До кога Велес ќе се срами со Аце Коцевски?

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Култизин уште чекам да го кажеш изворот за твото обвинување за советничката листа на Вмро.Како што гледам јас, тие 23 немаат црна дамка во нивното минато, јавно излегуваат пред гласачите, имаат став, визија, редовно можеш да ги видиш помеѓу граѓаните, а не само повремено на некој прес како некои други, кои воопшто не се појавуваат да прашаат што им фали на граѓаните, бидејќи свесни се дека 9 години не прашале, а сега веќе е касно. Не можеш така лесно да оцрниш една група на млади и искусни интелектуалци, составена од повеќе политички партии, националности, професии, различни места од градот и населените места, па ке мораш само повремено да нафрлиш невистинити реченици кои на вистинските гласачи, кои веруваат само на докази и факти не им значи ништо.
 
А

Адриано

Гостин
Еве каде луѓето мора за време на водици да стојат поради тоа што мостот не е правилно изграден и во секој момент може да падне а со него да повлече и човечки животи.
она на што актуелниот градоначалник највеќе се фали многу наскоро може стане и црна дамка на градот.

зарем вас ова ви изгледа на добар начин граѓаните да го прослават големиот христијански празник,стоејќи покрај реката со надеж дека нема да зацапаат во калта или недај боже да се лизнат во реката.
 
Член од
20 декември 2005
Мислења
503
Поени од реакции
6
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Коцевски ги поткупува велешани
ВМРО-ДПМНЕ вчера на прес-конференција го обвини актуелниот градоначалник на Велес, Аце Коцевски, дека непосредно пред изборите ги поткупува гласачите, делејќи им вреќи цемент и брашно.

„Шест дена пред изборите Коцевски, кој и по девет години владеење бара уште еден мандат, ги поткупува гласачите. Ова тој и јавно го призна, со што го потврди понижувачкиот и лицемерен однос спрема граѓаните“, рече Александар Николовски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, Коцевски во изминатите девет години работел незаконски и поради тоа не ја заслужува довербата на велешани.

„Според Државниот завод за ревизија, Општина Велес предводена од Аце Коцевски изминативе девет години вршеше јавни набавки без тендерски законски постапки. За тоа зборуваат набавките на лаптоп-компјутерите, на градежните материјали, тендерот за нафта, градењето дивоградби...“, посочи Николовски.

Неколкуте фонтани и тротоари на главната улица во Велес се единственото нешто што Коцевски го направи додека беше градоначалник, смета ВМРО-ДПМНЕ.

„Проблемите на Велес не ги спомна, а камоли да се обиде да ги реши. Градоначалник кој се грижи само за својата фотелја, а не за проблемите на граѓаните, не им треба на велешани. Тие заслужуваат подобра иднина и подобра перспектива

EVE KAKO VLADEAT KOMUNJARI
 
Член од
17 февруари 2009
Мислења
144
Поени од реакции
21

Ти братучед не ќе да си од Велес, шо делеше ВМРО-ДПМНЕ минатите избори бе а на чело со Трајко Леов исто само немаше тогаш потрба од вреќи цемент или тоа не ти одговара и не го пишуваш. Или пак сакаш да ти кажам за 1998 година кога беа со Циле Топурковски што делеа ( исто делеа кај Црна Џамија и Влашка Црква цемент, брашно и зејтин ) Од вакви како вас партиски војници неможе човек намира да гласа та и од едните та и од другите.
А Горан Петров шо делеше бурек и ладен чај на таксистите не поткуп ( ова го чув додека се возев со такси имаше јавен повик преку централа) :pos2::pos2::pos2:
P.S. Ќе заборавев кај е сеа ВМРО-ДПМНЕ да реагира со казни денеска сме 17-03-2009 а јавна администација нема уште плата, важно Полиција и Војската земаа :tapp:
 
Г

Грејвдигер

Гостин
:pos2: што ќе им е цемент бе? :pos2: Свашта бе луѓее...
 
