Скопје и скопјани наспроти останатиот дел од Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Јас би се преселила негде надвор од Скопјево исто така. Шарено е премногу за мој вкус, преарогантно, а во исто време и многу смрдливо....

и ич не ми сметаат провинцијалци... туку сите оние скопски несмеамдакажам кои заради провинцијалки и светската економска криза остануваат без саатница (дневница)
 
Да ама знаеш како бараат работни места , незборам конкретно за тебе , Скопјанец му бара на работодавецот на пример 20к во својата струка еве информатика да речеме , и сеа доаѓа некој од надвор и вика што 20к , јас ке ти работам за 10к .. и ајдеее ред се редат .. и се намалува стандардот на народот , тој што е богат стануе побогат и арееееее у пропаст отидофме од провинцијалците ...:tapp:
То се вика конкуренција од која се плашите:smir:
 
Чекајте бе малку.. па кои сте вие да осудувате каде да се запише штипјанка, струмичанка или слично?
има многу кои одат да студираат во странство на пример. Економски или правен факултет, покрај тоа што има таков во Скопје. зашто па да одат во страство и да им зафаќаат место на тамошни граѓани?
 
И мене ме интересира зошто ми е избришан постот:

факат један: Од Демир Хисар сум. Проаѓам како Скопјанка (ама не долго, брзо кажувам од кај сум) само поради тоа што долго живеам во Скопје.

факат два: По дифолт сум провинцијалка. И по дифолт на хаце скопјанчиштата кои својата скопјанштина ја покажуваат употребувајќи В во трето лице множина, минато време (правеВа, викаВа, одеВа) им скокам по ганглии

факат три: Либето ми е Скопјанец, значи одма има големи шанси на некоја Скопјанка да и ги намалам шансите да се омажи во нејзиниот сакан град:)

А, Бат Елохим - јас сум љубител на негативна репутација, секое црвенко ко очи си го гледам. Ама твојава ако ја сфатив...:)
 
Да ама знаеш како бараат работни места , незборам конкретно за тебе , Скопјанец му бара на работодавецот на пример 20к во својата струка еве информатика да речеме , и сеа доаѓа некој од надвор и вика што 20к , јас ке ти работам за 10к .. и ајдеее ред се редат .. и се намалува стандардот на народот , тој што е богат стануе побогат и арееееее у пропаст отидофме од провинцијалците ...:tapp:
Имаш само 18... и посакувам кога ќе бидеш доволно зрел и со завршен факс да одиш на пример во Велес (ако си од Ск) и да бараш ниска плата за само да го добиеш местото... т.е само да видиш и сам дали може да се потцениш.
 
А, Бат Елохим - јас сум љубител на негативна репутација, секое црвенко ко очи си го гледам. Ама твојава ако ја сфатив...:)

хахахаха немаше измеѓу :) со пола пост се сложувам, со пола не :)

ме изнервира за зелникот виткање. И зелник праам, и кифли, и манџи. а со другата половина од постот, тотално се сложувам. :smir:
 
Воопшто не ми сметаат.Ако мислат дека тука ќе живеат полесно и поубаво нека им биде..
Која црна конкуренција жити мене?Ако неместо мене некој вработи провинцијалка за помалку да ја плаќа,а она не е способна како мене,по некое време ќе ја отпушти и пак мене ќе ме бара..
Квалитет се бара денес..

Како и да е има девојки кои се дојдени само и исклучиво со намера да се омажат тука за да можат да останат..така да не може да се генерализира...
 
Мое мислење е дека фразата "ние сме скопјани а вие сте провинцијалци" ја користат жителите на Скопје кои:
1. Не успеале во животот,
2. Кои немаат капацитет да успеат и на кои живеењето во Скопје му е единственото нешто кое му останува да се гордеат.

Навистина не сум забележал до сега успешен жител од Скопје,кој има со што да се гордее да употребува вакви малограѓански фрази.
 
