concrete
alte Esel
На пример имаш оваква реалност кај домашен инвеститор.
Градиш објект со вредност од 2 милиони евра.
Имаш енергетска согласност и доаѓа моментот кога треба објектот да се приклучи на струја.
Ти викаат, нема можност да се приклучи.
Како нема, а енергетската согласност.
Незнам, нема.
Барајте од Охис.
Влечеш 3км енергетски кабел, градиш трафостаница од 250.000 евра и пред некој ден се јавуваат сакаат да ја земат во владение од ЕВН.
Преку мене мртов.
Пред нова година ти влегува инспектор од УЈП и ти вели при влегувањето, ааааа машала убав објект сте изградиле сигурно пари имате.
Дај ова, на ти.
Дај ова, на ти.
Ааааааа еве грешка, по член 53 на фактурите немата адреса.
Ама платени се фактурите со данокот.
Не може така, повторно треба да го платите.
Ете тоа ти е македонска фирма која вработува 15 луѓе, ги чува и негува како свои и сите пари се тука во државата.
Ние сме непријатели број 1 на државата, зошто со сопствени средства правиме нешто, наместо преку ноќ и неколку тендери да заработиме милиончиња за внуче за пра унуче.
Партиската држава, чесноста и трудољубовоста ги смета за конкуренција и гледа на секој можен начин да ги уништи.
Затоа и наши Македонци од странство не инвестираат тука, затоа се помалку и домашните инвеститори инвестираат.
Проблемот е суштински не е од типот, чири бу чири ба и од утре сме во рајот.
ova e slavjanski koj go znam...ili da se povlecam za uvo...da ne sonuvam nesto
