Зошто Македонија е бедна европска земја?!

  • Креатор на темата Креатор на темата bitushanec
  • Време на започнување Време на започнување
Капитализмот е само еден систем во кој се богатат одреден број на луге. Останатите можат само да имаат добра плата со која би исплакале поголем кредит. Во капитализам се живее на кредит тоа е модерно економско робство. Профитираат само банките никој друг. А костурот си кажа многу убаво па ова не е социјализам бе да протестира кој ке стигне државата да му бара работа. Државата не наога работа, изгледа овде кај нас измешани се малце поимите и општествата. И затоа за невработеноста во оваа земја не ја окривувам ниедна влада бидејки сами сме си криви чекаме некој друг да ни најде работа. Дури и оние на кои владата им дала работа во администрација си го прчат ку..т и ништо не работат.

Кај нас се живее во некој “постсоцијалистички капитализам“ што е и најлоша форма од сите капитализми.Штом капиталистот зависи од тоа во која партија е член,тогаш ништо од бизнисот!Овде државата не наоѓа работа,ама партијата ја наоѓа,и тука настанува главниот проблем.Инаку во вистинскиот капитализам државата е таа која наоѓа работа доколку граѓанинот остане без работа па мора да го “крепи“ на сопствен трошок.А токму оние кој си го прчат таквото и на кој партиите им нашле административна работа да нишаат врати се главниот проблем во овој постсоцијалистички капитализам.Распрашај малку па ќе видиш дека е така во најголем број капиталистички уредени земји.Заводите за вработување се тие кој во интерес на државата ти бараат работа,мислиш дека им е ќеф да ти дадат бесплатен стан,струја,вода и да ти дадат 700 евра потребни за да преживееш,а ти да прчиш курата и да си гледаш ТВ?Не бе братче,ќе ти најдат тие нешто соодветно,за да им плаќаш даноци и придонеси,не се будали ко нашиве ебаго,и тој што сам ќе си најде работа го тераат да ја затвори фирмата,никако да се проширува,ќе му лупнат фирмарини и такси,скапа вода и струја,ќе му скокаат окулу врат секојдневно за да го исцедат како лимон и на крај ќе имаш 40% невработени во државава,без вистински средства за живот,безмалку навредлива социјална помош како и бесплатен стан под некој мост,ако родителот не ти е Македонец па е поемотивен и те прибрал дома.:toe:
 
Стооооооооооооооооооп!
за вакви теми па добро бе да му се плукнам и на мало петгодишно дете му е јасно дека бране крадел и дека ја уништил земјата.
А вие упорно него го вадите ко страшило во јавноста за секој неуспех и било кој гаФ на вмро, ми се повраќа од предизборните кампањи.
Да разјасниме бране ќе иде во пензија и се прашувам што ќе правите кога бране ќе го снема од сцената кој тогаш ќе ви биде крив?
Што е од партијата ви рекоа да ја отворите темава како одговор на фијаското со бруто плата , а бе треба повеќе од тоа .

Доста беше со обвинувања и кажување дека друг ви е крив ,редно е да се фатите сериозно за работа !!!!!!


 
Зошто Македонија е бедна европска земја?!

Со бедни политичари односно лидери што може друго да се очекува...
 
kakov kapitalizam be uste ne ste svesni sto e kapitalizmot e jas ke vi kazam toa e moderna forma na robovladetelstvo eden e vladetel a site ostanati se robovi nekoj ke rece ama jas rabotam zemam plata se hranam ziveam NE ti si edna figura vo koja vladetelot gleda kao na alat za proizvotsvo na $ toj ti dava onolku kolku sto ti mozes da zivees isto kako pred 2000g robovite dobivale hrana i jadenje i obleka sega nie dobivame pari no tie pari morame da gi davame za hrana obleka struja telefon za danok za so ne i koga ke vidis robovladetelsvoto bilo mozda i ponesurovo od kapitalizmov bare znaele deka gladni nema da se
 
Има нешто труло околу нас, па се е бедно:vozbud:....па најдобро еда се иде у друга земја....ке си побараш азил....па може нешто ке се смени....ЈА ТАКА МИСЛАМ:pipi:
 
Има нешто труло околу нас, па се е бедно:vozbud:....па најдобро еда се иде у друга земја....ке си побараш азил....па може нешто ке се смени....ЈА ТАКА МИСЛАМ:pipi:

Пробај со татар-пасош.

Стооооооооооооооооооп!
за вакви теми па добро бе да му се плукнам и на мало петгодишно дете му е јасно дека бране крадел и дека ја уништил земјата.
А вие упорно него го вадите ко страшило во јавноста за секој неуспех и било кој гаФ на вмро, ми се повраќа од предизборните кампањи.
Да разјасниме бране ќе иде во пензија и се прашувам што ќе правите кога бране ќе го снема од сцената кој тогаш ќе ви биде крив?
Што е од партијата ви рекоа да ја отворите темава како одговор на фијаското со бруто плата , а бе треба повеќе од тоа .

Доста беше со обвинувања и кажување дека друг ви е крив ,редно е да се фатите сериозно за работа !!!!
!!


ТАКААААА ЕЕЕЕЕЕЕ.Ама што да работиме?
 
Има нешто труло околу нас, па се е бедно:vozbud:....па најдобро еда се иде у друга земја....ке си побараш азил....па може нешто ке се смени....ЈА ТАКА МИСЛАМ:pipi:

Договорите за реадмисија се потпишани скоро со секоја земја на ЕУ,па не ти давам повеќе од 60 дена престој (итоа во затворен круг) дури и со адвокат,кога потекнуваш од Македонија.Азилот беше едно време,иако не толку масовен,им послужи како изговор на Европјаните па по негова заслуга ни кркнаа и визно ГЕТО.:toe:
 
Знаете, колку и да лош животот во земјава никогаш нема да ја наречам бедна, зошто пред се таа е моја земја и каква и да е си ја сакам!!!
затоа насловов на темава едноставно ми делува апсурдно
и јас се согласувам СТОП ЗА ВАКВИ ТЕМИ
 
Mene totalno nisto ne mi se sviga vo drzavata....ama vo vrska so vladata...zasto svakate pogresno, ne znam??????nema veze....:toe:
 
Знаете, колку и да лош животот во земјава никогаш нема да ја наречам бедна, зошто пред се таа е моја земја и каква и да е си ја сакам!!!
затоа насловов на темава едноставно ми делува апсурдно
и јас се согласувам СТОП ЗА ВАКВИ ТЕМИ
:aplauz::bravo::cuc:

Доста беше со обвинувања и кажување дека друг ви е крив ,редно е да се фатите сериозно за работа !!!!!!

:aplauz::bravo::cuc:

Македонија ниту е бедна, ниту е сиромашна држава!!!
Најпрецизна дијагноза за нас е дека немаме онолку колку што би сакале да имаме!!!
Со додатно објаснување дека немаме бидејки не сме спремни да заработиме онолку колку што сакаме да имаме!!!

Имајте на ум кога се/ги обвинуваат политичарите за економската состојба во нашето општество дека политичарот е огледало на населението и дека секое општество си има таква власт каква што си заслужува.
Не постои општество на планетава кое, доколку било вредно, достоинствено, чесно и доблесно да има мрзлива, нечесна и злобна власт. Истото важи и за мрзлив, алчен и зол народ да има вредни, чесни и доблесни политичари!!! Напишаново, нормално, се однесува врз одреден број на населението не врз сите.

Исто така треба да се има на ум дека политичарот не е виновен, ниту е должен да се грижи за личната економска и друга благосостојба на поединецот во општеството.
Сепак, за да дојде на власт го проценува населението и соодветно ја одигрува својата намера. Најчесто открива од што се плаши населението или пак промовира страв, а се предложува себеси како решавач на стравот.

Затоа пред да ги обвинувате политичарите погледнете каде е вашата лична вина за вашата незадоволителна благосостојба!!!
Напишаново важи и за оние кои плукаат по сегашната власт и оние кои плукаат по опозицијата, односно ВМРО или СДСМ.


Патем, погледнете го и ова. Можеби ќе ви даде дополнителни податоци за донесување валиден заклучок.
www.angelfire.com/ab6/protivpropaganda/polittemi/zostosiromas.html



Pozdrav:helou:
 
Зошто Македонија е бедна европска земја?!

Со бедни политичари односно лидери што може друго да се очекува...

Apsolutno se slagam so tebe i so ovaa izjava samo uste bi dodal i mnogu pasiven narod oesle se sto mu storija tie isti politicari i lideri so nivnite promaseni politiki!!!
 
Стооооооооооооооооооп!
за вакви теми па добро бе да му се плукнам и на мало петгодишно дете му е јасно дека бране крадел и дека ја уништил земјата.
А вие упорно него го вадите ко страшило во јавноста за секој неуспех и било кој гаФ на вмро, ми се повраќа од предизборните кампањи.
Да разјасниме бране ќе иде во пензија и се прашувам што ќе правите кога бране ќе го снема од сцената кој тогаш ќе ви биде крив?
Што е од партијата ви рекоа да ја отворите темава како одговор на фијаското со бруто плата , а бе треба повеќе од тоа .

Доста беше со обвинувања и кажување дека друг ви е крив ,редно е да се фатите сериозно за работа !!!!!!




Сега се забранува да се критикува Бранко? :pos2::pos2::pos2:
Ти ѓоа живееш во 1948 година :icon_eek::icon_eek::icon_eek:

Причината зошто Македонија е за никаде, е токму поради кражбата на државниот капитал и уништувањето на македонската економија.
Бранко ја врати Македонија во 1900 година и ние сега почнуваме од нула. Згора на тоа донесе 250.000 косовари и никој не сака да инвестира во Македонија поради нестабилноста која настана со увозот на косоварите.

Тоа е исто како да си имал куќа и работа, а СДСМ со неговата приватизација те остаил без работа, а куќата ти ја срушил. Сега почнуваш од нула. Цигла по цигла, соба по соба, парче мебел по парче. Ние почнуваме од нула по ерата на СДСМ и нивната криминална приватизација.

Само будали може да очекуваат дека некој преку ноќ може да не` опраи.

Знаете, колку и да лош животот во земјава никогаш нема да ја наречам бедна, зошто пред се таа е моја земја и каква и да е си ја сакам!!!
затоа насловов на темава едноставно ми делува апсурдно
и јас се согласувам СТОП ЗА ВАКВИ ТЕМИ

Можеби требаше да ја наречам СИРОМАШНА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА, за европски услови сме сиромашни, но во светски рамки сепак сме меѓу 100те најбогати на светов :salut:
 
Битушанец,



Причината зошто Македонија е за никаде, е токму поради кражбата на државниот капитал и уништувањето на македонската економија.
Кражбата наречена трансформација на општествениот капитал е последица, не е воопшто причина.
Не би им успеало тоа што им успеа доколку немаше погодни општествени услови за тоа. Најмногу им помогна, меѓу другото, закрепостеноста на нашето население или попрецизно соц. реалистичкиот менталитет на безумен слуга без трошка иницијативност и самоодговорност.

Бранко ја врати Македонија во 1900 година и ние сега почнуваме од нула. Згора на тоа донесе 250.000 косовари и никој не сака да инвестира во Македонија поради нестабилноста која настана со увозот на косоварите.
Бранко е само имиџот врз кој се плука! Тој во тоа време беше само наемник или младо, преамбициозно, вообразено, скопско шмекерче со медиокритетски способности.
Патем, Македонија не е вратена во 1900 година туку само е направено нешто што поседува пазарни елементи, понуда и побарувачка. Преку трансформацијата всушност се постигнаа повеќе ефекти од кој најбитен е оној кој вештачки создаде социјала за да постои потреба од леви партии кои наводно најмногу се интересираат за сиромашните. Другиот ефект е оној кој им овозможил на оние кои владееле со населението да можат да продолжат да владеат, но овој пат не преку соц. идеологија ами преку моќта на парите кои ги приграбија за себе и своите.

Тоа е исто како да си имал куќа и работа, а СДСМ со неговата приватизација те остаил без работа, а куќата ти ја срушил. Сега почнуваш од нула. Цигла по цигла, соба по соба, парче мебел по парче. Ние почнуваме од нула по ерата на СДСМ и нивната криминална приватизација.
Никогаш не сме почнале од нула. Муаебетов ти е излишен!!!
Имавме и имаме многу способни кадри, способен, итар и интелегентен народ, но исто така и групација која тие позитивни карактеристики гледа на секаков начин да не дозволи да испливаат на површина.


Само будали може да очекуваат дека некој преку ноќ може да не` опраи.
Не би ги нарекол будали, но би ги нарекол индоктринирани. Такви постојат сеуште и тоа во голем број се. Оние кои мислат дека треба да биде се` совршено за да биде прифатливо. Такви кои мислат дека некој друг треба да им обезбеди лична среќа и такви кои мислат дека среќата на државата е и нивна лична среќа.
Да не спомнам дека таквите всушност никогаш и не се среќни. За нив што и да се направи позитивно нема да биде доволно.



Можеби требаше да ја наречам СИРОМАШНА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА, за европски услови сме сиромашни, но во светски рамки сепак сме меѓу 100те најбогати на светов :salut:
И ќе останеме сиромашна европска држава се` додека се држиме (не` држат преку пропагандни шеми) до тој соц. реалистички начин на размисла.
Не ќе е лошо да го прочиташ мојот претходен пост и да ја погледнеш една од најбитните последици зошто сме сиромашни.

www.angelfire.com/ab6/protivpropaganda/polittemi/zostosiromas.html

Инаку за причините... Тие се друга, мошне обемна, тема за дискусија.
 
Vo interes na temava ke postiram edno raskas od Ted Kachinski ima tamu dobar odgovor.




Едно време, капетанот и бродските офицери станаа самобендисани со нивната пловидба, исполнети со горделивост и импресионирани од самите себе, тие побудалеа. Го свртеа бродот на север и пловеа се додека не стасаа до ледени брегови и опасни санти, и продолжија да пловат на север во се поопасните води, само за да си овозможат себеси уште побрилијантни потфати во морепловството. И додека бродот посегаше по високите географски ширирни, патниците и екипажот се чувствуваа се повеќе нелагодно. Започнаа меѓусебни расправии и жалопојки за условите во кој живееа.
“ Се скоцкав,“ кажа еден вичен марнар, “ова е најлошото патување на кое сум бил. Палубата е покриена со мраз; кога сум на надгелдување ветерот ми ја кине јакната како со нож; секогаш кога го собирам главното едро клетото скоро ми ги смрзнува прстите; и се што добивам за возврат се бедни пет шилинга месечно!“
“ Најде кој да зборува!“ кажа дамата патник. “ Јас не можам да спијам ноќе од студ. Дамите на бродот не добиваат покривки колку и мажите. Ова не е фер!“.
Морнарот Мексиканец избувна: “ Чингадо! Јас добивам само половина од платата на Англо морнарот. Нам ни треба обилна храна за да се згрееме на оваа клима, и јас не го добивма својот дел; Англите добиваат повеќе. И најлошото е што офицерите наредбите ги даваат на Англиски наместо на Шпански.“
“ Јас имам најповеќе причини за поплаки од останатите,“ проговори Индијанецот морнар. “ Доколку бледоликите не ни ја грабнаа прадедовската земја, јас немаше да бидам на бродов, тука меѓу ледените брегови и артичките ветрови. Ќе си веслав со кануто на мирно и убаво езеро. Заслужувам компензација. Во краен случај, капетанот треба да ме пушти да водам коцкарски игри така да можам да заработам малку пари.“
И подофицерот проговори: “Вчера првиот офицер ме нарече ‘шеќерче‘ само затоа што пушам курови. Јас имам право да пушам курови без да ме именуваат поради тоа!“
“Не се само луѓето тие кои се запоставени на бродот“ - се замеша во муабетот љубителката на животни со глас треперлив од лутина. “ Затоа што минатата недела го видов вториот офицер како го клоцна бродското куче двапати!“.
Еден од патниците беше универзитетски професор. Стискајќи ги рацете тој изјави, “ Сето ова е страшно! Ова е расизам, хомофобија, полова и родова дискриминација, експлоатација на работничката класа! Чиста дискриминација! Мора да има социјална правда: еднакви дневници за Мексиканскиот морнар, повисоки плати за сите морнари, компензација за Индијанците, подеднакво ќебиња за дамите, загарантирано право за пушење курови, и да нема повеќе шутирање на кучињата!“
“Да, да!“ повикаа патниците. “ Јухууу!“ викаше екипажот. “ Ова е дискриминација! Мора да си ги бараме правата!“
Момчето собар се закашла да го прочисти грлото. “ Сите вие имате добри причини за жалба. Но мене ми се чини дека она што навистина треба да го направиме е да се сврти бродот и да се упатиме повторно на југ, бидејќи ако продолжиме на север сигурно ќе се уништиме порано или подоцна, и тогаш вашите дневници, вашите покривки, и правата за пушење курови нема да бидат од никаква полза, затоа што сите ќе се удавиме.“ Но никој не обрна внимание на момчето, затоа што тоа беше само собарче.
Капетанот и неговите офицери, од салата на горната палуба, гледаа и слушаа. Тие се смешкаа и намигнуваа еден кон друг, и на знак од капетанот третиот офицер се симна на долната палуба, се прошета до местото каде се беа собрале патниците и екипажот, и го раскрчи патот меѓу насобраните. Стави сериозен изглед на своето лице и прозборе: “ Ние офицерите мора да признаеме дека некој непростливи работи се случуваат на овој брод. Ние не знаевме колку е лоша ситуацијата се додека не ги слушнавме вашите поплаки. Ние сме луѓе со добра воља и сакаме да ја оправиме работата. Но, добро, капетанот е малку конзервативен и ги средува работите на свој начин, и мора малку да се размрда пред да воведе значителни промени. Моето лично мислење е дека ако протестирате жестоко – но секогаш мирно и без да ги нарушувате бродските правила – тогаш ќе го раздрмате капетанот од неговата инерција и ќе го принудите да се позанимава со вашите проблеми за кои со право се жалите.“
Откако го кажа своето, третиот офицер се упати кон горната палуба. Додека заминуваше, патниците и екипажот извикуваа по него, “ Опортуниста! Реформатор! Либерал! Капетанска кукла!“ Но и покрај сето тоа направија онака како им беше речено. Се собраа под главната палуба, извикуваа навреди кон офицерите, и ги бараа своите права: “ Сакам повисоки дневници и подобри работни услови,“ извикуваше вредниот морнар. “ Еднакво ќебиња за жените,“ врескаше дамата патник. “ Сакам да ги добивам наребите на Шпански,“ викаше морнарот Мексиканец. “ Барам коцкарница,“ довикуваше морнарот Индијанец. “ Не сакам да ме нарекуваат шеќерче,“ врескаше подофицерот. “ Никогаш повеќе клоци за кучињата,“ се приклучи љубителката на животни. “ Револуција сега,“ довикуваше професорот.
Капетанот и бродските офицери се збраа заедно и дебатираа неколку минути, си намигнуваа, климаа со главите и се смешкаа еден со друг некое време. Тогаш капетанот истапи напред кон крмата и, со големо покажување на благонаклоност, обзнани дека платата на вичниот морнар ќе биде зголемена на шест шилинзи месечно; дневницата на морнарот Мексиканец ќе биде две-третини од онаа на Англо морнарот, и дека наредбата за прибирање на едрата ќе се издава на Шпански; дамите патници ќе добијат по едно ќебе повеќе; на морнарот Индијанец ќе му се дозволи да организира коцкање на бродот во Сабота навечер; подофицерот нема да биде нарекуван шеќерче се додека пушењето курови биде стриктно приватна работа; и кучето нема да биде клоцано се додека не направи нешто лошо, како крадење храна од трпезаријата.
Патниците и екипажот ги прославија овие одстапки како голема победа, но следното утро тие повторно се чувствуваа незадовлно.
“ Шест шилинзи месечно е милостина, a прстите сеуште ми мрзнат кога го прибираме главното едро,“ мрмореше вичниот морнар. “ Јас се уште не ги добивам дневниците на Англо морнарите и храната не е доволна за ваква клима,“ се пожали морнарот Мексиканец. “ Ние жените не добиваме доволно ќебиња за да се стоплиме,“ кажа дамата патник. Останатиот екипаж и патниците изразија слични поплаки, и професерот подбуцнуваше.
Кога тие завршија, момчето собар прозборе – овојпат погласно така да останатите не можат лесно да го игнорираат: “ Навистина е ужасно кучето да биде удирано за подкраднување на малку лебче од трпезаријата, и дамата да нема подеднакво ќебиња, и на вичниот морнар да му мрзнат прстите; и јас не гледам зошто подофицерот да не пуши курови ако сака. Но погледнете колку се дебели ледените брегови сега, и како ветерот дува се посилно и посилно! Ние мора да го завртиме бродот кон југ, затоа што ако продолжиме на север ние ќе потонеме и ќе се удавиме.“
“ О, да,“ кажа подофицерот. “ Толку е страшно што уште одиме кон север. Но зошто морам да пушам курови по клозети? Зошто да ме нарекуваат шеќерче? Во што сум јас полош од другите?“
“ Пловењето на север е грозно,“ кажа дамата патник. “ Но зарем не гледате? Токму затоа на жените им требаат ќебиња за да се стоплат. Јас барам подеднакво ќебиња за жените сега!“
“ Тоа е наполно точно,“ кажа професорот, “ дека пловењето на север ни предизвикува на сите големи невољи. Но промената на курсот на југ не би била реалистична. Не може да се врати времето наназад. Ние мора да најдеме серизен начин за да се справиме со ситуацијава.“
“ Видете,“ рече момчето собар, “ ако им дозволиме на четворицата лудаци од горната палуба да продолжат во иста насока, сите ќе се удавиме. Ако го ослободиме овој брод од опасноста, тогаш ќе може да се посветиме на работните услови, ќебиња за жените, и правата за пушење курови. Но најпрво мора да го завртиме бродот кон југ. Ако неколку од нас се собереме заедно, направиме план, и покажеме малку храброст, може да се спасиме себеси. Нема да има потреба од многумина – шест или осум души ќе бидат доволни. Може да го превземеме кормилото, да ги исфрлиме лудаците вон бродот, и да го завртиме бродот кон југ.“
Професорот го подигна носот и рече одсечно, “ Јас не верувам во насилство. Тоа е неморално.“
“ Неетично е кога било да се употреби насилие,“ кажа подофицерот.
“ Јас сум престрашена од насилство,“ кажа дамата патник.
Капетанот и офицерите сето тоа го гледаа и слушаа. На знак од капетанот, третиот офицер се симна на главната палуба. Тој се упати кон патниците и екипажот, кажувајќи им дека сеуште има многу проблеми на бродот. “ Ние направивме одреден прогрес, но многу останува да се сработи. Работните услови за вичниот морнар сеуште се тешки, Мексиканецот не ги добива надниците како Англо морнарите, жените сеуште немаат ќебиња како и мажите, приредувањето на коцката во Сабота вечер е само делумна компензација за загубената земја, не е фер подофицерот да пуши курови по клозети, и кучето повремено уште добива јаки клоци. Мислам дека капетанот пак треба да се размрда. Од голема помош би било ако повторно направите протест – се додека е ненасилен.“
Додека третиот офицер одеше назад кон горната палуба, патниците и екипажот извикуваа навреди кон него, но како и да е, повторно се собраа наспроти горната палуба да протестираат. Насобраните ги подигнаа налутено горе своите тупаници, дури и фрлија неколку расипани јајца кон капетанот ( кој вешто ги избегна).
Откако ги слушнаа поплаките, капетанот и офицерите заседнаа да дебатираат, и во исто време си намигнуваа и си делеа меѓусебно широки насмевки. Тогаш капетанот истапи напред кон палубата и објави дека вичниот морнар ќе добие ракавици за да ги стопли прстите, морнарот Мексиканец ќе добие три-четвртини од платата на Англо морнарот, жените ќе добијат уште по едно ќебе, Индијанецот ќе приредува коцка во Сабота и Недела навечер, подофицерот ќе може да пуши курови јавно по самрак, и никој нема да го шутка кучето без специјална дозвола од капетанот.
Патниците и екипажот беа еуфорични по ваква голема револуционерна победа, но следното утро повторно се чувствуваа незадоволно и мрмореа за истите стари тешкотии.
Момчето собар овој пат стануваше налутено.
“ Вие проклети будалетинки!“ се дереше момчето. “ Зарем не гледате што прават капетанот и офицерите? Тие ве држат окупирани со вашите тривијални жалби за ќебиња и надници и за клоците по кучето така да не мислите што навистина се случува на бродот – тоа е дека одиме се посеверно и дека на крајот сите ќе се удавиме. Ако само неколку од нас дојдеме при разум, заедно се собереме, го превземеме кормилото, ние може да го завртиме бродот и да се спасиме. Но се што правите е цимолење за ништожни мали работи како работните услови или коцката или правата за пушење курци.“
Патниците и екипажот беа навредени.
“ Ништожни!!“ викаше Мексиканецот, “ Дали мислиш дека е разумно јас да добивам три-четвртини од платата на Англо морнарот? Тоа ли е ништожно?“
“ Како можеш мојата жалба да ја наречеш тривијална?“ се развика подофицерот. “ Не знаеш ли колку понижувачки е да те викаат шеќерче?“
“ Удирањето на куче не е мало ништожно прашање!“ врескаше љубителката на животни. “Тоа е сурово и брутално!“
“ Добро тогаш,“ одговори момчето собар. “ Овие прашања не се тривијални, ниту ништожни. Удирањето животни е сурово и брутално и понижувачки е да те нарекуваат шеќерче. Но во споредба со нашиот реален проблем – во споредба со фактот дека бродот плови на север – вашите поплаки се ништожни и тривијални, затоа што ако наскоро не ја смениме насоката, сите ќе се удавиме.“
“ Фашист!“ кажа професорот. “ Контрареволуционер!“ кажа дамата патник. Патниците и екипажот збеснуваа еден по друг, нарекувајќи го момчето фашист и контрареволуционер. Го одтурнаа од себе и почнаа повторно да мрморат за платите, и за ќебиња за жените, и за правото за пушење курови, и за тоа како е третирано кучето. Бродот продолжи да плови на север, по некое време се скрши во судар меѓу две санти мраз и сите се удавија.
 
Прекрасна прикаска (опис за нашата состојба)!!!
:aplauz::bravo::cuc:

Сепак, момче собар, мислиш дека овојпат ќе те послушат или ќе продолжат со своите тривијални проблемчиња?


Гоооооолем поздрав:helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom