Сфати дека се изглупира и сега со метафори се вадиш? Ај нека ти биде!
Друга работа, ако тебе некој те окарактеризирал како фашист не значи дека цела нација ја окарактеризирал, ти не си цела нација и недај боже да се како тебе ... сите ќе се иселат во ЕУ и од таму ќе солат памет!
Трета работа, научи да читаш подобро, потоа да размислиш за прочитаното и можеби ќе сфатиш дека дискутираме за Античкиот Македонизам во темава т.е. преопседнатоста со тоа дека Македонците се директни потомци на луѓето кои во античко време живееле на оваа територија кои ги нарекуваме Антички Македонци!
Не се сеќавам дека некој тука рекол или тврдел нешто против нашата држава или против тебе како Македонец! Оваа држава постои и Македонскиот народ живее во неа, заедно со многу други народи! Историјата треба да се негува,а не да се форсира како што многу идиоти овде милуваат да прават! Крај краева ако толку веруваш дека си антички македонец што си ја развеал оваа вештачка творевина од знаме?
И другарче, прочитај малку назад по постовиве и ќе видиш кој кого осудува? Кој се расфрла по форумов со предавници, изроди, смртни казни и нацистички кампови?! А освен тоа што ставаат симболи и имиња на нивните форумџиски имиња, ништо, ама буквално ништо друго не прават! Само лаат, ги буцкаат луѓето, ги делат на предавници и патриоти и постојано креваат галама!
И уште еднаш ќе ти кажам, не велам дека не си антички македонец, но не велам ни дека си! Преморен сум и од вашата и од грчката пропаганда! Да би можел јас да одлучувам, би одлучил НИКОЈ да не е потомок на античките македонци, ниту ти, ниту грците!