Бидејќи на колегава не му е јасно:
Претходно фино те замолив да ми образложиш каде јас го оборив македонскиот интерес, а ти повторно бегаш од одговор. Јас не правам никаква поделба словени/антички македонци, само прашав, нели?
Нештата кои Бранко ги наброја во тоа интервју се чиста вистина!!!
2.За каков континуитет зборуваш ти? Дај ми конкретен одговор, ние сме антички македонци или словени?
Прво и основно, за каков континуитет ми кажуваш кога Античките македонци и Словените се тотално различни народи/нации.
По која логика ти размислуваш за продолжување на некаков континуитет, што сме ние, хибриди ?
2. Лол сега ме насмеа. Поткопување на македонското единство?
Јас фино те прашав,
што сме антички македонци или словени? И по секоја логика континуитетот за кој ти зборуваш секако се коси поради ФАКТОТ дека словените и античките македонци се ТОТАЛНО РАЗЛИЧНИ народи !!!
Дали има некои сомнежи сега откако ти ги цитирам сопствените зборови?
Сега...пробај да си го забележиш РАЗВОЈОТ на сопствените ставови откако си соочен со аргументи, на кои немаш одговор поради своето СКУДНО знаење.
Вака сега озбилно, Словените се доселиле од зад Карпатите, тука, на Балканскиот полуостров, заклучно со Македонија на југ.Овдешните жители не се истребени (ако мислеше на жителите во Македонија).Токму и тоа сакав Ада да ја прашам, што сме ние де, Словени или Антички Македонци-домородци?
Откако забележа дека Администраторот те негира, малце ја ублажи верзијата.
Но,повторно продолжи по игнорантната логика.
2. Не, напротив. Твоето незнаење е повеќе од очигледно. Јас не можам да те сватам, те прашувам за твоите корени т.е. што си ти, антички македонец или словен, а ти ми велиш дека самата помисла за отворање на ова прашање го дели македонскиот народ, значи ондак сме хибриди а?
Незнаење? Само чиво...
Се подбиваш со нашата историја и насочуваш само на еден избор инаку во спротивно сме според тебе гнасни “хибриди“.
Затоа сепак, мора бе да избереме што сме, кај тебе нема лабаво.
Чекај малку, очигледно си помешал некои работи. Кога Словените се доселиле на Балканот,
тие не го асимилирале грчкото население во словенско, тие си опстојувале како два различни народи.
Е сега, Грците велат вака: Порано имало градови-држави и кралства кои што биле еден род - Грци. Тоа се Спартанците, Атињаните и Македонците. Значи според нивното тврдење Александар е крал на Македонија, Македонец - ГРК. Тоа се нивните аргументи
Гледам “нивните“ аргументи многу добро ги познаваш и ги користиш против македонскиот став.
Сега велиш Словените не го асимилирале Грчкото население, си постоеле како посебни народи.
Јас би прашал- ДАЛИ?
Или се случило сосема природното, многубројното домородно население ги АСИМИЛИРАЛО помалубројните “Словени“.
И ако тоа е случај со Грците, тогаш зошто во нашиот случај би било обратно?
Зависи нормално кој какви страни застапува, ти за жал... не ги застапуваш Македонските интереси.
И немој да ми се повикуваш “на тема“ бидејќи во 10 поста последоватлено ги негираш македонските позиции правејќи се “образуван“.
Ајде продолжи. Да видиме дали и тебе те служи ѓон-од образ како и останатите закоравени “букефалисти“.