Прво незнаеш какви гени имаш, а дека влечат корени од пред 2300 години е смешно! После толку поробувања, силувања, убивања, раселувања, да ми тврдиш дека овие 2-3 милиона луѓе овде (повеќе од пола имаат прадедо србин, грк, бугарин или турчин) се потомци на истите луѓе кои живееле 2300 години е патетично! Само за да не ме етикетираш како предавник, ќе ти кажам дека и бугарите и грците и србите и албанците би ми биле смешно-патетични доколку би тврделе дека се директни потомци на било што што постоело пред 2000 години!
Но еве нека ти биде! Да речеме дека си потомок на Александар! И мора да ни ебеш мајката секојдневно со глупавата пропаганда за Александар и тоа да ти биде најбитно за било каква одлука и стремеж за подобрување на животот и секојдневието во оваа држава која сега ја имаме??? Па ако некој ти рече дека не си потомок, како млад мајмун да се палиш и да викаш дека тој што не мисли како тебе е предавник и треба да се убие и да не му се пружи шанса да даде идеја за твојот живот и животот на твоите деца да биде подобар или евентуално да ја реализира истата?
Море мрш у курац, и ти и твојот Александар, не ми се мешајте во секојдневие и во мојот живот и во се што може да влијае на мојата иднина! Споменици градите со наши пари, а пола од луѓево леб немаат да јадат, улиците ни се катастрофа, паркови немаме, социјалната помош е за тоалетна хартија да ја потрошиш, никој не инвестира во ништо сите се плашат за егзистенција, парите за телефон, за нафта, за струја на странци ги даваме. А ти бележиш предавници, на основа на приказни од пред 2300 години!
Кога ќе ми кажеш како, тоа што јас и ти сме потомци на Александар, ќе ми обезбеди подобра иднина мене и на моето семејство и ќе ми помогне да создадам подобра и поквалитетна иднина за себе и за тие што ми се блиски, тогаш ПРВ ќе застанам со тебе да се борам за твојата идеологија!
А до тогаш место да солиш памет од кај потекнуваш, размисли на кај си тргнал!
Да, еве ти кажувам директно од мајмуните потекнувам, ама пак не сум шупак како тебе!