Запре трката по бугарски пасоши

  • Креатор на темата Креатор на темата Soreno
  • Време на започнување Време на започнување

Soreno

Big Brother
Член од
14 јануари 2009
Мислења
530
Поени од реакции
19
Надежта дека наскоро ќе можат да ги поминат границите без визи ги натера македонските граѓани да се откажат од помислата да вадат бугарски пасоши. Очекувањето дека до крајот на годинава ќе се сруши шенгенскиот ѕид полека му става крај на некогаш добро разработениот бизнис за вадење бугарски документи и ја стивнува трката за бугарски пасоши. Во огласниците веќе ретко можат да се најдат огласи во кои посредници им нудат можност на граѓаните да им извадат бугарски пасош, лична карта или, пак, возачка дозвола.

Оние малкумина што сè уште заработуваат од бизнисот со бугарски пасоши се жалат дека за 90 отсто е опаднат интересот кај граѓаните да ги извадат документите во кои досега гледаа шанса за патување или, пак, за привремена работа во некоја од земјите на Европската Унија.

- Граѓаните слушаат дека од крајот на годинава ќе им ги скинат визите за Европа и веќе ретко има нови апликанти.

Од лани интересот е намален за 90 проценти, така што за бугарски пасоши аплицираат помалку од 300 лица месечно - вели посредник за вадење бугарски документи од Велес.

Од друга агенција, која посредува за добивање бугарски документи, тврдат дека за разлика од пред неколку години, кога редици граѓани чекале за да аплицираат за бугарско државјанство и пасош, од лани интересот е доста опаднат. Според нив, бугарски документи вадат само Македонците што веќе работат надвор од земјава и сакаат да си го задржат работното место.

Мето Николов, посредник од Струмица, пак, убедува дека бројот на апликанти за бугарски документи се намалил уште кога Бугарија стана членка на ЕУ. Според него, ветувањето на Владата дека до крајот на годинава ќе се укине визниот режим нема да ги премисли граѓаните што сакаат да добијат бугарски документи, затоа што за да најдат работа во некоја од европските земји им треба и работна дозвола.

- Кога граѓаните ќе видат дека и покрај тоа што ќе се сруши шенгенот ќе мораат да имаат и работна дозвола за да најдат работа во странство, пак ќе бараат бугарски пасоши. Македонските граѓани одат на работа, а за патување немаат пари - вели Николов. Еден од посредниците објаснува дека лани речиси двојно опаднал интересот за бугарски пасоши за разлика од претходната година.

Во државава не постои статистика за тоа колку Македонци имаат и бугарско државјанство. Според последните податоци од Бугарија, во периодот од 2001 до 2007 година бугарско државјанство добиле речиси 15.000 Македонци. Македонците се рекордери по барање бугарски документи, а зад нас се Молдавците и Русите. Бугарскиот амбасадор во државава Михо Михов одби да коментира дали е опаднат интересот кај Македонците да вадат бугарски пасоши.

- Немам информации колку граѓани аплицирале. Јас сум тука да работам на добрососедските односи - рече Михов, кој пред две години изјави дека 60.000 Македонци очекувале да добијат бугарско државјанство. И од Здружението на Бугарите во земјава одбија да дадат коментар.

Разочарани што залудно ги потрошиле парите

Постапката за вадење бугарски документи трае од две до четири години, а по влегувањето на Бугарија во ЕУ процедурата е посложена и чини повеќе пари, објаснуваат посредниците. Апликантите мора да потпишат и изјава дека се чувствуваат како Бугари. Скопјанка што веќе две години чека да го добие бугарскиот пасош е разочарана затоа што залудно ги потрошила парите, затоа што додека да ги добие документите, најверојатно ќе се укинат визите.

- Аплицирањето ме чинеше околу 350 евра и посредникот постојано го одложува терминот кога треба да го добијам пасошот, под изговор дека постапката не оди лесно откако Бугарија е членка на ЕУ. Додека да го земам пасошот со кој сакам да одам на работа во Германија ќе ни ги укинат визите - вели таа.
 
А кој ти е крив мори сестро што си решила да се продадеш, со сила никој не те терал, сама молиш, па сега види мајката и ЕУ ќе ти биде крива ако реши да ни ги укине визите
 
- Аплицирањето ме чинеше околу 350 евра и посредникот постојано го одложува терминот кога треба да го добијам пасошот, под изговор дека постапката не оди лесно откако Бугарија е членка на ЕУ. Додека да го земам пасошот со кој сакам да одам на работа во Германија ќе ни ги укинат визите - вели таа.
Малку ти зеле кокошко една.Требало добро да те одерат Скопјанке.:tapp:
 
Поради оваа вест Бугарија ќе ни го попречи (дирекно или индирекно) срушувањето на шенгенскииот ѕид.
 
Знам луѓе кој на почеток релативно брзо го добиле пасошот но знам и доста луѓе кој со години чекаат. Да даде господ и да не го земат.

Иначе ова е добра вест но мислам дека тие што воопошто планирале да земат бугарски пасош досега и побарале. Затоа се намали бројката.

А да ви кажам дека не е све сјајно со бугарски пасош и дека во ЕУ и посебно на границите има прават доста проблеми.

Поради оваа вест Бугарија ќе ни го попречи (дирекно или индирекно) срушувањето на шенгенскииот ѕид.

Сигурно нема од Бугарија да зависит или од други источноевропски држави. Ќе заврши од Италија, Германија, Британија, Франција и Австрија, пошто тие земји се плашат од илегални емигранти. И порано без виза се одеше во Бугарија па никој не одеше освен студентите и тие што ваѓаа пасоши. Така и понатаму ќе биде.
 
Трката запре поради ептен бавната процедура,доколку сакаат Бугарите можат да ја хиперболизираат истата трка со малку позабрзана процедура од максимални 12 месеци како скоро насекаде во ЕУ.Тогаш пак,“ќе пиштиме“ како дури и 70% од Македонците биле “предавници“ што тргнале по двојно државјанство.Тоа е реалноста без предрасуди,да не се лажеме.:toe:
 
Тоа е поради притисокот од ЕУ. Се сеќавам на повеќе артикли во германски весници каде баш бугарските пасоши беа главна тема. Али сепак паметно од Бугарите, плати си прво па чекај си.
 
Тоа е поради притисокот од ЕУ. Се сеќавам на повеќе артикли во германски весници каде баш бугарските пасоши беа главна тема. Али сепак паметно од Бугарите, плати си прво па чекај си.

Со оглед на тоа што и Швајцарија деновиве ги прифати Бугарските пасоши за безвизно престојување во Швајцарија,останува само да се надеваме дека Бугарите нема да ја забрзаат процедурата како што е насекаде во ЕУ,максимални 12 месеци,што на некој начин би било кобно најмногу за нас Македонците,оти доколку не добиеме визна либерализација 70-80% од граѓаниве во Македонија спасот го гледаат во двојното,најчесто и најлесно достапно Бугарско државјанство.:toe:
 
Бе дечковци, укинуване на визи, Шенген и право да живееш и работиш слободно во некоа земја са три различни работи. А инаку и аз сум против лесно даване бна БГ пасоши за македонци. Бугариа оште не е во Шенген. Почитаите малце, осведомете се па тогаш пишете. Едно е да сакаш, друго е да можеш, а трето и четврто да го сториш:smir:
 
Оние малкумина што сè уште заработуваат од бизнисот со бугарски пасоши се жалат дека за 90 отсто е опаднат интересот кај граѓаните да ги извадат документите во кои досега гледаа шанса за патување или, пак, за привремена работа во некоја од земјите на Европската Унија.

- Граѓаните слушаат дека од крајот на годинава ќе им ги скинат визите за Европа и веќе ретко има нови апликанти.

Од лани интересот е намален за 90 проценти, така што за бугарски пасоши аплицираат помалку од 300 лица месечно - вели посредник за вадење бугарски документи од Велес.

Од друга агенција, која посредува за добивање бугарски документи, тврдат дека за разлика од пред неколку години, кога редици граѓани чекале за да аплицираат за бугарско државјанство и пасош, од лани интересот е доста опаднат. Според нив, бугарски документи вадат само Македонците што веќе работат надвор од земјава и сакаат да си го задржат работното место.

Разочарани што залудно ги потрошиле парите

Еми :toe: мн ми е мило што конечно некои се откажале, ама сепак мислам и дека повеќе политичари има кои земале Татарски пасош отколку обични граѓани
 
Еми :toe: мн ми е мило што конечно некои се откажале, ама сепак мислам и дека повеќе политичари има кои земале Татарски пасош отколку обични граѓани

За тоа имаш право,барем според процентот.:toe:
 
А што ќе им правиме на овие со бугарски пасоши кога МК ќе добие ВИЗНА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА или како последна шанса влезе во ЕУ...?
Што тогаш со овие луѓе...?
 
А што ќе им правиме на овие со бугарски пасоши кога МК ќе добие ВИЗНА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА или како последна шанса влезе во ЕУ...?
Што тогаш со овие луѓе...?

Дотогаш и ти ќе мора да имаш некаков друг пасош,ако не и Бугарски,па ќе знаеш што ќе правиш со самиот себе,така и со другите.:toe:
 
Бе дечковци, укинуване на визи, Шенген и право да живееш и работиш слободно во некоа земја са три различни работи. А инаку и аз сум против лесно даване бна БГ пасоши за македонци. Бугариа оште не е во Шенген. Почитаите малце, осведомете се па тогаш пишете. Едно е да сакаш, друго е да можеш, а трето и четврто да го сториш:smir:

А за Албанци?

big_90197.jpg
 
Back
На врв Bottom