Моето „своевремено„ е неумитна истина..од која многумина (денес) бегаат а ни се овде присутни на Форимов и кобајаги се „неутрални„ сега и како и тогаш и сега си џавкаат по нешто..а знаат за што јас своевремено пишував..ама тие си ги бранеа кретенските одлуки на „најмудрите„ ..а денес сите гледаме кон кое дереџе и не доведоа тие црвени кмери диктатори..за жалење држава и народ..ама после .бење велат нема каење..
Мислам најпрво на „премудриот„..и нахалното-му однесување кон сите останати , дека никој освен негоне ќе ја доведе Македонија во (мислеше во ЕУ) пропаст..и неговиот дете „премиер„ за еднократна ли повеќекратна ли употреба..а кој направи пустош во МК економијата..за час „распродавајќи„ го богатството сенародно таложено со децении..на слични на него ..и многу „мудри„ (читај лакоми) партиски и бог знае какви пајташи..
:salut:
Е ај сега ќе се “вадиме“ на некакви примери од Македонската катастрофална транзиција и приватизација во која немаше само “најмудриот“ учество,туку и некои денешни актуелни политички “глаучи“.Абе за да се најде вистинскиот правец за развој на Македонската индустрија не требаат 3 години,доволни се 3 месеци.
Толку ли е тешко во секоја општина да се најдат по 50 хектари земја со пристапен пат,вода,струја и канализација и да им се дадат на сите оние кој сакаат да изградат некаков индустријски објект бесплатно во трајна сопственост?За тоа не требаат 3 години,да бидеме реални како и премногу пари,доволно е неколкумина да се откажат од традиционалниот “молитвен појадок“ ебаго.
И Германците разочарни од Македонија
Германците се многу разочарани од начинот на кој македонската Влада ја водеше постапката на тендерот за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“. Ова денеска како ударна вест ја објавува дневниот весник „Вест“, повикувајќи се на дипломатски извори. Разочарувањето е затоа што Владата чекаше шест месеци за да го поништи на крај тендерот, со што испрати лош сигнал кон други евентуални инвеститори од Германија, со оглед на тоа што на тендерот учествуваше германскиот гигант „РВЕ“.
Според упатените во тендерската процедура, Владата со поништување на тендерот и со недоволната транспарентност во постапката, во една секунда го изгуби сето тоа што сакаше да го постигне со кампањата „Инвестирајте во Македонија“.
Рангирањето на понудите од тендерот за развлече прво поради парламентарните избори, а потоа се чекаше составување на Влада, која дури кон крајот на ноември се изјасни дека го поништува тендерот, пишува „Вест“.
Весникот потсетува дека лошото искуство на германските компании влече корен од 1997 година, кога владата на Бранко Црвенковски го одби проектот на „Ауди“ за изградба на фабрика на автомобили.
Ами дали Гвујо беше добар пријател со Германциве бе,со Ангела беа “учкур и гаќи“,или само така се фалеше?:smir:
Eве како САД сака да се справи со кризата,за која е се поизвесно дека нема ни нас да не одмине:
Даночни ослободувања за работничките семејства: 247 милијарди;
Инвестиции за создавање работни места:
- во инфраструктурата и во науката: 165 милијарди долари;
- во здравството: 153 милијарди долари;
- во образованието и обуката: 138 милијарди долари;
- за енергетски независна Америка: 82 милијарди долари;
- даночни намалувања за малите бизниси: 21 милијарда
Помош за најпогодените од економската криза: 27 милијарди долари.
Затоа пак ние имаме “само“ 2 милјарди долари наменети за плата на Македонската МЕГА администрација,предвидени во буџетот.Мислите ли дека сеуште иднината ни лежи во “странските инвестиции“ кој единствено ги помага оваа влада,со плати и придонеси за вработените?