ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 192
Еве како странците инвестираат во Македонија,најверојатно привлечени од кампањата “инвестирајте во Македонија“ земја на светските чуда невидени,додека млекопроизводителите блокираат патишта,а јас како и многумина други потенцијални домашни инвеститори мака мачиме да составиме крај со крај и да спроведеме некоја идеја во практика поради неисплатливост:
Одделни странски компании добиле и се' уште примаат значајни суми државни пари, само со цел тие да се привлечат да инвестираат во земјава. Според документи до кои дојде „Утрински весник“, односно според Договорот за инвестициски вложувања што го склучиле Владата и американската „Џонсон контролс“, која работи во слободната зона „Бунарџик“, таа во периодот од 2007 до 2011 година треба да добие најмалку 4,5 милиони евра државна помош.
На компанијата треба да и' се исплатуваат државни пари по 500.000 евра во текот на 2007, во 2008, во 2009 и во 2010 година или вкупно 2 милиона евра за изградба на објектот. Потоа, покрај овие пари, Владата во 2007 година требало да и' додели на компанијата грант од 500.000 евра за тренинг на вработените, а за истата цел во 2008 година да и' исплати 400.000 евра, и исто толку пари во 2009 година, потоа 100.000 евра во 2010 и дури 600.000 евра во 2011 година, или вкупно за тренинг 2 милиона евра. Значи, вкупно 4 милиони евра за изградба на фабриката и за тренинг на вработените.
Но, тука не завршуваат обврските што си ги презела Владата. Таа се обврзала во рок од две години да исплатува по 50 отсто од бруто-платите на вработените, што само од октомври 2007 до декември 2008 година изнесува околу 315.000 евра. Со оглед на тоа што оваа обврска ја презела Владата за период од две години, тоа значи дека ќе ги плаќа 50 отсто од бруто-платите се' до октомври 2009 година.
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=A8B34F8BDE7CDF468778E10FA5FB122D