deXterche
тадаммм

Дизајнот на овој автомобил беше изгласан и од интернет корисниците низ целиот свет, кои одлучија дека токму дизајнот на Beat ќе одговара на новиот Spark. Најинтересен ќе биде секако предниот дел, со екстра големи фарови, но ништо помалку импресивни нема да бидат ниту страничниот дел (рачки за задните врати скриени во стаклото за изглед на автомобил со три врати) и задниот дел, кој малку потсетува на Aveo. Целосно гледано, голем е напредокот во дизајнот на Spark, кој сега може да конкурира и на поскапите и до сега поубави конкуренти.

Целосно нова ќе биде и моторизацијата – ќе се вградуваат два бензински мотори, кои треба да го поправат имиџот на големи трошачи на претходните. 1,0 и 1,2 литарските единици ќе имаат по четири цилиндари, со двојна брегаста оска и 16 вентили. И двата мотори ќе ги задоволуваат Euro 5 нормите кој наскоро треба да стапат на сила. Покрај измените во дизајнот и моторизацијата, новиот Spark ќе има и нова платформа со подолго меѓуоскино растојание, а целосно, автомобилот ќе биде подолг за околу 15 cm, односно 3.640 mm.

Chevrolet ветува и голем напредок во ентериерот, кој, според нив, ќе биде изведен во поквалитетни материјали, со инструменти како на мотоцикл и ќе биде ориентиран кон возачот, со логичен распоред на командите. Простор ќе има за пет возрасни патници, кои ќе седат на ново обликувани седишта.
Новиот Spark, официјално ќе биде претставен на саемот во Женева, додека првите примероци треба да ги очекуваме од почетокот на наредната година. Се очекува пораст на цените од околу 10%.

Ептен потсеќа на Опел Корса, ако скокне цената за 10% значи дека ќе биде околу 7000 евра (ако до сега беше 6200-6300). Топ количе за тие пари