А

Ајсшутер

Гостин
Што нема да видиме на избориве плакат за избориве од Тито заедно споени некако т.е така направени со независен кандидат нека се изјаснат неговите подржувачи што ги има на форумов.
 
sl@tk@

е па слатка...
Член од
12 февруари 2009
Мислења
20
Поени од реакции
0
АЦЕ го направи Велес во најдобра општина!со и да се каже фазла нема смисла ...
 
А

Адриано

Гостин
:pos2: што ќе им е цемент бе? :pos2: Свашта бе луѓее...
Свашта токму така!!!
може во струмица ви е поарно ама во велес коце нитуеднаш не се качи на којник во изминатите 9 години а уште помалку се грижеше за ромите во градот и левата страна.
сега кога знае дека ке изгуби во надеж да освои барем 1 глас повеќе им дели вреќи со цемент за сами да си ги поправат улиците(или да ги искористат во свои потреби),се дели вреќи со брашно,шишиња зејтин и наивно се обидува да го измами народот.

АЦЕ го направи Велес во најдобра општина!со и да се каже фазла нема смисла ...
НАЈДОБРАТА ВО ПРАВО СИ!!!!!
ама пред да постираш мислења на форумов првен треба да ги прочиташ првите 3 страни наназад за да видиш што се дискутира.
со оглед дека тешко ти оди користењето на компјутер и снаоѓањето со него јас ќе ти ги отворам очињата!
повели наслади се од убавината на град Велес!!!
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2338508&postcount=68
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2339684&postcount=69
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2339717&postcount=71
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2333143&postcount=302
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2298709&postcount=267
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2243396&postcount=210
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2233325&postcount=187
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2220144&postcount=141
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2218937&postcount=132
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2207273&postcount=60
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2207242&postcount=58

Убаво прочитај ги сите поединечно и размисли малце со главчето:smir:
 
Член од
17 февруари 2009
Мислења
144
Поени од реакции
21
Што нема да видиме на избориве плакат за избориве од Тито заедно споени некако т.е така направени со независен кандидат нека се изјаснат неговите подржувачи што ги има на форумов.
Еве ке се изјасниме друго нешто да не ти треба?

Да не треба и ,, Ратко Ропа Рондомен ,, да речеме или ,, Рајно сеа ќе те јадам ,, :pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 
delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
Ти братучед не ќе да си од Велес, шо делеше ВМРО-ДПМНЕ минатите избори бе а на чело со Трајко Леов исто само немаше тогаш потрба од вреќи цемент или тоа не ти одговара и не го пишуваш. Или пак сакаш да ти кажам за 1998 година кога беа со Циле Топурковски што делеа ( исто делеа кај Црна Џамија и Влашка Црква цемент, брашно и зејтин ) Од вакви како вас партиски војници неможе човек намира да гласа та и од едните та и од другите.
А Горан Петров шо делеше бурек и ладен чај на таксистите не поткуп ( ова го чув додека се возев со такси имаше јавен повик преку централа) :pos2::pos2::pos2:
P.S. Ќе заборавев кај е сеа ВМРО-ДПМНЕ да реагира со казни денеска сме 17-03-2009 а јавна администација нема уште плата, важно Полиција и Војската земаа :tapp:
Што бе нема плата!? :pos2::pos2::pos2:
За време на избори не се бара плата бе уште ли не научивте!

Еве ке се изјасниме друго нешто да не ти треба?

Да не треба и ,, Ратко Ропа Рондомен ,, да речеме или ,, Рајно сеа ќе те јадам ,, :pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
Да не ме бараше некој!?

П.С Леле бе на Нацка крајот не му се знае,де од Струмица е ,де од Велес ,де од Скопје....:jaj:
 
А

Адриано

Гостин
и додека аце коцевски размислуваше каде да ја постави новата фонтана проблемите на којничани се двостручија!!!
се појавија нови изворски води овојпат на којник.Дали неработата на коцевски може да доведе до губење на живеалиштата на граѓаните од најстарата населба којник?

