Канал 5 ќе ги пренесува натпреварите од најквалитетните европски натпреварувања!

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.697
еве доказ дека една утакмица ке оди на нова тв
Код:
http://sport.dnevnik.hr/rubrika/champions_league
а еве доказ дека една утакмица ке оди на хрт 2
Код:
http://raspored.hrt.hr/?raspored=1&mreza=3&datum=2009-08-26
а фазата по групи мислам дека ке оди на хрт ако не се лажам

али што е тоа битно кога канал5 и 5+ даваат преноси од ЛШ а и ЕЛ
Онака де само кажав дека видов реклама и ми беше чудно. ХРТ не ја имам секогаш така да ја секако ќе гледам на Канал5 и 5+:helou:
 

File X File

X Ego-trip Killer :-)
Член од
21 август 2009
Мислења
100
Поени од реакции
38
Да прашам каде да најдам тоа на ФБ што е за ЛШ на Канал 5 да разгледам малку???????
Иначе ова не е емисија за ЛШ туку си прај т.н. Филе некое свое шоу како што прави колегата негов Госпоѓа Министерка или Миленко Шоу
Ова подароци ова она што му носат дресови тоа не му треба во една ваква емисија
Онаа КЕЦ У КЕЦ беше 1000 пати подобра од оваа
И поради оваа емисија цела програмска шема им се зашеметува и јас неможам покер да си гледам на раат од него
До сега репризите од емисијата за покер беа во 12:30 сега БОГ знае во колку ги даваат
Ќе заврши емисијата па Вести даваат Па головите од ЛШ па Филм па Глас на Америка и се им се поместува за 3 саати у ПМ
Иако сите ги фалат јас ќе речам дека ова не личи на емисија за ЛШ но можеби на Рано Ден , Журнал и сл ЛИЧИ
Подобро покеров да си го гледам отколку овој на тв како ми прави некое Шоу емисииче
Ако има некој информација за ПОКЕРОТ нека пиши во колку саат се термините од репризите во вторник и четврток бидејки и на официјалниот сајт на Канал 5 нема никакво известување за промена на терминот на емисијата за покер а не ја даваат на ТВ
А да ви кажам уште нешто во врска со оваа емисија
Оваа емисија на чело со ФИЛЕ ќе биде ГЛЕДАЈ ЈА БАРСЕЛОНА ВО СИТЕ ЕМИСИИ ОД ЛШ бидејки се знае ЗА КОЈ ФИЛЕ НАВИВА ТОЈ ТИМ И ЌЕ ГО ГЛЕДАМЕ
... само една работа ќе ти објаснам, зашто очигледно немаш појма, а тоа е она со ГЛЕЈ ЈА БАРСЕЛОНА...ЗАТОА ШТО.... итн, итн... не само што тоа не се случувало, туку нема врска со реалноста... точно е дека на својот блог пишувам за тимот за кој навивам, но тоа воопшто не е став на емисијата ниту бил „узурпиран„ просторо...а надвор од емисијата, да... така е... а што се однесува до другото претходно, убаво би било за тебе да не ја гледаш за да не се нервираш, а не да ја гледаш па после да плукаш по мене или сценариото... сценариото е такво какво е и ќе се разработува секојдневно во таа насока... а веројатно ќе разбереш еден ден зошто е тоа така, сега веројатно сеуште ти е рано... ( а ако и следен пат пишуваш нешто контра мене, подобро е да бидеш аргументиран, отколку само вака нафрлено, као на улица, зашто такви коментари као твоите може да даде и дете од четири годинки, кога ќе го прашаат „зошто не ти се допаѓа ова?„ и одговара „така„)

Поздрав.
 

Go2bed

Vasilij Zajcev
Член од
2 март 2005
Мислења
972
Поени од реакции
13
филе, што ќе давате вечер на 5+
лион или нешто друго?
 
К

кременко

Гостин
филе да не си грешка:pos2:

оти има најави дека дебрецин-левски ке се пренесува на 5+ тв:toe:
 
К

кременко

Гостин
100% сум во право... а не знам каде си ја видел таа најава?
па на програмската шема на 5+, но ете ја смениле баш сеа видов :wink:

и сеа ке има пренос од ждребот кој е во четврток во 18 ч или ништо од тоа ?
 

File X File

X Ego-trip Killer :-)
Член од
21 август 2009
Мислења
100
Поени од реакции
38
па на програмската шема на 5+, но ете ја смениле баш сеа видов :wink:

и сеа ке има пренос од ждребот кој е во четврток во 18 ч или ништо од тоа ?
...од жребот нема да има, но од Суперкупот да :)... поооз :)
 
Член од
25 август 2009
Мислења
2.078
Поени од реакции
1.243
Емисијата е добра , но ке ми недостасува Калински како коментатор :wink:. Човекот стварно најдобро коментираше.Само заради тоа несакав да биде пренесувана од Канал 5 но што е тука е.

Поздрав.
 
Член од
17 септември 2008
Мислења
822
Поени од реакции
19
Првите натпревари ги пропуштив, не бев во Македонија, денес прв пат ќе гледам Лига на Шампиони на Канал 5, ме интересира и емисијата каква е, верувам дека е интересна, од тие што ги прашав коментарите се позитивни. Гледам на темава има и негативни коментари, па баш ме интересира да видам каков е концептот.
Не знам ни коментаторите на натпреварите какви се, од нив многу зависи убавината на преносот. Ај уште малку ќе почекам па ќе можам и јас да прокоментирам.
 
К

кременко

Гостин
хехе го поздравија и кременко во емисијата а и многу други, сепак кременко беше прв:baeh: :pos2:

брао бе филе цар си


и сеа ви се верува дека е филе:pos2:
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Озбилно ја сватија работата опширно овие канал 5.МТВ се нула спрема канал 5.Ко да им беше скурчено веќе да пренесуваат.Па и доста им беше.Немаат квалитети.
Филе добро си води само сакам да го видам еднаш како коментатор.Многу ме интересира како ќе се снајде во тоа.
 

DarthMakedon

Македонец
Член од
20 април 2008
Мислења
1.913
Поени од реакции
166
одвај ја чекам фазата по групи
тогаш вторниците и средите ми се како празник (одсем лани :kesa:)
ќе биде добро годинава
еве Филе најави дека ќе даваат и спорни моменти после натпреварите
се вклучуваат на стадион пола саат пред натпревар
се на се супер

Канал 5 далеку посериозно ја сватија работава
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Озбилно ја сватија работата опширно овие канал 5.МТВ се нула спрема канал 5.Ко да им беше скурчено веќе да пренесуваат.Па и доста им беше.Немаат квалитети.
Филе добро си води само сакам да го видам еднаш како коментатор.Многу ме интересира како ќе се снајде во тоа.

На почетокот ја мислев дека он ќе биде и коментатор но видов дека не е сепак може една да искоментира :)
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
На почетокот ја мислев дека он ќе биде и коментатор но видов дека не е сепак може една да искоментира :)
Нека коментира ко Јанко.Јанко како му прдне така си збори шо би се рекло по уличен речник не литературен.
Многу е поинтересно така.Зошто чекам рвропски и светски првенства.Ради него да го слушам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom