Чекај малку...
Чекај....
Не си ти тој истиот што кога беше акцијата за апсење на криминалците што пукаа во Алфите, викаше дека полицијата врши тортура врз
албанците, а не врз криминалците???
Да, како што ќе ти го кажам пак истото. Во еден голф не собира 200 семејства!! Не СМЕЕ полиција да наруши мир на 200 куќи. Ако се верува дека сторителите биле во некаква си роднинска врска со тие 200 семејства, постои следење, па кампување пред куќа недела две дур се појави од некаде, постојат други методи. А не напад во куќа, влези, претреси на се живо и диво, и после извини, не бил типот тука што го бараме. Чоече и фрижидери проверувале, случајно да не се кријат сторителите таму. Тоа го викав, и пак ќе го викам истото. Полицијата врши тортура врз албанското население. Факт кој што е докажан повеќе од еднаш. Полицијата врши тортура и врз македонското население, ама тоа треба ти да дигнеш глас. Дигни глас, ќе ти се придружам.
Нашите полицајци не знаат како да се однесуваат. Факт. Со закон, со устав, и да сум извршил криминал не смее џандар да ми направи ништо друго освен да ми стави лисици, освен ако јас не го нападнам. Тогаш има право на реакција. А не џандар да те фати да те здрви од ќотек. Немаат право. А го прават тоа. Тоа го тврдев, и ќе го тврдам секогаш. Не можеш да го успориш тоа и да ми докажеш дека грешам.
Каде е почитот
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=97320
Кога да видиш,и ти си од оние кои што сега ми ги наброја,бараш почит,а не почитуваш.
Со второто се слагам
Чек чек, немој со тој куршум дека сам ќе се повредиш. Кажи ми ЕДЕН македонски град каде што имаше македонски знамиња?? ЕДЕН. Чат пат знаме, едно тука едно таму, пред општина, и толку.
Кажи ми еден организиран настан за денот на независноста. Еден!!
НЕМА! И ти сериозно си се фатил за Тетово?? Пфф, колку наивно.
Друг момент. Кога македонците го почитувале албанското знаме? Доколку се работи за бугарско знаме, српско знаме, нема проблем нели? Браќа срби јебига. На секое ќоше коа ќе видиш бугарски знамиња, српски знамиња, бугарски гробишта. Тоа убаво се почитува, гледам јас убаво. А знаме што 25% од населението го смета за свето, не го почитуваш и после се чудиш зашто албанците не го почитуваат македонското.
Немој да ми реплицираш како тоа знаме било знаме на Р. Албанија. НЕ Е. Тоа знаме е знаме на албанскиот народ. 28ми Ноември, денот на знамето, албанците не го слават дека тој ден е ден на независност на Албанија. Тој ден албанците во Македонија го слават дека е ден на знамето. Денот кога Скендербег ја ослободил Круја и го завеал албанското знаме. Денот на знамето.
Е сега, кога ти (пример) ќе ми кажеш Mirdita јас ќе ти кажам добар ден, кога ти ќе ми честиташ ден на знаме, јас ќе ти честитам тебе ден на знаме, кога ти ќе се насмееш ако ме видиш со маичка со двоглавниот орел, тогаш...тогаш можеби ќе зборуваме за соживот, и ќе можеш да ми кажеш дека ме почитуваш.
Се додека македонците кон двоглавиот орел гледаат со омраза...тоа не е почит
Се додека јас ќе бидам нападнат и обвинет за нешто што некој во Зајас пукнал со пиштол, тогаш не зборуваме за почит. Така да ...чудно ми е зашто очекуваш почит од моја страна

Ете го пример на форумов ќе ти го земам Гарфилд. Воопшто на типот не му е тешко да ме поздрави на албански. Не дека мора. Не сум побарал од него. Ниту по рамковен е задолжен да ме поздрави. Така му текнало, и ме поздравува. Добар гест. Само-иницијатива. Го почитувам, јебига. Можам и да го опцујам, и да ме опцуе, и да го пукам, и да ме пукне, ама знам дека ме почитува.
Или Трнот. Си идам контра со него господ знае колку. За ВМРО особено, ехеее, очи ќе си вадевме на претходните избори. Никаде не пишува дека мора да се согласуваме на ставови. Ама го почитувам, и знам дека копилето ме почитува.
Па сеа, како сакаш сфати. Твој проблем
Tungjatjeta.