Влага во домовите во реонот под Којник

Влага, напукнати ѕидови, соби со мемла, уништен под, во ваква состојба се стотина куќи во Велес, во реонот под Којник. Жителите на улиците Даме Груев и Јовче Џупун подолго време алармираат за уништените домови и бараат спас но досега резултат нема. Тие за оваа состојба виновник наоѓат во водата која се собира во некогашните а сега напуштени засолништа. Низ отворената врата се гледа дека ходниците се полни со вода до колена, која се собирала подолго време.

- Последните две-три години скривниците започнаа да се полнат со вода. Тука живееме педесет години вака не било. Од водата која се собира се уништија куќите во овие две маала. Сите имаме некоја мака од влагата која се појавува во домовите, дали испукан ѕид, дали патосот уништен, дали подрумите, но трпиме голема мака - вели Ѓорги Митрев.

Жителите велат дека пред една година напишале петиција и се обратиле до сите надлежни институции кои досега останеле неми. Единствено дошле од ЈКП „Дервен“ кој ја испумпал водата од засолништето во неколку наврати и тоа било се што е превземано за санација. Посочуваат дека водата е стигната до нивото на излезните скалила и за ден-два таа ќе почне да тече по улиците. Засолништата се сопстеност на Дирекцијата за заштита и спасување кои знаат за проблемот но истиот бил нерешлив, бидејќи станувало збор за подземни води.

- Во посториите се собира подземната вода од дождот и снегот во зимо, лето немам ваков проблем. Досега три пати водата е црпена, но по неколку дена таа се слева и повторно се собира. За жал нема решение за овој проблем кој може да се реши само со испумпување - вели Димче Анастасовски до ПЕ на Агенцијата за заштита и спасување. Соседите од засолнишето тврдат дека водата не е подземна туку таа се губи од неквалитетниот водовод и мрежа. Тие за ова имаат и докази.

- Земавме вода од засолништето, бевме во Хигиенски и таму ја проверивме. Какви се тие подземни води кои имат хлор во себе. Ова значи дека водата е од водоводната мрежа. Во овој стар дел на градот имаме сеуште азбесни цевки од пред еден век и таа се губи од нив - вели Орце Марков.

За нив е чудно како тоа по толку години постоење на засолништата, тие да се полнат со вода во последнити три. Околу илајда жители под Којник толку време немаат и сон, бидејќи стравуваат дека нивните домови ќе бидат уништени и затоа бараат што поскоро овој проблем да се реши во спротивно најавуваат и тужби.

tirekovmirece.com
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Велес немаше проблеми со водата се додека не го направија хидросистемот Бабуна,ама пред тоа немаа ни вода.Инаку Велес ќе се срами од Аце Коцевски се додека не избере нов градоначалник со кого ќе продолжи да се срами,барем според кандидатите кој се понудени.
 
delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
Велес немаше проблеми со водата се додека не го направија хидросистемот Бабуна,ама пред тоа немаа ни вода.Инаку Велес ќе се срами од Аце Коцевски се додека не избере нов градоначалник со кого ќе продолжи да се срами,барем според кандидатите кој се понудени.
Има повеќе кандидати ,само овие двајцава што се позастапени по медиумиве се попарајлии и тоа парајлии со народски пари се,ама нароодецот пак ќе си ги изгласа не за друго има фазла пари народот кај нас па да не ги расфрлаат тек така ,или стар лопов ќе си изгласаат или пак нов ненаситен да го упраат малце со пари и тој инаку нема да е фер!А кандидатите што немаат немаат народски пари ,сами си се финансираат во кампањава и тоа не за самите себе да се финансираат ,туку конечно да направат нешто за градот!
 
Ас потполно те подржавам в`в т`зи објаснение :pos2::pos2::pos2:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom