На официјалната пишува дека му била исчачната коленицата, и утре ќе се знае колку ќе отсуствува..Се надевам дека нема да биде долго времето, ама тоа е..10 - 0 да изгубеа само Киелини да не се повредеше..Ама така е, не се бега од тоа..Колку дена ќе отсуствува ќе се знае утре,мислам дека не треба да шпекулираме сега што пишува на други форуми, страни, сето тоа се бабини деветини без сериозен лекарски преглед, да се разбереме..Киелини е издржлив, силен..Верувам во него, и мислам дека ќе се врати појак од што беше...Форца Киелини, ние ти држиме среќа...
Друга работа..Кога го видов Замброта во црно-црн дрес како игра против Јувентус, ми идеше да се расплачам..Верував до пред некое време во приказната дека бил продаден против својата волја, и тој изјавуваше на големо дека му недостигаат деновите во Јуве, дека се слушал секој ден со клубските од Јуве, дека наместил кабловска/сателитска со Јувентус ТВ, и уште триста муабети, за на крајот да замини во ривалот Милан..А беше дури заменик капитен на Дел Пиеро...Предавници!