- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.088
- Поени од реакции
- 1.255
Турските авиони оваа недела ги бомбардираа позициите на курдските бунтовници во северен Ирак, јавија турските гласила, повикувајќи се на портпаролот на војската.
Воздушните напади се извршија во средата и четвртокот, врз засолништа на турската сепаратистичка организација - Работничка партија на Курдистан во регионот на Какурк, автономен курдски регион во северен Ирак, најави генералот Метин Гурак.
Турската војска изврши серија напади врз цели на ПКК во северен Ирак по ваквата одлука на Парламентот.
Првото одобрување беше дадено во 2007 година, а обновено во октомври, минатата година.
ПКК, организација што Турција, САД и ЕУ ја сметаат за терористичка организација, во 1984 година започна оружена акција за да добие автономија на југоисточниот дел на Турција, регион населен со мнозинско курдско население.
Во судирите, досега, загинаа 44.000 лица.
Според Анкара, околу 2.000 бунтовници од ППК се кријат во планинскиот дел во северен Ирак каде се движат слободно и се снабдуваат со оружје и муниција за да изведуваат напади врз територијата на Турција.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=104045