SuicideMessiah
Советник
- Член од
- 7 јули 2008
- Мислења
- 5.575
- Поени од реакции
- 295
Љубомир Фрчкоски:
Апсолутно прифаќам ТВ-дуел. Тоа е нужност. Без тоа не можат да се видат ставовите на кандидатите за одредени прашања.
Како што е во САД, и кај нас може ТВ-дуелот да биде на три теми, како на пример за надворешната политика, за внатрешната безбедност и за мултикултурноста на општеството.
Ѓорге Иванов
Не сум против ТВ дуели, но дуелите меѓу Црвенковски и Георгиевски и меѓу Црвенковски и Кедев повеќе личеа на дуели на омаловажување на личностите, отколку спротивставување на идеите и програмите. Едноставно, тоа беа дуели на суети и личности.
Емилијан Станковиќ
Очекуваме на овие претседателски и локални избори, од кои зависи судбината на Македонија, барем претседателските кандидати да одржат дуел, при што ќе ги понудат своите решенија за суштинските прашања за Македонија и нејзините граѓани.
Илија Димовски
За нас неприфатливо е екстремно ниското ниво на политичка комуникација, навреди, лаги, шпекулации, кои СДСМ во континуитет ги применува во политичката дебата. Сè уште е рано да се даваат конечни одговори за ТВ-дуелите.
Нано Ружин
Прифаќам ТВ-дуел.
Роза Топузова Каревска
За демократијата во Македонија е здраво да има ТВ-дуели. Ги повикувам сите политички партии, не само за време на изборите, почесто да одржуваат дебати каде што може да ги спротивстават аргументите и идеите. Лидерските дуели се избегнуваат поради недостиг од аргументи.
Имер Селмани
За мене дуелот е прифатлив. Тоа е можност претседателските кандидати да им помогнат на гласачите да се определат за вистинскиот кандидат.
Љубе Бошкоски
Секој што не прифаќа соочување пред ТВ-екраните е несериозен политичар.