Значи вака... нецивилизацијата и недоличното однесување во нашата држава не потекнува од местото каде сме родени или каде што сме живееле до завршувањето на средното школо.
Смешно е да се каже дека луѓето кои се селат од другите градови во Скопје се криви за нередот, ѓубрето и некултурата во истиот град.
И не, не ми преставуваат закана во ниеден поглед, не ги ни гледам како различни од моите сограѓани.
Како што кажа некој член погоре, и на сите нив не им е до живот во ваков град можеби, но факт е дека не во секој град има факултети или работни места како тука. Сигурно никој не би го напуштил својот роден град доколку има можности да се развива на професионален план во својот град.
Морам да се сложам со болдираното особено, бидејќи ако не го сторам тоа, се осудувам себе си на статус кој е благо кажано налудничав.

Но, од друга страна, местото и начинот на живеење, условите за живеење, се голем фактор за тоа како еден човек ќе се однесува во рурална и во урбана средина.
Да не биде дека освен Скопје се` останато е село, ќе дадам пример, каде просечен скопјанец оди во Лондон. Па се соочува со проблеми во метро превозот, не знае да помине пешички премин бидејќи додека не притисне копче на семафорот тој никогаш нема да добие зелено светло, итн итн.
Се работи за навика на живеење, која се таложела во години каде луѓето го градат својот стил на живеење, однесување и размислување.

Тоа всушност што еден скопјанец не може да се прилагоди на Лондон веднаш не е никаков проблем. Проблем е кога истиот скопјанец ќе рече дека нема намера да се прилагоди, и ќе си продолжи со своите стари навики да поминува пешачки каде му дојде бидејќи... најдете една од илјадниците оправдувања.

Сега, ставете еднакво помеѓу Скопје и рандом локација од Македонија, и меѓу Лондон и Скопје и ќе ја добиете нашата ситуација.

Од трета страна, како посебен проблем, го имате доаѓањето на еден просечен лондончанец во Скопје, кој наеднаш има желба да лета со хеликоптер и да јаде кавијар во домот на неговиот просечен скопски домаќин. Секоја планина си има своја тежина, лудилото на луѓето постои и на Марс, а не во Скопје или во Визбегово.
 
Абе не се криви луѓето од другиве градови(до некаде).
Се е централизирано во Скопјево и тоа е срање големо, не можеме да дишиме и ние и вие.
Една работа само не ми е јасна зошто не се пробате одкога ќе завршите факултет во Скопје да отворите работа во својот град, а не да барате по Скопје каде и онака е се натрупано.
 
Имаш само 18... и посакувам кога ќе бидеш доволно зрел и со завршен факс да одиш на пример во Велес (ако си од Ск) и да бараш ниска плата за само да го добиеш местото... т.е само да видиш и сам дали може да се потцениш.

Хах , па штобарам ондак у Велес , ако сите зборите дека нели таму по вашите градови немало доволно работни места , а иначе за потценуење тоа е правилниот збор за оние кој можат да си го дозволат тоа , на пример од другите градови каде и со 8000 месечно се живее , затоа што таму не е изнајмуење стан 250е , па мислат дека и во Скопје е иста прича , така да мислам дека со тек на време ке осетат на гзот и ке видат дека не е у реду.:uvo:
 
Прво постоењето на “провинцијалци’’ е штетна за нас како народ и држава во целина. Концентрација на моќ и можности на едно место запустува цели краишта.

Лично да ги мразам и да ми сметаат би било лицемер према сам себе, јас сум роден овде а корења имам од пичке си матерне џенем од Скопје.
Омраза не ама завист имам према нив у секој случај, кога ги глеам си мислам “Како не ме спрчија мене старците вака негде на факултет џенем да си се куретам и да си истерам златни години во заебанции’’ :):)
Овде на форумов сум давал коментари ’сељак си ваков си’ само за да нервирам и изнудам реакција. :)
 
И мене ме интересира зошто ми е избришан постот:

факат један: Од Демир Хисар сум. Проаѓам како Скопјанка (ама не долго, брзо кажувам од кај сум) само поради тоа што долго живеам во Скопје.

факат два: По дифолт сум провинцијалка. И по дифолт на хаце скопјанчиштата кои својата скопјанштина ја покажуваат употребувајќи В во трето лице множина, минато време (правеВа, викаВа, одеВа) им скокам по ганглии

факат три: Либето ми е Скопјанец, значи одма има големи шанси на некоја Скопјанка да и ги намалам шансите да се омажи во нејзиниот сакан град:)

А, Бат Елохим - јас сум љубител на негативна репутација, секое црвенко ко очи си го гледам. Ама твојава ако ја сфатив...:)

Постовите беа избришани бидејќи не водеа никаде.

Муабет меѓу вас двајца на ПП не тука.

ја сне знам скопјани кои користат в во трето лице множина.

Мое мислење е дека фразата "ние сме скопјани а вие сте провинцијалци" ја користат жителите на Скопје кои:
1. Не успеале во животот,
2. Кои немаат капацитет да успеат и на кои живеењето во Скопје му е единственото нешто кое му останува да се гордеат.

Навистина не сум забележал до сега успешен жител од Скопје,кој има со што да се гордее да употребува вакви малограѓански фрази.

Точно.

Прво постоењето на “провинцијалци’’ е штетна за нас како народ и држава во целина. Концентрација на моќ и можности на едно место запустува цели краишта.

Лично да ги мразам и да ми сметаат би било лицемер према сам себе, јас сум роден овде а корења имам од пичке си матерне џенем од Скопје.
Омраза не ама завист имам према нив у секој случај, кога ги глеам си мислам “Како не ме спрчија мене старците вака негде на факултет џенем да си се куретам и да си истерам златни години во заебанции’’ :):)
Овде на форумов сум давал коментари ’сељак си ваков си’ само за да нервирам и изнудам реакција. :)


Сељак си, јебига Пејо, сељак си е сељак.

Скопје....градот убав, пак ќе никне....


Провинција??? Скопјани????

За жал, делбите сејат лоши мисли.

Мора да се има предвид дека Скопје е една четвртина, а кое не и третина од бројот на жители во МК.

Големо е, центар е, не чини, ама па што всушност чини во државава?

П.С. Анестезија, либето ти е од Скопје велиш??

кај го најде, кај се запусти ти кутрата.

па ти знаеш дека ние скопјаните сме најгнаси и заникаде.

Кој сељо, кој шитнал нивата за да дојде да се стори сељо (и тоа сељо во душа)!

Се шегувам, ако ти е тебе убаво, и нам ни убаво.
 
Како прво, не сум воспитана да ги гледам луѓето според тоа од кој град доаѓаат, ниту некогаш сум го правела тоа. Зборот провинцијалци како прво, што многумина го употребуваат, ми е одвратен и никогаш не сум го употребила. Ниту па искрено осеќам некој од друг град како конкуренција. Ако некој сака да успее ќе си успее. Секој со своите квалитети. Животот е борба.
 
се сложувам со тебе! и стварно ми е доста од тие ефтини провинцијалки кој се ке напраат да се пикнат кај некој у гаки. ја иначе живеам кај еден студенкси дом у скопје- на иста улица и преку к** ми се. како деца неизживеани. верувајте зборам барем за девојките нити една не е дојдена да учи овде. сите за да се омажат!!! жално... :jaj:
хмм не би се сложила со тебе. не се сите затоа дојдени. и тоа шо гледаш шо се случува по домовите....тоа да,се случува.не живеам у дом,ама знам. и не се дешава за провинцијалките да улезат у гаќи на скопјани. Btw,ногу го мразам тој израз "провинцијалци" и "скопјани" .не ретко не гледат од високо,као да сме нешто помалце,божем да сме некои племенски,или пештерски луѓе,без култура и понашање....исто така,скопјани коа се рече,како со омраза да е. тоа ме иритира.битно е човек да е ок,не е битно од дека е.

ти ваљда го имаш добиено тој впечаток поради фактот шо живееш во близина на дом. разговарај со студенти од страна шо живеат сами,у станови,каде шо нема мама и тато да ме пазат,мазат,да ми ги плаќат сметките,да ми чистат,да ми готват. а тоа демек да го "окупираме" скопје,сфани го како комплимент,затоа шо скопје како главен и голем град,нуди повеќе можности.секој таму го има почетокот,а не остануват сите провинцијалци таму за век веков. искрено,и мене ми смета шо се се одвива у скопје,ништо не останува за во помалите градови. ноогу се оддалечив од темата,знам, ама некако се ми беше поврзано,и осеќав потреба да го напишам тоа.

не те обвинувам за ништо,таман работа,ама подружи се со повеќе луѓе од страна и ќе видеш дека не се сите такви како шо мислеш.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom