Вистинското лице на таканаречените “странски инвестиции“

Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
Пред точно половина година, на свеченоста за поставување камен темелник за нова трафостаница во Бунарџик, министерот Веле Самак изјави:
За шест месеци во зоната веќе нема да има место за нови инвеститори. До пред две години Бунарџик потсетуваше на скршени соништа, на ливадата на заборавени ветувања, а сега е големо градилиште.

Вчера Веле Самак ја даде следнава изјава:
Четири странски компании, кои годинава планираа да градат свои фабрики во зоната, целосно ги откажаа своите инвестиции во Македонија. Се работеше за реномирани западноевропски производители. На две од нив Македонија им беше топ 2 дестинација за инвестирање, но поради рецесијата, одлучија да не го прошируваат бизнисот. Другите две компании, од која едната е "Грудхост" од Данска одлучија бизнисот да го шират во други земји. Како поповолни за вложување ги одбрааа Србија и Турција.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192

Па скоро две години како му трубам на неговиот шеф дека треба малку да ја смени “фабриката“ која му ствара само загуби,ако сака да оствари нешто од идеите,ама овај запнал како “пијан за ограда“ тие и никој друг.Македонија во изминативе скоро три години има само 2 половични “странски инвестиции“ за кој деновиве се покажа дека покрај сите реклами излегоа дека се обични промашувања кредитирани од владава,како на пример Џонсон Контрол со платите и давачките за работниците.:toe:
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.346
Поени од реакции
18.226
Четири странски компании, кои годинава планираа да градат свои фабрики во зоната, целосно ги откажаа своите инвестиции во Македонија. Се работеше за реномирани западноевропски производители. На две од нив Македонија им беше топ 2 дестинација за инвестирање, но поради рецесијата, одлучија да не го прошируваат бизнисот. Другите две компании, од која едната е "Грудхост" од Данска одлучија бизнисот да го шират во други земји. Како поповолни за вложување ги одбрааа Србија и Турција.

Допрва ќе ги чувствуваме последиците од невлегувањето во НАТО.

Тешко дека ќе има салам инвестиции, со вакви соседи кои цело време ти дишат во врат за да направат криза. :toe:
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Допрва ќе ги чувствуваме последиците од невлегувањето во НАТО.

Тешко дека ќе има салам инвестиции, со вакви соседи кои цело време ти дишат во врат за да направат криза. :toe:

А кога воопшто постоела можност за влез во НАТО???? И како може некој да очекува странски инвестиции кога нема домашни??..кои или се под перница, или се " малТРЕТИРАНИ " од влада или веќе избегале надвор..???
И финансиските и човечките " инвестиции "
 
Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
И Германците разочарни од Македонија

Германците се многу разочарани од начинот на кој македонската Влада ја водеше постапката на тендерот за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“. Ова денеска како ударна вест ја објавува дневниот весник „Вест“, повикувајќи се на дипломатски извори. Разочарувањето е затоа што Владата чекаше шест месеци за да го поништи на крај тендерот, со што испрати лош сигнал кон други евентуални инвеститори од Германија, со оглед на тоа што на тендерот учествуваше германскиот гигант „РВЕ“.
Според упатените во тендерската процедура, Владата со поништување на тендерот и со недоволната транспарентност во постапката, во една секунда го изгуби сето тоа што сакаше да го постигне со кампањата „Инвестирајте во Македонија“.
Рангирањето на понудите од тендерот за развлече прво поради парламентарните избори, а потоа се чекаше составување на Влада, која дури кон крајот на ноември се изјасни дека го поништува тендерот, пишува „Вест“.
Весникот потсетува дека лошото искуство на германските компании влече корен од 1997 година, кога владата на Бранко Црвенковски го одби проектот на „Ауди“ за изградба на фабрика на автомобили.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
23
во струмица знам дека избркаа странски конзорциум кој требаше да запосли некаде околу 3 до 4 илијади работници...само затоа што Заев ги донел... ветувањето на Миле Јанакиевски дека ке го добијат земјиштето по поволна цена ,падна во вода ...
лугево сеуште не се откажале ??? ама???? не ми се јасни бидејки некој способен одработил и се потрудил да донесе инвеститор ,АМА НЕ Е ОД НИВНИТЕ РЕДОВИ е тогаш нема ИНВЕСТИЦИЈА
МИСЛИТЕ НАРОДОТ ВО СТРУМИЦА НЕ ПАМЕТИ ?? секој оној кој својата работна рака ја става на берзата на труДОТ му е гајле за политика и кој е инвеститор
ВАЖНО МУ Е ШТО ПОДОБРА ПЛАТА ЗЕМА И НИШТО ДРУГО
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Слична е состојбата насекаде,полека пропаѓа и мојата идеја за изградба на Нуклеарка во Мариово,доколку не се изгради соодветна акумулација како Чебрен или Галиште,инвеститорите го бараа тоа како приоритет паралелно со изградбата и нивните потенцијални инвестиции во самата Нуклеарна централа,впрочем идејата беше рокот за изградба да биде гарантиран од инвеститорот доколку му обезбедиме соодветни акумулации кој ќе обезбедат вода под висок притисок за ефикасно ладење на реакторите.Чебрен ги задоволуваше потребите без да се чепне во неговата енергетска ефикасност за производство на хидроелектрична енергија,а Галиште беше само како резервна опција,вака ќе морам да сменам друга држава која би се заинтересирала за мојот проект,или во краен случај да почекам друга влада,која ќе има разбирање и желби за да обезбеди енергетска сигурност на Македонија без да ми “паламуди“ со МАНУ,САНУ или што ти јас знам каква не Академија каде членуваат неколку фамилии со децении.:toe:
 
lav

Член од
17 март 2005
Мислења
1.203
Поени од реакции
13
:toe:
во струмица знам дека избркаа странски конзорциум кој требаше да запосли некаде околу 3 до 4 илијади работници...само затоа што Заев ги донел... ветувањето на Миле Јанакиевски дека ке го добијат земјиштето по поволна цена ,падна во вода ...
лугево сеуште не се откажале ??? ама???? не ми се јасни бидејки некој способен одработил и се потрудил да донесе инвеститор ,АМА НЕ Е ОД НИВНИТЕ РЕДОВИ е тогаш нема ИНВЕСТИЦИЈА
МИСЛИТЕ НАРОДОТ ВО СТРУМИЦА НЕ ПАМЕТИ ?? секој оној кој својата работна рака ја става на берзата на труДОТ му е гајле за политика и кој е инвеститор
ВАЖНО МУ Е ШТО ПОДОБРА ПЛАТА ЗЕМА И НИШТО ДРУГО
Чинам дека.. Локалната Самоуправа и досега има(ла) можност за изведување на локални проекти..во содејство со странски партнери..
Освен ..ако проектот не бил само Локален??..односно го надминувал габаритот на локалната управа..
И тогаш ...сосема е нормално да го превземе надлежен со Закон..а не и локалецот ЗАЈКО КУКУрајковски...
:toe:
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
:toe:

Чинам дека.. Локалната Самоуправа и досега има(ла) можност за изведување на локални проекти..во содејство со странски партнери..
Освен ..ако проектот не бил само Локален??..односно го надминувал габаритот на локалната управа..
И тогаш ...сосема е нормално да го превземе надлежен со Закон..а не и локалецот ЗАЈКО КУКУрајковски...
:toe:
Или накратко кажано,владата ја боли таквото дали ќе се запослат и 5 000 Струмичани или други Македонци кога проектот или идејата не излегла од нивните “кадарници“.:toe:
 
lav

Член од
17 март 2005
Мислења
1.203
Поени од реакции
13
Или накратко кажано,владата ја боли таквото дали ќе се запослат и 5 000 Струмичани или други Македонци кога проектот или идејата не излегла од нивните “кадарници“.:toe:
Никако не тоа..но приоритетите и насоките се други..кога некој проблем го „решаваш„ локално , а сосема други се ако се иде..еве например на регионално решение..
Не за бадијала..своевремено „најмудрите„ властодршци во Македонија ја одбија понудата и во земјата да има двостепена локална самоуправа..со која овие проблеми не би биле такви...какви што се овде преставени..
Само затоа..што мислеа дека ќе владеат вечно...
:toe:
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Никако не тоа..но приоритетите и насоките се други..кога некој проблем го „решаваш„ локално , а сосема други се ако се иде..еве например на регионално решение..
Не за бадијала..своевремено „најмудрите„ властодршци во Македонија ја одбија понудата и во земјата да има двостепена локална самоуправа..со која овие проблеми не би биле такви...какви што се овде преставени..
Само затоа..што мислеа дека ќе владеат вечно...
:toe:
Така е,само додека некои од нас лечат комплекси од тоа твоето “своевремено“ ќе не голтне “матната“,абе Бранко е политички мртов,Киро моли Бога да го земат,ама и Господ гледа па не го зема за да ни служи како “урнек“ каков не треба да ни биде председател оти не сме знаеле да опстоиме без “урнеци“,опозиција практично и да нема,или “слепците“ не ја ни приметуваат иако понекогаш е во право и гласаат како “зомби“ по комисиите и во сообранието.Сегашноста вели дека странски инвестиции во Македонија нема и лаже секој кој сака да не увери дека ќе има,кога нема ни домашни со ваква политика и никакви услови.:toe:
 
Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
во струмица знам дека избркаа странски конзорциум кој требаше да запосли некаде околу 3 до 4 илијади работници...само затоа што Заев ги донел... ветувањето на Миле Јанакиевски дека ке го добијат земјиштето по поволна цена ,падна во вода ...
Знам за тој случај... Инвеститор требаше да биде компанијата „Стефијалко“, а како локација општинските власти го предвидуваа селото Сачево... Договорот предвидуваше изградба на три фабрики со вкупна инвестиција од 150 милиони евра и вработување на преку 3.000 лица... Целата работа веќе година и пол ја кочи владата преку Министерството за урбанизам!
 
lav

Член од
17 март 2005
Мислења
1.203
Поени од реакции
13
Така е,само додека некои од нас лечат комплекси од тоа твоето “своевремено“ ќе не голтне “матната“,абе Бранко е политички мртов,Киро моли Бога да го земат,ама и Господ гледа па не го зема за да ни служи како “урнек“ каков не треба да ни биде председател оти не сме знаеле да опстоиме без “урнеци“,опозиција практично и да нема,или “слепците“ не ја ни приметуваат иако понекогаш е во право и гласаат како “зомби“ по комисиите и во сообранието.Сегашноста вели дека странски инвестиции во Македонија нема и лаже секој кој сака да не увери дека ќе има,кога нема ни домашни со ваква политика и никакви услови.:toe:
Моето „своевремено„ е неумитна истина..од која многумина (денес) бегаат а ни се овде присутни на Форимов и кобајаги се „неутрални„ сега и како и тогаш и сега си џавкаат по нешто..а знаат за што јас своевремено пишував..ама тие си ги бранеа кретенските одлуки на „најмудрите„ ..а денес сите гледаме кон кое дереџе и не доведоа тие црвени кмери диктатори..за жалење држава и народ..ама после .бење велат нема каење..
Мислам најпрво на „премудриот„..и нахалното-му однесување кон сите останати , дека никој освен негоне ќе ја доведе Македонија во (мислеше во ЕУ) пропаст..и неговиот дете „премиер„ за еднократна ли повеќекратна ли употреба..а кој направи пустош во МК економијата..за час „распродавајќи„ го богатството сенародно таложено со децении..на слични на него ..и многу „мудри„ (читај лакоми) партиски и бог знае какви пајташи..

:salut:
 
Е ај сега ќе се “вадиме“ на некакви примери од Македонската катастрофална транзиција и приватизација во која немаше само “најмудриот“ учество,туку и некои денешни актуелни политички “глаучи“.Абе за да се најде вистинскиот правец за развој на Македонската индустрија не требаат 3 години,доволни се 3 месеци.
Толку ли е тешко во секоја општина да се најдат по 50 хектари земја со пристапен пат,вода,струја и канализација и да им се дадат на сите оние кој сакаат да изградат некаков индустријски објект бесплатно во трајна сопственост?За тоа не требаат 3 години,да бидеме реални како и премногу пари,доволно е неколкумина да се откажат од традиционалниот “молитвен појадок“ ебаго.:toe:

И Германците разочарни од Македонија

Германците се многу разочарани од начинот на кој македонската Влада ја водеше постапката на тендерот за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“. Ова денеска како ударна вест ја објавува дневниот весник „Вест“, повикувајќи се на дипломатски извори. Разочарувањето е затоа што Владата чекаше шест месеци за да го поништи на крај тендерот, со што испрати лош сигнал кон други евентуални инвеститори од Германија, со оглед на тоа што на тендерот учествуваше германскиот гигант „РВЕ“.
Според упатените во тендерската процедура, Владата со поништување на тендерот и со недоволната транспарентност во постапката, во една секунда го изгуби сето тоа што сакаше да го постигне со кампањата „Инвестирајте во Македонија“.
Рангирањето на понудите од тендерот за развлече прво поради парламентарните избори, а потоа се чекаше составување на Влада, која дури кон крајот на ноември се изјасни дека го поништува тендерот, пишува „Вест“.
Весникот потсетува дека лошото искуство на германските компании влече корен од 1997 година, кога владата на Бранко Црвенковски го одби проектот на „Ауди“ за изградба на фабрика на автомобили.
Ами дали Гвујо беше добар пријател со Германциве бе,со Ангела беа “учкур и гаќи“,или само така се фалеше?:smir:

Eве како САД сака да се справи со кризата,за која е се поизвесно дека нема ни нас да не одмине:

Даночни ослободувања за работничките семејства: 247 милијарди;
Инвестиции за создавање работни места:
- во инфраструктурата и во науката: 165 милијарди долари;
- во здравството: 153 милијарди долари;
- во образованието и обуката: 138 милијарди долари;
- за енергетски независна Америка: 82 милијарди долари;
- даночни намалувања за малите бизниси: 21 милијарда
Помош за најпогодените од економската криза: 27 милијарди долари.

Затоа пак ние имаме “само“ 2 милјарди долари наменети за плата на Македонската МЕГА администрација,предвидени во буџетот.Мислите ли дека сеуште иднината ни лежи во “странските инвестиции“ кој единствено ги помага оваа влада,со плати и придонеси за вработените?
 
Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
Се кршат копјата околу „Сведмилк“, фармерите извисија

„Сведмилк“ се' уште ги чека новите газди. Преземањето на шведската млекарница од страна на „Феникс енерџи груп“ се проблематизира, поради тоа што еден од акционерите, „МиА Бевериџ“, одбива да го продаде својот дел од акциите, држејќи ги во заложништво другите акционери, но и фармерите. Со тоа во прашање е доведен целиот купопродажбен договор меѓу потенцијалниот нов сопственик на компанијата и нејзините досегашни акционери и постои голема веројатност за откажување на договорот.

Од Централниот регистар потврдуваат дека претставници на новите газди, израелско-американскиот фонд „Феникс енерџи“, се интересирале за потребните документи, но дека се' уште официјално ја немаат регистрирано промената на сопственоста и на раководството.

Меѓу фармерите веќе се вовлекува сомнежот дека „Сведмилк“ ќе остане непродадена и дека тие нема да си ги добијат парите.
„Трпението на фармерите е на крај, бидејќи целава работа смрди“, вели Недим Касани, сточар и член на Федерацијата на фармерите. Фармерите најавуваат дека доколку денеска не се потпише купопродажбениот договор и не им се прецизира кога ќе почне исплатата на нивните пари, повторно ќе протестираат.

Што се однесува до компанијата која сака да биде нов сопственик на млекарницата, можат да се најдат спротивставени податоци на Интернет. Според едни, таа постои 25 години, а според други, една година, има повеќе од 50 или се само петмина вработени, прометот и' е повеќе од 50 милиони или само 950 илјади долари!? Во американскиот Централен регистар е заведена како компанија што постои од март минатата година, а чија регистрација е со важност само до мај годинава.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom