Chevrolet Spark во ново руво

  • Креатор на темата Креатор на темата deXterche
  • Време на започнување Време на започнување

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Возраст
39
Локација
@home
10chevspark_hi_004.jpg
General Motors одлучи конечно да го смени својот модел од најниската класа на возила во Европа. Новиот Spark ќе биде со целосно нов дизајн, ист како на концептот Beat, актуелен пред две години.
Дизајнот на овој автомобил беше изгласан и од интернет корисниците низ целиот свет, кои одлучија дека токму дизајнот на Beat ќе одговара на новиот Spark. Најинтересен ќе биде секако предниот дел, со екстра големи фарови, но ништо помалку импресивни нема да бидат ниту страничниот дел (рачки за задните врати скриени во стаклото за изглед на автомобил со три врати) и задниот дел, кој малку потсетува на Aveo. Целосно гледано, голем е напредокот во дизајнот на Spark, кој сега може да конкурира и на поскапите и до сега поубави конкуренти.
10chevspark_hi_001.jpg

Целосно нова ќе биде и моторизацијата – ќе се вградуваат два бензински мотори, кои треба да го поправат имиџот на големи трошачи на претходните. 1,0 и 1,2 литарските единици ќе имаат по четири цилиндари, со двојна брегаста оска и 16 вентили. И двата мотори ќе ги задоволуваат Euro 5 нормите кој наскоро треба да стапат на сила. Покрај измените во дизајнот и моторизацијата, новиот Spark ќе има и нова платформа со подолго меѓуоскино растојание, а целосно, автомобилот ќе биде подолг за околу 15 cm, односно 3.640 mm.
10chevspark_hi_003.jpg

Chevrolet ветува и голем напредок во ентериерот, кој, според нив, ќе биде изведен во поквалитетни материјали, со инструменти како на мотоцикл и ќе биде ориентиран кон возачот, со логичен распоред на командите. Простор ќе има за пет возрасни патници, кои ќе седат на ново обликувани седишта.
Новиот Spark, официјално ќе биде претставен на саемот во Женева, додека првите примероци треба да ги очекуваме од почетокот на наредната година. Се очекува пораст на цените од околу 10%.
10chevspark_hi_002.jpg



Ептен потсеќа на Опел Корса, ако скокне цената за 10% значи дека ќе биде околу 7000 евра (ако до сега беше 6200-6300). Топ количе за тие пари
 
баааааааааааххххххххххххххх не ми се свига бе.на изглед тапа ми е некако бљак.ако ми го подари некој би го земал ама однадвор некако тапа ми е.Одвнатре ок е може да се поднесе(поточно убаво е нема што) со оглед на тоа што на сеганово беше километражата у средина и беше уште потапа.Али боље од претходното у ској случај.
 
Поубаво е од претходното, но има многу сличности со европскиот брат Опел Агила. Корсата веќе не наликува на ова, ова влегува во некоја друга класа.

opel-agila-2008.jpg



Забележете ја сличноста во кровот и редизајнираниот преден дел.
 
Што знам да беше малце поголемо можеби ќе беше поубаво. Дизајнов повеќе одговара за некој џип него за количе.
 
абе од претходниот спарк, неспоредливо поубав е =) и стварно личи на агила мамата...
 
Шо е шо, поарно е од претходникот. А општо, и не е лошо дизајнирано бе.
 
Да беше знакот на фолсваген или тојота ќе дркавте сега. :helou:
 
Искрено вака од прво гледање, и плус ако го споредам со стариот Спарк мислам дека се исплати за парите, плус многу ми заличува на Цитроен ц1 и Пежо 107, за таа класа на коли мислам дека предноста ќе му биде цената, бидејќи кај претходниве два модела, основната верзија мислам дека кошта најмалку 8000 евра, а недостаток кај Спаркот мислам дека е тоа што е помалку економичен и троши повеќе за помала кола.
 
Искрено вака од прво гледање, и плус ако го споредам со стариот Спарк мислам дека се исплати за парите,

A колку пари ке чини? Јас претпоставувам дека ке биде околу 7 000 евра
 
A колку пари ке чини? Јас претпоставувам дека ке биде околу 7 000 евра

Со оглед дека Авеото колку што се сеќавам почетна беше 8000-9000 некаде, ова би требало да биде околу 6.
 
...Поубаво од претходното, и убаво однатре. Сепак, не сакам коли што се како „сплескани“ отпозади...
 
Добро е, ама повеќе ми се допаѓаат оние слични на корветата...
 
A колку пари ке чини? Јас претпоставувам дека ке биде околу 7 000 евра
Па не знам ни јас, погоре прочитав дека е толку, само ако се земе се на се со све дополнителна опрема, односно металик боја околу 300 евра, ЦД плеер околу 200 - 300 евра - при што најмалку доаѓа со две звучки напред, тоа за во основна верзија, така што за дополнително озвучење позади треба да си доплатиш плус само не знам колку идат цените, и исто лошо е доколку е фабричко озвучењето пошто таквите плеери не пуштаат мп3 формат, барем такво е искуството на еден мој другар кој вози Пежо 207, клима околу 800 - 900 евра, електрични стакла 150 евра, далечинско заклучување на централна брава нешто над 100 евра, алуминиумски бандаши околу 500 евра (тоа више ако сакаш), сега имаш уште дополнителна опрема као борд компјутери, сензори, алуминиумски мењачи вамте тамте не знам која опрема би била понудена за колава али горе доле со све ова горе што ти набројав би ти требале плус некои 2300 - 2400 евра. Само глеам колава е помала изглеа со две врати доаѓа па ако сакаш со четири мислам и за тоа треба да си платиш:( али ипак мислам дека е океј, без вративе мислам дека нема да надмине некоја цена од 10000 евра :smir:.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom