

X Ego-trip Killer :-)
Член од
21 август 2009
Мислења
100
Поени од реакции
38
Па зарем тоа пред да започне натпреварот вие го нарекувате емисија?! Ццц, 4 луѓе+водителот (со тоа што секоја наредна емисија прават комбинации за вкупно да бидат тројца). Муабетот кој го прават не можам да го гледам, а не да го слушам. Ланската емисија, 'Ноќ со шампионите' со Филе, едвај чекав да започне. А, сега?

Фала за ова, но да бидам искрен и лани имаше многу работи кои сметав дека требаше да бидат уште подобри...но, нели...не зависи се од мене, требаше да се игра тимски... оваа година се надевав дека ќе биде подобра од лани... за жал...

--- надополнето ---

... а за тоа дека сум „потел јајца„ за Барселона, НЕ Е ТОЧНО... Вие многу лесно ги поистоветувате работите што ги пишувам на моите приватни нет страни или медиумски кога сум поканет некаде со тоа што е на тв или Топки... Избројте ги местата кои е зборувано на тие две емисии за Барселона, и ќе се уверите... јас еднаш ги изборив и ги презентирав. Пред фактите и боговите молчат , нели? ... а тоа што приватно и секаде каде што ќе ме видите или читате, нема врска со мојата професионална работа и обврска.
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.713
Поени од реакции
88.779
Сакам ЛШ да се врати на МТВ.Жими се подобро таму ќе гледам отколку на оваа скапанава.Тој филе кога ќе го видев како го дрви за барселона 30 минути во емисија ( немам ништо против тимот ) ми доаѓаше да повратам.Сега овој има пристрасни амбици кон Интер па уште толку ми е мака да ги гледам.За коментаторите неам зборови.Катастрофа
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045

Ako ovoj komentator e pristrasen kon inter - ti si za lecenje :)

Чоекот не прекина да ги пљука од лани кога ја дупнаа Барселона :)

А
 
Член од
7 јули 2010
Мислења
1.695
Поени од реакции
828
Коментаторот на канал 5 може да пројде не е полош ни од тие на Телма ни од тие на Алфа.Типот од спортското радио што коментира на 5 + е добар коментатор и би требало тој да ги води поважните натпревари... Емисијата пред натпревар лани колку толку можеше да се погледа иако не ми се свиѓаше многу ама годинава е катастрофа.Ако е емисија 3-4 луѓе кој немаат врска од фудбал да зборат за тоа кој се појаки,за кој навиваат и да даваат прогнози :tapp:
 
Член од
11 јуни 2007
Мислења
1.505
Поени од реакции
1.302
Еве од кого треба да учат денешниве коментатори

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.368
Поени од реакции
47.151
Како што разбрав вчера, денес ќе има комбиниран пренос ...
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
^ Да така кажаа вчера... што значи СРАЊЕ! Не ја гледам логиката да вршиш комбиниран пренос кога имаш два канала на располагање... :jaj:
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.332
Поени од реакции
15.595
Не гледам ништо пред натпреварот од ЛШ. Не е дека не сакам, неам мотив, знам дека ќе се изнаслушам глупости на кило. Не сум ни компетентен да ги споредам со лани и емисиите на филе, или оваа година и емисиите на... неам поим кој... Лани тоа што се носеа деца пред ЛШ беше глупост(без навреда), ЛШ како емисија и проект треба да даде нешто повеќе, треба да се донесат гости кои ќе бидат спремни, не вонаби македонски тренери, море не тренери, треба да се викнат луѓе од форумов за гости.

Убеден сум дека ниеден тренер не знае повеќе за Интер од мене, или од уште 2-3ца од нашиот фан-клуб, истото важи и за останатите фан-клубови. Има луѓе кои што редовно ги пратат своите тимови, и што знаат што се случува во тимот, што може да очекуваат и каква ќе биде играта. Тренериве и гостите(кои и да се) обично кажуваат дека или очекуваат отворен дуел со голови, или затворен дуел со малку голови, wtf, really? Фудбалот не е егзактна наука, затоа и не мора тренериве и фудбалериве да бидат гости, убеден сум, премногу сум убеден дека некој од обичниве фанови може подобра да ја направи емисијата, со подобра анализа за својот клуб. Но тоа е само еден сегмент од целата емисија. Потребна е и анализа од водителот, видео клипчиња, и добра графика.

Сепак, не верувам дека уште добри 5-6 години ќе гледам некаква емисија, било за ЛШ, било за СП или ЕП...
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Снабдете се со стримови за вечер ако има комбиниран пренос, поголема глупост, амин. Па и ова уклучување од друг натпревар што го практикуваат, вчера голот се испушти ради тоа што голот на Меси се виде од 300 разни агли на веќе решен меч. Не сфаќам зошто ако оди еден меч на 5+ се убацуваат и на 5, ама ај....а ова вечер ќе е како кога ќе има избори и јавување од сите месни заедници :tapp:

--- надополнето ---

Не гледам ништо пред натпреварот од ЛШ. Не е дека не сакам, неам мотив, знам дека ќе се изнаслушам глупости на кило. Не сум ни компетентен да ги споредам со лани и емисиите на филе, или оваа година и емисиите на... неам поим кој... Лани тоа што се носеа деца пред ЛШ беше глупост(без навреда), ЛШ како емисија и проект треба да даде нешто повеќе, треба да се донесат гости кои ќе бидат спремни, не вонаби македонски тренери, море не тренери, треба да се викнат луѓе од форумов за гости.

Убеден сум дека ниеден тренер не знае повеќе за Интер од мене, или од уште 2-3ца од нашиот фан-клуб, истото важи и за останатите фан-клубови. Има луѓе кои што редовно ги пратат своите тимови, и што знаат што се случува во тимот, што може да очекуваат и каква ќе биде играта. Тренериве и гостите(кои и да се) обично кажуваат дека или очекуваат отворен дуел со голови, или затворен дуел со малку голови, wtf, really? Фудбалот не е егзактна наука, затоа и не мора тренериве и фудбалериве да бидат гости, убеден сум, премногу сум убеден дека некој од обичниве фанови може подобра да ја направи емисијата, со подобра анализа за својот клуб. Но тоа е само еден сегмент од целата емисија. Потребна е и анализа од водителот, видео клипчиња, и добра графика.

Сепак, не верувам дека уште добри 5-6 години ќе гледам некаква емисија, било за ЛШ, било за СП или ЕП...
Одличен пост.
 
meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.052
Поени од реакции
1.178
Катастрофа!!! Не знам дали многу очекувавме или стварно се толку лоши...
Не знам од кај ги наоѓаат и гостите во емисија пред натпревар, ако може ова да се нарече емисија.
Кога веќе ги даваат двата натпревари, по која логика на канал 5 вршат комбиниран пренос?! Најверојатно и вечерва ќе биде така. Коментаторот реди бисер до бисер... полошо и од мтв.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom