- Член од
- 13 септември 2007
- Мислења
- 5.787
- Поени од реакции
- 4.039
Не можеш за се да ги обвиниш родителите.мора да го праша родителот дали смее да смени канал - па дури тогаш да смени. Неодговорни родители = неодговорни деца. Пубертетот и лошото друштво се само изговор на неуспешните родители.
Има деца што се оставени во домови,знаеме сите колку една воспитувачка може да се грижи за група на деца,а сепак од тие домови некои деца ќе бидат мирни,фини и нема да се муваат со кој стигнат,а другите ќе бидат тотална спротивност..
Родителот ќе го воспитува да биде скромно,ама кога ќе лупне пубертет-не мислиш на зборовите на мама и тато,туку по важно е како си облечен у сабота вечер и колкумина(кајгански: колку админи и модератори) си смувал..Кој мисли на скромност кога по забавно е да си кул и фенси во очите на дргите па макар кул и фенси да значи реденка..
Проблемот кај недостигот на внимание,го имаат и децата со премногу внимание,оние што дома се третирани како принцеси,на кои им е принесувано на златен послужавник,научени се и во надворешниот свет да бидат во центарот и да муваат се по ред,а машко ко машко-зашто да не..
Многу лошо за младиве генерации е што наместо да го живеат детството играјќи жмурка,брканица,и сите детски игри што се играле кога јас сум била мала,они гледаат и учат од поголемите,па од мали имаат компјутери,мсн,хајфајвови и сл. страни..
Тинејџерите се муваат-се муваат и петтооделенци..страшно.Ненамерно станавме лош пример за помладите.
Последно,ми раскажуваа случка пред која занемев..Правле муабет со седмооделенка на мсн,и ко демек ќе ја зезаат малце за дечковци да се засрами..Ја прашуваат дали има дечко,вика не,ама требало сега да се фати со некој исто седмооделенец...
Почнале да ја распрашуваат што,како и кажува дека чека со нејзините да идат кај неговите дома па таму ќе се фатат..
:nesvest:
Замислете се вие како родители,одите на гости кај блиски пријатели со децата,ги пуштате во другата соба да не ви сметаат,да се дружат..а они таму се лигават...
Страшно,бегаат од контрола..